Мами, дали е нормално секој ден скоро да и се прави мрсулче во носето, не се течни, но ставам капки и излегуваат суви мрсулчиња ако не ги извадам и сметаат. Ги вадам со аспираторот носе фрида. 2 месеци е бебушка.
Здраво мајки. Малото имаше теменица кај веѓите, падна за 3-4 дена, но на местото сега е црвенко и се лупи кожичката. Не е страшно, но повеќе од две недели е вака, не поминува. Досега мачкав хидратантна крема на Веледа. Што би ми предложиле да ставам друго?
Здраво мајки, имаме 3 месеци и мноогу изразена папочна кила. Секој педијатар со различно мислење, дали некоја имала искуство да сподели. Однапред ви благодарам.
Како се играте со вашите бебиња после три месеци? Јас му имам земено неколку играчки и му ги држам пред очите, покушава нешто со рачињата ги турка за да му штракаат, ама уште не може само да ги фати, само јас ко ќе му ги отворам рацете тогаш ги држи. Шеткање по соба лево десно, тоа му е омилено ама и доста тежок е сега, ама сака само да се шетка во раце. Кога лежи играме, му зборам и се, ама само кратко, пошто му досадува и сака пак во раце да го шеткам. Почнав и тв да гасам, пошто многу сака да гледа во телевизорот, можеби светлата му се интересни не знам што е ама тоа мислам не е во ред, толку брзи слики за неговото мало мозоче. Имате некој предлог како да го намалиме ова шеткањево по соби барем на еден сат во денот, за нешто друго да се заинтересира?
Топло и време. За син ми купував капки, ништо не помагаше освен топло на меше, масажа и white noise. За второво ме фрпав пари за средства, а и некако очекував дека ќе има плачки, а знаев дека брзо ќе поминат. Се развиваат многу биолошки и психолошки системи, нормално е да си поплачат на крајот од денот
И уште едно прашање до поискусните. Засега бебе го капиме со шампон/купка на Chicco. И одговара супер, нема проблем со кожата колку што можам да видам по неколку денови користење. Дали дополнително да мачкаме и лосиони и слично или воопшто нема потреба за бебешка кожа? Ставам само крема за пеленска регија по потреба и толку.
Тоа е твој избор и сите правиме различно. Јас мачкам лосион на веледа од како е родена, после секое бањање.
Истово и ние го правиме... Можеш бејби џим да земеш, може ке се заигрува и со тоа, исто имаме и сет за новороденче од taf toys, со картички, перниче за стомак и тропки, и ги редам и тие и ги гледа. Има една омилена кукла, руска бабушка и не може да падне само се нишка, обожава да ја гледа и мечето од инхалаторот може по пола саат да ги гледа и да сака да ги фати со рачињата. Другото е носење во раце до фрижидер кај што има бројки лепенки и тие сака да ги фати... Лежиме, пееме, зборуваме, се смее, гуга и тоа, немам ни јас др идеи...
Јас кога ќе се изморам го ставам во скут (како на сликата во спојлер, само јас сум легната на висока перница). И го играм, му зборам, му тропкам со играчка. Ова го прифаќа повеќе, да лежи така на кревет нема шанси. Подлога за играње, да му висат играчки пробај. Може нема од прва да седи еден саат ама секој ден ќе пробуваш по некоја минута повеќе. И релаксатор дали имаш пробано не знам. Спојлер
Бебче е два месеци и утре сме на втора доза Хепатит Б. Што да очекувам? Ви качуваа ли температура многу? Скиснати ли ви беа? Некако ми е страв ако почне да качува температура и од самото боцкање, мислам дека и јас ќе плачам со неа