И јас се чувствувам ужасно кога ме фаќа нервоза и нетрпение некогаш. Но, си велам, човек сум, ненаспана, уморна, осакатена. Се тешам, ќе помине брзо. Ако се навратам на претходните мислења и тогаш ми било тешко, а од друга страна си викам, па не било толку, сега е бетер. И гледам само две три годишни дечиња по парк, со нетрпение кога ќе порасне. Ќе си се исповедаме и тешиме. Темава да не е, ќе се штракнев.
Мајки да ве прашам....од кога ке се стабилизира бебе со спиење? Сега некако немаме ред....кога се буди кога спие секогаш различно..,нркогаш ке дремне 15 минути, некогаш 2 саати...дали само ке се среди или јас да ја учам уште сега? Два месеца сме.
Mom rage is a product of overstimulation. Оваа реченица ја прочитав пред неколку дена и тотално опишува се што ни се случува. И зошто некогаш се лутиме на неколку месечно бебе, зошто ни се плаче, ни се бега, ни се крие во вц, итн. Мозокот ни е престимулиран и ноќе и дење и мора некогаш да изреагираме така. Не е ништо страшно и ништо за срамење, плус хормони, плус други обврски дома, прво дете, маж, ручек, мора човек да пукне некогаш по малку. Се дури е малку ок сме
4ти скок на најјако, а уште недела ипол до громчето јухууу. По цел ден во раце, дневни дремки скоро и да нема. И тие неколку минути што ги дремнува е полусвесен и со немирен сон или само што заспал овој багабонтот ќе викне и од памет го вади
Ееее како ги разочарувате и заплашувате новиве мајки со овие скоковите. Скок е мачкина кашлица во споредба со тантруми кај тодлер
Мислам дека уште кога си прифатила да ја имаш најблагодарната, а во исто време и најтешка улога, мајка, требало да прифатиш и да бидеш спремна на буквално СЕ'. Силна, истрајна, херој... таква му треба на детето.
Тантрумите можат да им се фатат на четврти и петти скок И уште некој имаше, тој пред првиот роденден кој беше по ред?
Мојава имаше исто, ми рекоа до бетадин или црвена вода да ја мачкам. Ама ја поминав со камилица и стерилна газа 2 пати у ден и и помина. Инаку ми рече педијатар дека било од што сме ја бацувале,може вика од брада (мм е со брада) а приметив дека ја исфрла кога ќе и облечам по крут материјал. Носеше џемперче едно од H&M преубаво ми е мене,ама не е за бебешка кожа изгледа..
Тантруми се изливи на неконтролирани емоции кај децата, осеќаат бес, незадоволство и не знаат како да го искажат вербално, па се маваат од земја, фрлаат, урлаат. Ако си видела дете во маркет како се треска од земја за нешто, тоа е тоа. Најчесто не го ни сакаат тоа што го бараат, им го даваш го фрлаат, може и да те удри, да те гризне. Кога ќе помине цела таа фама како ништо да не било. Нешто како ние во пмс Седи на страна, ќути и чекај да помине.
Од збор до збор. Денес ова ми се случуваше и стварно се осеќав гадно.. аспираторот во кујна ме спасува чат пат го нишкам во раце пеам и шушти аспираторот. @fana сите сме така ама периоди ср ќе поминат, секако дека нашите бебенца (и големи дечиња тие што имате) ги имаат најдобрите мајки на свет
Немам совет, емпатија само ние еве 13 месеци сме така те читам исто сме и со цуцла (имаме 10 видови, сите ги фрла), и со гледање во очи, и со чувство на вина. Имаме некои специјални генерации деца, може треба да си ги прифатиме како такви. Најчесто успевам да ја успијам ако ѝ кажам дека сега мора да спиеме, ќе цица и ќе спие, или јас ќе те нишкам а ти ќе си спиеш.. со нежен глас иако ми се вришти, ама разбира од 7-8 месеци и може ќе тажи малку ама брзо се предава