Исто и ние со морковче почнавме имаше мака, давав два дена, па од денес јаболче. Од јаболчето нема мака се искака два пати и нема гасови. Планирам сега утре пак јаболче па од среда брокулче Туку по колку лажички му давате?
Хахахаха не сум ја постирала никаде ама и да е така шо има врска Да да супер си е листата и бебе готвач си земав и почнавме ние утре веќе трет ден јаболче
Вежбање на меше се почнува уште првиот месец, за да се навикне. Побарај на нет tummy time и ќе ти излезат идеи.
Мајки хелп!! Забележувам овие два дена бебето како да се затресува. Значи знам дека кога мочка така некој пат е нормално да прави ама денеска 4-5 пати така направи. Дали и вашите бебенца прават така? Да напоменам дека доле непцата му се ептен набабрени и побелени очекувам запче кај и да е па не знам дали тоа има врска? Секако е понервозен овие денови 5+ е.
На 3 недели ми се разболе фати бронхеолит бевме на кликина 10 дена и цело време веше на висока перница и дома продолжи така до пред 1 месец така ми спиеше ми кажаа никако да не го ставам на рамно или на меше и сега кога почнав несака ке побарам на нет мора да почне да лежи и така
Абе не треба да лежи така, почни со пола минута, па цела, па 2, па 3, па 5 и ќе стигнете до 15мин на ден на пример. Мислам дека некаде сум прочитала до 6м треба да поминува по 45мин на ден на 3 пати по 15, за да вежба. Да ти кажам право со првото ништо ова не сум правела, па по книга се си направи, и лазење и одење и се, ова па теленце сака на меше, еве прееска го стаив скоро 2мин издржа, и поише ќе издржете бато да не го замараше. И на мене да го држам на меше сака.
Колку се плаќа редовна контрола кај педијатар во Систина? Значи стално различно ми зимаат. Денес 3.500 и демек со попуст дека е родена таму, абе ај. Го претераа а прегледот беше 7 минути.
Со рацете треба да почне да држи играчи некаде после 4м. Има време, уште нема ни 3м. За лежењето на меше ако не сака така тогаш држи го во раце почесто исто како да лежи на меше свртено и така ќе вежба да го исправа главчето. И поголемата ќерка исто така не сакаше да лежи на меше, нека не те загрижува тоа. Штом во раце кога е успева да го исправа главчето тогаш е се ок
Матичниот да почекаме и напролет хируршки да се реши, а во Систина дека само ќе се повлече. Сега ќе барам упат за детска хирургија да ме насочат што и како.
Да дека мускулатирата на стомачето ќе се припои и ќе се повлече навнатре.Ама секако ќе одам на детска хирургија за конечно мислење.
Не сум нешто многу кадарна, ама јас вака правам: првиот ден по 2-3 лажички давам, ако се е во ред вториот ден давам колку сака.
Мајки помош.. сфатив зошто бебето ми спие само врз мене или мм или пак во слинг, а само штом го спуштиме во креветче се буди.. сакало да спие на меше, го ставив така за дремка (секако под надзор) и си спие.. изгледа на грб не му е удобно, пробав и со повивање за да не се штреца со рачињата ама не помага.. главчето си го крева сам ама уште е мал да се врти.. има некоја со вакво искуство?