Што убаво беше отвараш пред НГ во Подршка само фрчат позитивни тестови, па во труднички после во лето кога споделувавме за прво гушкање, и еве тука за достигнувањата на бебуши. Ептен голема позитива друшки мои. Вие што сте природно можете и сега ако сакате да почнете за обиди. Мене баш ме интересира резот како е зараснат. Планирам во пролет да правам преглед. Беше некоја за пап и брисеви?
Јас се стремам да закажам за нареден месец за пап и онака ми рекоа од 6 м порано не, а за резот експертите викат две години ама немора и да значиии
Хахаха од мене доста беше, не за друго стара сум јас да одам на трето Ма да, да бев помлада да знаеш дека после второво полесно е да се решиш на 3
Докторката што ме породи на контрола ми рече дека 9 месеци после пораѓај може да се почне со обиди, рече дека резовите денес ги работат со најдобри материјали и најсовремени техники и немало шанси да се отворат. Единствен ризик за резовите биле јаки контракции долго време.
Синоќа се осетив како со @Alexandrite да сме ги смениле местата. 4ти скок пуштен на најјако, сто пати се разбуди, ја спуштам во креветче за 5 минути почнува да плаче, пак земи ја, нишкај, дај да цица, заспива, после пола саат пак исто и на крај се откажав и спиеше со нас на спална. Што е уште полошо и тука се будеше и кенкаше, не знам колку пати се разбуди, уствари не се буди само плаче со затворени очи, да цица неќе, тегне, влече, мава и за 10мин пак заспива. Хорор. Во последно време кога и давам да цица за успивање тегне, влече мислам ми ја скина цицкава, отиде, па ја префрлувам на другата ај си викам да не ја исцицала , цица 5 мин и пак истото. Ви се случува ли ова? Почнав да пијам по 2 чаши огромни вода пред спиење а и се хидрирам и преку цел ден и пак исто, дали па скоков си игра мајтап... Друго, дали ги шетате вашите 3/4 мес бебиња надвор? Ке се мрднам веќе ама страв ми е беше настината пред некое време па да не ја повтори пак... И така со кафево да се исповедам и да почне денот зошто кај и да е ке стане Убав ден мајки
Ќе се повтори само ако пак стапиме во акција октомври/ноември. Тогаш мене ноември ми беше крив за тортурата у лето од жештините хаха
Апликацијата вика денес последен ден од 4 скок и што правиме сега го чекаме 5 Последици од 4 скок се: неспиење, цикање, кенкање, нејадење, и гледање песни на тв Ај добар ден.
Што е со вториве Исто , да се потпишам и јас @TeddyGrey со помин Очекував и јас да биде болна од бато…. Се помирив Еве ги со затнати носеви , нема ни 10 дена откако пиеја АБ и двајцата
Мене на моменти очај ме фаќа... не може мало бебе онолку мрсули да вади. Ни инхалации, ни атб, ништо не делува. Од 13ти Јануари е со мрсули.. Буквално еден од нас само мрсули вади.
Еве да ви се придружам. Од пред Н.Г кога ги фати тој вирусот/ грипот што ли беше, бебе не можеме да го опоравиме. Кашлаше и има премногу шлајм, јас дури и се чудам. Значи, повраќа шлајм ептен, вадам со пумпица, нос тече како чешма. Фати и коњуктивит. Пред тоа еден ден тт, гледам 4 заби горе. Кецовите и двојките,уште се вп фаза на излегување, не се допукнати непцата. Вчера пак не ми беше нешто весел, кашлаше многу. До вечерта, гледам топол. Пак тт Утре решив, ќе го носам кај матичната да го слушне. Многу се плашам да не спушти на гради. Кога кашла ми подгрчува. А баш се чудам, кога спие диши нормално, нема крчење, нема кашлање нема шлајм. Воопшто не сме добри сите периодов дома кој психички кој физички. Ама најмалово најмногу го крка. Капак беше мајка ми се развика дека ние како родители сме биле виновни, морало да го носам на лекар. Сега не знаете колкава вина чувствувам.
И јас сум била мирно бебе, баткото и мене ме надмина во мирноќа, бубачка, е ова... Да се надоврзам на муабетот од пред тоа, прееска едвај го заспав, мајка ми мораше да пушти правосмукалка, коа се успа... Вечер ќе ја пуштам правосмукалката, јбг... У спална до кревет правосмукалката ќе ја стаам, Шушкалко изгледа е многу тивко. Исто! Од збор до збор! Вака апла љубомора не покажува, ама некни од стрес поврати 2 пати, ми вика Ќе мора да најдеме некоја жена и на нас да ни помага, баба тебе ти помага, на нас никој не ни помага Не е љубоморен, многу го сака, ама осеќа дека ме дели веќе и тешко му е. Некни се дере малово, доаѓа и му вика Оти бе бато викаш, мама види ја колку уморна, па греота е, не си само ти, и мене ми треба мама. Ме уби, ама што да правам... Ако ни е точно кантарчево за 2 дена 100че качил, ќе видиме утре најубаво. Со ова темпо тешко е ептен, ама верувам ќе пркне полесно ќе биде.
Пред Нова година, цел месец беше така. Втора пумпа за нос купувам а со син ми со една терав замисли Имаше стрептокока во носе, матичната не сакаше да даде АБ , прскавме спрејови , сега беше чиста пред 2 недели . Ама, еве ги опет 3 дена беше само синко во градинка Диво оригано прскаш? @AngelOfArh епизодата со повраќање ја имаше и син ми. Мислев стомачен и одма се изолиравме со бебе, среќа матичната ме свести дека е резултат на бебе, давав тој период б комплекс…..
@LaDyDoLl така ко ќе грчат може да е од шлајм измеѓу нос и грло. Се слуша ко ќе ставиш рака и на грб и гради, ама ко ќе го искашлаат го нема. Пред една недела така во 7 прва се нацртав кај матичната мислев готово спуштено има, ама ја наслуша и ништо немаше. Кај нас големиот од сабајле кива и затнат е, само се погледнавме со мм со фаца- не е можно ова па со стрептокока во носе, уште шлајм има прскање спреј ми е најголем стрес во денот.
Ама до скоро он поткашлуваше по малку, ама имаше шлајм. Знаеше баш убаво да исповрати, и после беше супер. Инхалирам и тапкам и се правам, дури и мислам дека вчера од инхалациите ми се раскашла повеќе @kristina.k баш како што објасни ти прави. Кога ќе искашла нема проблем. Тој си јаде се супер, си цица, весел е, активен. Ама не сум мирна воопшто, утре и јас ќе одам.
Колку пазите низ дома да нема гласни звуци и такви работи? Утрово од нашите соседи добив порака дали може денес да чистат, да не му смета тоа на бебе. Фини ни се соседите , а бебе е 12 дена. Не планираме да го учиме скроз во тивко, а и онака бременоста ја поминав во поприлично гласни услови. Вака барем на прв поглед изгледа како такви звуци посебно правосмукалка не сметаат, за друго ќе видиме.
Диво оригано од кога почнавте да прскате? Скоро 4 мес е ама некако да не е мала? Као и помина и на неа ама уште има мрсули кога влечам, веќе 2 недели.
Јас на почетокот воопшто не пазев. И правосмукалка и блендер и музика, се пред него пуштав. Исто ние не шепотевме и кога спиеше. Ама сегаа… како за инат обратно да сме правеле. Кога ќе заспие од чекори со домашни влечки се буди. Со мм сме најтивки на свет. Така да нема правило, како и да сакаш да го учиш, он на крај те надучи по негово
О даааа... Јас со првото никаква мака немав правосмукалки, блендери зборување, запалена сијалица. Сега ... Абе не ми се отвара уста толку мачно е никако не заспива дури не се изнаплачи како да го колам и кога конечно ќе заспие или ќе спие во раце кај некој и тогаш можеш да правиш се што сакаш во смисла да зборуваш, да сработиш нешто, или па ако го оставиш во кревет ќе мора тотална тишина да е мува да помини да се слушни и подзатемнето.