За следен пат да знаеш броевите на кашичките означуваат од кој месец може да се дава таа текстура, не од кога се воведуваат намирниците. Пример, има една кашичка шпагети со болоњезе 8+, цела е парченца.
Здраво мајки првпат пишувам во оваа тема па сакав да ве прашам за искуство бебчето на 4 ке направи 3 месеци кога до држам си ја држи главата исправено цврсто но кога го ставам на меше несака ич да леже дури ни главата не сака да ја крева одма плаче ваше искуство дали е нормално и играчки не сака да држи читав дека тоа треба веќе да го прави но тоа не сака
Kolku pati na den smee da se dava esppumisan? Pisyva 25 kaki, no moze li na sekoj podoj/ Ad ili ne? Kako treba
Фала ти премногу. Не беше нешто со парченца, баш убава хомогена смеса. Туку месо од кога може да давам? Бебето ми е крупно и као малку му било само доење па затоа прво ручек да воведам треба. Досега иаме воведено морков, тиква, компир, брокула (со ориз е, чист неам дадено) и тиквица. Јаде по пола мала кашичка, може малку помалку.
Се спремаме за вкусови. Купив морковчиња, брокула, компирчиња, тиквици. Наскоро почнуваме. Денес на бебе му дадов цело морковче да лизне. Почна да го шмука. Возбудена сум Драгане, многу сум возбудена Почнав и да не го земам во раце, само го местам од едно на друго место. Со транспортерот се возиме низ цел стан. Толицко прцле ќе ме заебава. Доста беше. Му најдов и финта како да спие само во кревет, го приклештив од сите страни да не мрда, со перници и ќебиња. За навечер уште финта да му најдам, малку небезбедно е, ако спијам, а не знам што прави, да не се заглави. Ама ќе биде и тоа, битно тргаме од мртва точка. Уште и со прдешките да се решиме, ми го изреметија бебето. Вчера таман со фенот за 2 минути очи ќе склопи, ете ги гасовите. И така се заебавав 3 саати, стани, пушти фен, заспи, во круг. Што баксуз го снајде толку долго да му траат грчевите. И така. Си ги раскажав маките.
@Alexandrite ќе морам да те разочарам, сега со вкусовите пак може да има стомачни тегоби... Јас воведов јаболко, морков, тиквичка, цвекло и денес брокула. Од цвеклото многу имаше мака, само еден ден и дадов и веќе не, потака ќе и дадам пак. Од морковчето имаше исто така мака. Навечер многу често ми се будеше и заспиваше со масажа на меше некако, дури не ја тргнам раката... Нареден ден се искака многу, до ракавот и беше качено Е тиквичката најдобро ја прифати, и најслатко си ја јадеше, и воопшто немаше мака со мешето. Вечер ќе видиме брокулата дали ќе и први тегоби.
Па засношти така малку повеќе од стандардното, инаку не нешто многу. Може накриво викнала и и се фатил гласот
Телешко воведов од 7ми мислам, пилешко малку покасно, риба околу 10ти ми се чини, сум заборавила. Не знам колкава е ама рано си дала цвекло, па и брокула и карфиол можеш последни да ги дадеш од овие првичните. Инаку, кога ќе почнеш со алергени давај ги од сабајле.
Кас како џокер у покер ама мене ми напоменаа баш за пробиотикот минимум 2 саати размак ко за антибиотик @Alexandrite сега те читам за фенот бе Симни таму апликација на тел Baby sleep имаш и тајмер и фен, машина за перење и бранови и све да не ве фати монотонија де
Фала на одговорот. Инаку 5 ипол месеци. Наредно планирам компир да дадам од вкусови. Што можам друго од зеленчук да дадам вака на почеток?
Мило ми е што те прочитав дека станува полесно. Баш денес те помислив што ако го имав јас твојто бебе а болна немам сила да го земам, си седеше цел ден во релаксатор додека да дојде мм од работа
Од фејсбук ја си ја симнав. Изгледа ти си ја пратила и таму во некој пост. Не се секирај, појма си немам од кого ја симнав. Не е ни битно. И јас планирав по ова да се водам