Според кажувањата на мајка ми, јас сум била премирно бебе. Ќе ми дадела шише, само сум заспивала. Ќе ми наредела играчки, ќе ме остаела, сум си гледала, играла. Никогаш за ништо не сум плачела. Ќе ме оставела некој да ме чува, тој некој ќе заборавел за што дошол. И нормално дека ќе сакаш не едно, туку десет. И јас раѓам тотална спротивност на мене. Не сакам да нема братче или сестриче, од друга страна се ежам од помислата да поминувам низ бебешкава фаза. Тахикардија добивам, почнувам да колабирам на самата идеја. Но, како што гледам, повеќето се вакви плачливи, викачи, неспијачи, јас сум била некоја серија со дефект. Блазе си и на мајка ми. Некој сега да ми рече кога второ, џигерот со гола рака ќе му го извадам.
Јас многу се мислев за второ. Не сакам да звучам себично, но одвај чекам да порасне. Алал да им е на некои што имаат по две, три деца со многу мала разлика. Јас со голема разлика, па сум преморена.
На која разлика ти се? Јас мислам дека некако полесно ќе се навикнат ако се помала разлика. Ако ништо друго нема да се сеќаат на моментот кога дојде другото бебе. А и не сум нешто премлада па да си дозволам голема разлика. Здравје само. @Alexandrite мене мнигу ми олесна кога почнав да размислувам дека бебе е и нора да плаче зашто тоа му е начин на комуникација. Претходно се жалев плаче, бара нон стоп некој да е со него. Па нормално дека ќе бара. Сите нови звуци, светла, мириси... А ние сме му познати. И така сфатив дека моето бебе не е плачливо, туку е само тоа - бебе.
Ај ќе пораснат ете моето е скоро 5 месеци и уште 10месеци и се надевам ќе спијам малко повеќе Шала на страна имам 30+ и сакав да имам 2 дете у брзо време, ама со мојот неспијач тешко. Плус не им дава на мама и тато да му направат братче или сестричка оти сака со мама да спие
Јас сум од оние со прво дете, да посакаш второ. Уште немаше ни година кога јас почнав да размислувам за второ. Прв пат откако е роден сега ми прави проблем. Дирекно не е љубоморен на батко му, ама индирекно е станат . Не дека е страшен, ама кога ќе ти се погоди детето и најмала осцилација те вади од кожа. А второво, рано е да кажам уште во која категорија ќе се смести, ама како и да е трето, само ако штркот го донесе, зошто мене бременоста ме исцрпи, за бебе како и да е како што си викав и за првото ќе си викам фаза е, и се ќе помине.
Луѓе заспа, заспа, заспа еј, без да стојам да го думкам, да вришти, да го молам, да мислат комшии дека го кољам. Солзи ми идат, ќе си пукнам од среќа. Со пуштен усисивач, во транспортер да го љуљам со Бекутан чај за добра ноќ, го накитив со играчки како ѓупска свадба и пуштив на тв crime scene некоја глупа серија. Частам, што ќе се напиете
И јас еднаш додека чистев со правосмукалка она на маж ми во раце му заспала. После на YouTube пуштав правосмукалка ама ретко палеше. Ми ја провали финтата хехе
Сабајлево ми стана бебе со црвено обравче, во текот на денот и другото се вцрвени. 6 месеци без некој ден сме и до сега немал проблеми со кожата. Овие денови и со вкусови почнавме, денес ни беше 3 ден тиквица. Можно е таква реакција да даде храна? Да мачкам со нешто?
Дали некој се соочил со следниов проблем и како сте го решиле бебе 6 месеци, веќе 2 месеци мака мачиме со јадење плачи за јадење па плачи и од цуцлата, па мора еден да го занимава да пеј за да јади. Викаат период ама не поминува. Почнавме и со цврста храна од 4ти месец ама најмногу 4 лажички успеавме во едно јадење, некако не е заинтересиран. Како да има некоја блокада ако нешто му се носи в уста, шише лажичка, прст, одма мавта со раце се стега или најново ја држи храната во отворена уста и не голта.
Јап @Maja900 седи ли сам без потпора? Ако седи, има интерес за храна, следи како оди храната од тањир во уста и посега по храна размисли за BLW методот. Моево второ од 5месеци дрпа храна од мојот тањир. Сѐ сака да јаде сама. Батко не беше ентузијаст за храна и го храневме со лажичка, со него тешко одеше. Ама на седум-осум месеци влеговме во шема, видов дека не сака блендирано па гмечевме со виљушка. Со двајцата почнав со тврда храна на полни шест месеци. Нормално е на почеток затворено муце, плукање, рефлекс за повраќање додека не се навикне.
Транспортерот и мене ми е откритие на годината. Само така заспива и спие сега болен кога е. После за во креветче ќе си лелекаме како да го вратиме. Наздравје, нека потраат подолго овие твои 5 минути
Мене првото ми беше ко по книга-сликовница. Уште ми е...значи злато, пери носи. Се тепаа домашниве кој да ја чува. Од што ми беше пре пре убаво со неа се заборавив второ да направам, па се направи разлика за машала 10 год Ко останав бремена со второ кој да ме видеше со мали деца, знаејќи го првото ми викаше ова мора да ти наплати и за дада, не иде кај тебе две мирни Еве ја скоро 6 месеци, бебе е ќе заплаче, ќе се разбуди ноќеска за цицање, ќе сака да седи до мене на кревет и да си играме и да си збориме а мене да ми се паѓа за спиење, ама тоа е, бебе ми е уште. Знае да ми биде напорно, ама јас освен од мм и ќерка ми помош од друг не барам Па што се 6 месеци, ништо...уште незнаат кај се и што се. Големата до 4 год знаеше да ми стане навечер во сон да ми прошета по дома, да си каже нешто и да си легне. Ден денес кога ќе станам навечер обавезно ја покривам. Така да ова со спиење/неспиење ќе пројде, ќе дојде друго нешто и така си лета време. Јас едвај чекав да почне да ми кажува големата што сака за јадење демек за да не мислам што да и давам за да сватам дека боље беше додека незнаеше да каже зошто освен макарони ден денес не кажува друго, па се караш, се расправаш и пак сама ќе си смислам што да јаде @Alexandrite @Erika.greeneyes вие ,,водите,, со вашите нека се живи и здрави ама ќе пројдат плачките тоа е најмало гајле Вратете се во труднички муабети да си ги видите маките, сега за пола не се ни сеќавате Имајте убава и мирна вечер мамички
Не седи сам стабилно, докторката не собетуваше уште на 4 месеци да почниме со цврста храна поради проблемот со млекото( плаче за јадење, а плаче и од шишето, нема фокус за да затрга мора да се занимава некако).