Докај 2 месеци мојот преку ден спиеше само вака. Кога си ти во близина или со уклучена камера ставај го, ама навечер немој, не е безбедно. И гледај да е на тврда подлога, некој тврд душек каде што не се пропаѓа во него
Мами до која возраст при перење 2 пати ги плакнете алиштата? Сум заборавила како беше И ја има ли некој чашкава со клунче на твистшејк...јас незнам да и давам на малава да пие од неа или едноставно не ја бива? Тоа обрачот што е баш и смета гледам
Главата си ја држи исправено уште од раѓање и кога го ставам така на рака наведнато си ја крева и кога го држи некој друг а јас го викам од некаде ме бара ја крева да види каде сум ама вака не сака ке почнам со вежбање така по пола минита па ке покачувам
Моите и двете имаа папочна кила, второто поизразена, малку помала од вашата. Од матичната совет беше дека само од себе ќе си помине, дека џабе ќе користиме појас или паричка. Ама не поминуваше, па почнавме да ставаме паричка и со газа и фластер залепена и помина за 3 недели. Консултирај се и со хирург и прашај дали може на овој начин да пробате.
Моето за некој ден исто прави 3 месеци. Пред некој ден буквално преку ноќ почна да сака да лежи на стомаче (неколку минутки). Пред тоа исто, а го ставев на стомаче на кревет или на подлога одма почнуваше да плаче да се нервира. Ставај го секој ден по неколку пати, па макар и 30 секунди да е. Моево стигна до 5 минути да седи без да мрчи. Обожава да се гледа во огледало, па му земав и го ставам пред него, му го шетам лево-десно и се врти по него. Можеш и со музичка играчка да пробаш или нешто што ќе му светка. А за држење играчки во раце рано е. Моево само крева рачиња кон играчките што му висат на подлогата, ги турка и се смее кога му мрдаат, но не ги фаќа.
Превенар или пневмококна вакцина (или како и да и е името). Ја имате примено и дали имавте некаква реакција?
А зошто одите во Систина на прегледи за новороденче? Немате матичен? Да е болно и да треба третман разбирам, мада тоа е домен исто на матичен, ама за мерење и рефлекси... Што знам, некако ми е непотребно трошење пари. За мене лично, не за вам, вие ако сакате и секоја недела идете. Неколку пати сум рекла и ќе повторам, добар матичен е злато вреден. Нашиот е за мене најдобриот на свет, не постои подобар.
Zdravo Pred okolu 4 5 dena bebeto pocna da traze na sekoj saat da cica,a i gradite vekje ne se mi tvrdi kako sto bea od pocetokot.Dali toa znaci deka ne se najaduva i deka treba da mu zimam plus uste nekoj mleko kako dodatok
Да ја примаше месецов заедно со петовалентната и рота и ништо освен поспаност првиот ден и еднаш измерив 37,4 и тоа беше
@Bebce ❤️❤️❤️ ич да не се секираш, мене животна желба ми беше да засака на меше, 4 месеци секој ден го ставав и отпор пружаше ни минута нејќеше џабе јас пробував се можно да го анимиран. Ортопедот партали ме направи зошто пола саат не сум го оставала во денот ако плачел ништо не било тоа. Цврсто си држеше главче исто како што кажуваш ти. Ама затоа преку ноќ кога бебе беше спремно си лежеше на меше, си се сврти и сите развојни фази си ги помина. Ете го сеа оди фати го.