Мислам дека кај секое дете е многууу индивидуално. Мојата е 5 ипол месеци има обиди за лазење и секако нема намера за седење. Скроз е непотребно да се оптеретуваме, се додека на ортопед прегледите се добри. А педијатриве се мешаат секаде со препораките. Јас за ова само ортопед слушам.
Излади убаво и кога му е време за спиење покри го со некое омилено што му е ќебенце, цуцла во уста и или легни само до него или остави го....ние така заспиваме, порано сакаше песнички сега не.
Јас заприметив дека проблем е што заспива само со цицање, а и треба подолго за да се успие и таман ќе подзаспие градите се полнат пак и мора да трга активно и се буди а и цело време прецицана е. Од сабајле само бљуцка. А в раце нејќи се бори за да стани, плус тешка е околу 9кг и никако не ми успева поинаку.
Два дена спиењето го смени ден со ноќ, денски спие не отвара очи цица и пак си заспива а навечер седи до 2 сат незнам дали е период ова или што се дешава некоја мајка со искуство? Иначе за некој ден правиме 5 месеци
жени хелп имам аптамил два ние сме за една недела шест месеци дали да купам кец или да дадам од овој тука пишува над шест кила може ние сме 7 и 200 хитно е нејќе да цица сега
Ќе пробам баш со нов тип на цуцла, тие што ги имав купено не ги сака, турка одма со јазикот. Ама будна и давав, вака подзаспана не ми текнало, баш ќе видам
Истото, навечер е само кај мене. Најдобар совет што сум го прочитала беше ,,намали ги очекувањата". Ние очекуваме дека треба да спие, но не и бебето. Кога престанав да очекувам дека треба да спие, полесно ми стана. Секоја вечер се однесувам како да не треба да спие. Физички ми е напорно пак, ама барем психички не се нервирам. Се навикнав дека во 1 или 2 заспива
@fana -Со цицање -Исправена на рамо и со цуцла ја шетам низ соба -Мајка ми ја успива со количка Да ја легнеш, е виша математика. Мора исправена да е , прцул Син ми шо убаво си го нишкав Ова бесно Ама мојава сама си покажува кога и се спие . Ако твоето не сака да спие, незнам
На голема мака сме биле многу од нас тука Фала кралици на секој совет @kristina.k со цице најчесто, најбрзо и најлесно заспива Изгледа да. Тоа е клучот
Не да се нервирам за големиов, плачам кога го гледам стиснат во ќош сам. Премногу ми е жал, иако е поголем, дете е, бара блискост, сака да се гушка, да се гали. Татко му е тврд како орев, емоции и чувста пди натерај го да искаже. Ни на децава. Успеваме навечер откако ќе го заспијам бебево некој саат да имаме само за нас, да се гушкаме. И моево само со цицка заспива. Никој па и нема да проба да ми го успие поинаку. И цица долго. И плачко е. И сака само околу мене да биде, во раце. И мислам дека овие пандемски бебиња се со некој чип со толку живост, темперамент,инает.
Тој не е заспан. Му се спие. Цело време му се спие и не заспива. Кисел е нерасположен. Едино во раце некој да го држи може да истера 2 часа, а јас не можам тоа да го правам.
Сабајле сам си повтори за тест, сам се облече, ранец си намести и ко требаше да го испратиме до врата заспиваше госпоѓицата некогаш и навечер дури стигнам да ја заспијам тој веќе спие и многу ми е криво.
Нас спас ни е рутината и навечер и денски. Играме на земја долго време да се измори, па ја ставам 15тина минути во релаксатор со вибрации и нежна музика за да се смири. И паѓа склопката, давам цуцла, ја земам во раце, нишкам нежно лево десно исклучиво стоејќи во една позиција, знaчи не шетам, не менувам, гледам свртена кон завесата и таа се загледува во една точка. Пеам исклучиво две мои смислени песнички и не ги менувам. Не знам дали е до моево дека е стварно мирно бебе ама приметив дека многу и значат исти репететивни работи. Ко да и кликнува дека се ова е припрема за спиење и за 5-10 минути е заспана.
Сега не знам колку се отечени. Јас искрено не ни приметив на моето, на прв педијатриски ми кажаа дека се надувани и да не ги чепкам, зашто имало некои им ги стискале на бебуши за да се намалат (?!) па се воспалиле.
Дали се дава нешто за грчеви кај новороденчиња? Бебето е 10тина дена, денес цело попладне се стега како да има грчеви. Во главно е на адаптирано млеко што вака навидум го прифаќа. Воопшто не повраќа, си пие без проблем. Редовни столици имаше досега. Дали се дава чај, ким како и на кој начин?
И денските исто како и ноќното заспивање исклучиво во раце со нишање и пеење нани,нани, шшшш и цуцла во уста инаку не знае без цуцла да заспие. А цуцлата не ја сака ја катапултира. Па морам на сила да и ја ставам да ја стегнам. Некогаш и многу нервоза ме фаќа и стварно после тоа ужасно се осеќам како најлоша мајка на свет. Тоа е бебе не разбира. А јас упорна да ја заспијам таа со очите директно во очи ме гледа и дава отпор, и се спие ама додека се предаде и треба време а мене живците во плафон... Некогаш си викам некои за бебе се молат да имаат јас ете го имам тој благослов. А се нервирам што не можам бебето да го заспијам и што сум заморна. Некако злобно и себично делувам...