Бебе не јаде, ни спие. Му прават испитувања на клиника. Им кажуваме на неговите како сме поминале, ја цела се давам во солзи од мака, и: Свекор ми: "Дај му ракиичка да видиш како ќе спие". Свекрва ми: "Сигурно има клинци во нозете. Ставете му шајка кога ќе го бањате."
Отворив интересна тема Легенди се стариве. Де од една, де од друга страна, само бисери кажуваат. Црви во уши, да сум одела на бајачка, некои лоши очи го виделе, сум можела дури и ја да го урочам, го наоѓам мокро во главата, тоа со света вода го шлапале пошо демони имало. Ти им кажуваш скок, тоа глупости биле немало такво нешто во нивно време. Не сум го однела детето на молитва затоа е вакво, сега веќе касно било, ќе биде тешко мене. И џабе се расправаш. Само ти уште поглупа испаѓаш. Него јас и друго дојдов да кажам. Надеж за новите мајки. Кога ви е најтешко, да знаете има и полесни денови. После 4 ипол месеци конечно бебе дозна дека има и други интересни работи, а тоа не се моите раце. Почна и преку ден да спие само. Насекаде со транспортерот го носам. Во кујна, во дневна, па и во вц. Си игра на под. И денес официјално се заврти без никаква помош. За една недела се смени скроз. А и јас се помирив дека до касно нема да спие, му пуштам ,,жена од султана", и го масирам со уље. И така, кога ви е најтешко само повторувајте си го ова.
Ме изнасмеавте. Мислам свекрвите се натпреваруваат една со друга која поголема глупост ќе тресне. Сигурно има нешто позадина ова, оти да е нормално не е. Јас мојата ја заќутев со нула плус на телма. Додека беше тука и пуштав одредени емисии демек јас да гледам, а мене сите изнагледани уште од бременост. И после ја слушам ги повторува муабетите од емисиите по тетки, баби… ааа тоа бил лекот
Пффф какви емисии, врска нема тоа, кога ми тресна на маса една книга што и ја дале од болница пред 30 години, седи не се заебавај колку е убаво напишано таму. Плус пожолтена рецепта од онаа маста што мириса на риба, не ми текнува сега на името. Таа се мачка на цело тело после бањање, гледаш син ми колку убава кожа има?
14та недела сме, сега за секој ден 15. Бебе не сака да цица , се трга , млеко имам. Од шише му давам измолзено ќе го испие. Незнам од што можи да му е така? Се збудалив веќе . А кога цица , го исправам ќе ждригне и ќе бљуцни, би требало да е најаден бебуш а цуцата ја цуца како да не е јаден. Незнам што да мислам.
4ти скок. Дои го само во затемнета просторија, на тивко. Ако се уште одбива пробај тропај со тропалка над глава, стави нешто шарено околу вратот и неприметно подметни му ја градата. Кога ептен не ми успеваше го нишкав во раце и така стоејќи почнував да го дојам, па откако ќе се смири седнував. Ќе биде напорно уште некој ден, па ќе се врати во нормала.
Претпоставив дека можи да е скок, но незнаев од кога почнува. Ух, напорно.. пробувам тактики со цуцлата па неприметно цице, не сакам да се измолзувам цело време да не го навикнам така..ќе пробам и вака , ти благодарам мајка ..
Е тебе ти нема спас. Дај рецепт од маста, дека нашите бебиња немат убава мазна кожа, што разбираме ние
Јекодерм Маст за се на прошлиот век! Каква мустела, веледа, еуцерин, што е тоа, ова е проверена работа Таа оргиналната како смрдеше на риба аууу, сега е со маскиран мирис, кокос ли, не знам што беше
Јекодерм бешее И ја купив иначе Еднаш намачкав на првиот осип и после неколку перења не искачаше мирисот. Замина во историјата.
Кога сме кај свекрвите мојава кога влегов во 40та недела трудна му се јави на маж ми цела у паника да сме си виделе и двајцата да превземеме нешто зашто не сум се отварала и зошто бебо не искача да сме си ја средиле работата башка на сите колешки на работа им кажала и беше нервозна зашо не и кажале порано дека сум требала урми да јадам за да се отворам сега ми е смешно ама тогаш беше напнато и тресно за мене
@Rtulka @JuLleE @LiquidLuna До сега добри се резултатите. Уште утре невролог да го сними и да се исклучи се.
Син ми ваков беше, не јадеше и не спиеше. И никој не ме прати на Клиника. Почна да јаде на две години отприлика и сега си јаде и повеќе од одлично. Не грижи се мајка, ќе биде се во ред, сепак до 1 години млекото е се уште примарната храна