Не му студи на рачињата ако му се језиво ладнички мила, тир сеуште немаат развиено терморегулација и затоа не се репер рачињата, битно виталните органи му се покриени со вреќичката а за тт не се секирај подобро спијат бебуши ви поладна просторија
Ај бе таа помалку да се глупира аман, нејзините од 6 да не ги ставала на нокшир? Но проаѓаат 30-40 години и забораваат што и како правеле. Ја мојата ја прашувам како ги заспивала вака кога се вознемирени во скок ми вика: епа шишето ќе им го дадев и ќе си го земе и чао-чао ќе си отидат да легнат во креветче! Викам: алооо жено кое креветче не те прашувам кога ќе оди и зворува? Сега на 4-5-6 месеци! 8а така бе вика! Ај си викам не си ти крива ја сум за тепање, кој ѓавол ме тераше да те прашам, ова твоиве ептен напредни биле на 4м оделе со шишето во раце и чао во креветче. Абе да ти пукне пична жила!
Да може и со уста, јас влечев. Го купив од Ани фарм од Капитол, тоа е, едно, а имаш опција и така и така да го користиш. @Lavica2602
Кажи и јас уште од сега почнав, не знаеш? До 6 планирам да кажува а и само пелена да си смени и да каже што сака да јаде. Бог да чува!
Метална паричка, или копче ќе го дезинфицираш убаво и ќе го замоташ во чиста газа. Папочето ќе го притиснеш навнатре да си се врати на место и одозгора ќе ја ставиш паричката и ќе залепиш со фластер. Сепак прво би се консултирал со доктор, зошто кај вас е баш изразена килата. Ќе ти пратам во порака слики да видиш како беше кај нас.
Не бе не, не се нормални стариве. Се надевам нема и ние такви да се направиме. Терај си по свое, нема да малтретираш 6 месечно бебе кое не е свесно за своите физиолошки потреби затоа што свеки така сакала. Мене уште од раѓање секој ден ме тера да сум го учела дека рацете му биле раце, прстите дека биле прсти итн..
Мака е ама се изнасмеав. Вика им го давам шишето, чао чао и си легнуваат во креветче Децата пред 30-40 години значи колку биле напредни машала. Ги уназадуваме ние нашиве. На година сами да не си земале храна од фрижидер шо им се јадело?
На 6 месеци? Боже пази, ај коа знае да тренира бебе од 6 месеци ќе и платам да го научи мојов да не пика раце до крајници
Џабе и гугл кога ни каснат децата со сите навики Боже господе колку ви се забавни свекрвите. Мојата ми викаше мм на година ипол рекол ‘мама не сакам веќе пелена’, па ме вадеше од такт, а ова на 6 месеци дал да плачеш, дал да се смееш
Ова најјако. Реков ја се некои напредни деца имале а свекрвиве саде мозоци мислиш на Ајнштајн родени сестри се сите!
Не знам што ме нервираше повеќе, тоа што мм зборел на година ипол или што фрлил пелени Ме тераа и на дефектолог да го носам. Свикаа состанок кај нив да ни кажат дека многу се загрижени, сите деца на година збореле. Дали е од рибата што му ја дадов пред годинка или дека не е крстен