Благодарам за емпатијата Чувството на вина најизразено. Кога ќе ме погледне со тие црни големи очи со големи трепки што ми се слаба точка. Некогаш во нервоза знам и тон да повишам. Ама одма се сецнувам дека бебе е неразбира. А јас после се осеќам навистина бедно. Се срамам од тие постапки. Но во тие моменти мислам заморот си го прави своето и живците попуштаат. Инаку брзо поминува времето на почетокот уште потешко ми беше пошто преку ден знаеше повеќе да спие навечер буквално ич не спиеше па нон стоп ми беше во раце со нишање а никако да заспие единствено полесно беше што помалку тежеше. Па кога ќе помислам на тој период сепак сфаќам дека сите болки и непроспиени ноќи се пролазни не дека не се паметат,но сепак повеќе се паметат убавите моменти. Така и ова ќе помине и брзо ќе ни пораснат бебињата. Како вчера да ја родив а веќе 6 месеци ќе прави.
Мајки бебе неколку пати ми кашла и вечерва два три пати заприметив,темп нема, незнам што да правам? Да го носам на лекар?
Сакам барем еднаш неделно да истерам 8 часа непрекинат сон. Имам услови, мм ќе ја чува, глупото е што претходно кога ја земаше за да одморам не можев да заспијам без неа во соба. Кога ќе врзе повеќе од 4 часа јас сама се будам како програмирана И така губам надеж дека некогаш пак нормално ќе спијам. Од огромен фан и практикувач на спиење по 9 квалитетни сати, станав нешто што не можам да го препознаам.
После година и пол со син ми, со ќерка сега не гледам во блиско време, најверојатно кога ќе дувнеме свеќичка со 2. Ако сум жива до тогаш. И јас сум тип што МОРА да спие девет саати, па макар и еднаш/двапати прекинати, ама еве 13 месечно стана во 1, во 2:30, во 3:45 и во 5 почна да скока низ кревет. вие со едно по дома, ве молам спијте додека бебе спие, мене со захтевен батко само тенџере со кафе може да ме спаси. И лудачка кошула наскоро
Name more iconic duo. Како почнавме со вкусови моево навечер се буди и на 10 минути. Додуше и петти скок па не знам од што е. И да, почна да ми се врти во спиење, па сега и да спие ќе мора да дежурам...
Четврти скок ми беше и заспивањето тешко. После имав некоја недела каде прво будење за цицање беше после 4, така да знам дека ќе смени. А дури смени мама е тука да даде цице за утеха, да го бакне во чело и да си го гушне.
Некој да не ми го виде бебето спанко некаде? Цели 6 месеци од кога е роден никогаш не ми се разбудил во 22ч и да седи буден весел да не презаспива, ова други дете ќе да е Ах 5ти скок ти ми го зема бебето спанко И уште нешто кога престанува лигавењето? По 10-15 лигавчиња на ден користиме, немам ќеф да го дотерам веќе
Имам јас тодлер што 1 минута не седи мирен. Таков беше и ко бебе. Искрено да ти кажам се ќе поднесам ама да не спијам нема шанси. Така да боље тантруми ќе издржам него скок кај бебе
Мамички вода каква давате и колку? Ние денес почнавме со вкусови да дадам и водичка? И дали Јана за бебе директно ја давате или треба да се преврие?
Јас мислев овие шумиши, мумиши, бучала, фенови, аспиратори се глупост, ама тогаш се роди малиов ѕвер и доби на подарок едно еже што шушка, свири и свети, па сега секоја вечер сум му благодарна на ежето. Синоќа со еже успеав да се измолзам и после нормално ме почека да си легнеме двајцата и отспа од 13 до 4 и од 4 до 8. Не го будев навечер, зошто не спиеше многу од 6 до 12. Не знам, сигурна сум дека тој сон навечер е исто важен за напредокот. Исто и преку ден, има периоди кога сака да поспие, тогаш го оставам 2ипол часа, не го будам на 2 часа. Што се однесува до скоковите, пак ќе повторам, со големото немав мака и ништо не читав, ама се роди... Ниту па тантруми сме имале со големото, ама... Ова некој од горе опасно ми се смее за тоа што со првото поминав со песна
Бебе преку ден само во релексатор спие и тоа да се луле. Навечер до 12 писка испушта чудни звуци па на 100 начини пробување за спиење ќе заспе ќе го спуштам во кревет ќе стане за 20мин и се така во круг до дека не заспие најмногу 3 сатта и опет исто. Има ли излез од оваа тортура? Сношти морав да му дадам 120 ад претпоставував дека е гладно па заспа 3ипол сати без да мрдне. И дали вашите бебиња се вртат лево десно во сон и се будат?
Вчера од 9 до 4 сабајле не спиеше Како е можно бебе да не сака да спие толку саати. И тоа цело време да е во раце. И заспа во 4, за да стане во 6, па во 8, па во 10. Излегов со количка, пола саат поспана за пак да стане. И сега само вика. Не сака да спие. Како бе не се раѓаа поголеми. Да збори, да разбира, да спие самостојно и да спие уствари кога треба да се спие.
Шумишот и те како брка работа па и некад на телефон пуштам фен да ечи во уши ми ѕвони мислам А што се однесува до будењето те читнав дека пак помалку ти качило бебчето, јас така му се спиело не му се спиело на 2 ч дур пркне и давав некад не ни се будеше ќе јаде и пак ќе заспие, мене така ме советуваа обавезно будење на 2 ч во ремедика Живковиќ исто и со молзеното на 6 ч 4 пати во ден до 3 м терав и супер беше така, после сама си зема замав и таман си е. Тоа по препорака исто од неа, а не после секој подој дополнително, пошто мојава се успиваше на цицка а немаше жолтица, и полесно за мене беше така наместо на секој подој молзи вака 4 пати молзев. После си влегов во шема и молзев два пати еднаш навечер еднаш насабајле по 200 мл вкупно 400 и и го делев на 6ч 4х на ден пак со чување во фрижидер.
Јас влегов јако уште со првото очигледно... Да родам второ, полошо од ова не може *Марфи трие рачиња моментално и чита
Прашував еднаш дали сите со второ/ трето дете се мазохисти. Сега се фаќам со мисли на која возраст да ми е првото за да почнам за обиди за второ. У петти скок на првото. My, my, how the tables have turned