Nikako ne se vrti na meseto bebevo moe.ne saka vristi.Samo si lezi na grbot i jas go sednuvam na 45 stepeni i mu davam igricki da gi faka i se smee.Saka da sedi,ama ne znam kako da go animiram za da go legnam na stomak.
Мајки незнаев каде да го поставам прашањево па еве овде. Време е да почнеме да ги мачкаме бебушките со креми со заштитен фактор, но дилемата ми е каква крема да земам, ми треба совет и искуства.
Мене ми препорачаа една нова крема со заштитен фактор 45, комплетно органска (100% природни состојки). Таа и ја мачкам на беба оти и беба е многу бледа, аристократски тен - се зафркаваме, надвор кога ја гледам малтене модро делува... Деновиве сме излезени секој ден по 5 саати, особено претходниот викенд беше и на мало "сончање" во парк, и досега супер се покажала кремава, беба немала никаков проблем... Е нормално, кремата е скапа (1000 ден), ама па долго трае. На eco cosmetics е, со коала напред... Sun cream with pomegranate and sea buckthorn.
Син ми обавезно околу 10 наутро го изнасам на воздуш му ставам капче, но сметам дека не е само тоа доволно, ќе се консултирам и со матичната па ќе видиме. Се мислам за Мустела мислам дека таа е +О дали имате искуство?
Јас искрено син ми го изнесов на плажа за Велигден, а и секој ден е надвор со саати, и ништо за заштита од сонце не сум му ставила. Моментално изгледа ко дете од планина зошто фати боја на образите и генерално за некој степен му потемна цело лице, ама дека нешто страшно му се случи - јок. Планирам вака да продолжам, ќе видам како ќе се одвиваат работите, следната недела одиме за Грчка. Иначе лани ќерка ми ја пуштив така на сонце, по цел ден, во вода и надвор, и си потемна најпрекрасно, без црвенила, без мачкања 300 хемикалии.
Јас сега засега за шетање низ град не планирам да му земам крема, уште е релативно ниско УВ зрачењето, а и не го држам директно на сонце повеќе од некоја минута, или ако така се сврти количката. За на плажа или планина кога ќе одиме секако нешто ќе земам.
Кажете лек за тврда столица? Имаме 6 ипол месеци. Не сме какани 3 дема, знам дека не е многу но навикнати сме секој ден да искачаме по надвор. Малата ми се стега цела, се сцрвенува како пред какање но нема ништо. Денес веке и плаче исто како кога имаше грчеви како помала.
Ама крушата ја стврднува столицата бар така јас знам.Избегнувај деновиве ориз,морков,круша.Давај кајсија,слива,компот од суви сливи(свари 2-3 и водата нека ја пие),повеке вода,тиква. За чепче незнам не сум користела никогаш.
Фала ти Јоу. Ке промам со сливи. Но сега го пратив и мм во аптека да види нешто дали постои за олеснување. Не можам да чекам се утепа од плачење . Иначе за крушка прв пат слушам дека прави тврда столица. Мене лично ме протерува веднаш.
Значи пробавме и чепчиња и ништо. Го извади чепот за 5 мин и еве 1.5 час уште не е покакана. Од што има мака цел ден е пиена само 60 мл млеко. Со сила и дадов вода од слива(сварив како шѕо кажа јоу). Следно е да ја носам на лекар. Вака со болки ноква нема да помине лесно
Мамички синко цел ден приплакува,нерасположен,за спиње војна водиме,и наеднаш светнат во очињата и жежок,му мерив Т,има 37,5.Го искапав и му дадов шуруп сега спие да видиме до кога,само незз од што му е да е преладен не дава такви знаци,носето не тече,за кашлање знае да поткашла по некогаш особено после плачење ама тоа му е од ко е роден,и кива исто обавезно по 2-3 пати во ден ама и тоа не е ништо ново.До сега немал Т никогаш малку ме фати паника.
Не знам баш како да ти објаснам но бебешката температура е мислам малку повисока. Плсу 37.5 не е нешто алармантно. Самата си кажа дека нема никакви симптоми. ЈАс и мерев еднаш и имаше 37.3.. и после и немам измерено за да видам дали секогаш е таква Т. Еве некоја поискусна мамичка нека ти каже. Само смирено и кажи фала богу што нема никакви знаци на прехлада