Мамс ќе прашам едно глупаво прашање. Бебе има книгичка со животни и јас му имитирам кое животно како прави. Е сега имам проблем пример со слон, жирафа, мајмун, појма немам како прават, и дали прават некако Има некоја апликација или видео или било што каде што ги има овие животински звуци? Не се лутам што ќе ми се изнасмеете нс прашањето
Најпрво да му се множат здраво и живо 100 години. На првата контрола кажуваат дали му се почнати да му се оформуваат јадрата на колачињата,после наредна контрола ти е на полни 6 месеци,доколку е во ред све ќе ти дозволи да го седнуваш бебенцето.Повеќето доктори препорачуваат широк повој но јас искрено не и ставив.
Јас ја носев на приватно(за ехо).Ако мислиш за систематски преглед во болница овде не прават ехо на колкчиња .
Уште нешто сакав да прашам, малку ме загрижува, не можам да дочекам додека одиме на педијатар. Некако почна бебево да кашла кога се смее и гуга, после тоа кашла. Не секогаш ама се дешава. Досега ќе се искашлаше ретко а сега често после смеење и гугање. Маж ми пуши на балкон, само навечер пали во дневна кога сум со бебето во соба и после добро луфтира. Јас не верувам да е до тоа, ама се појави и влага во станот. Ја очистивме сега долго не се појавила. Не знам дали треба да се загрижам за кашлањево и да не чекам до следната контрола?
Ау што беше ова, од 9 до пред 15 мин се одра од плачење. Не сум суеверна, ама една стринка трет пат доаѓа, дете трет пат се откорнува од плачење. Ептен ми е домашна иначе ќе ја отерав. Упорна е да му бае на детево од уроци... Ќе пукнам значи од стариве, ќе пукнам! Ќе зборам со свеки нека и објасни па ако треба и нека не иде веќе, нека се налути. Не знам што беше тоа, ама бебе плачеше неутешно, никој не можеше да го смири, на крај заспа со стомак залепен на мене. Се надевам на мирен остаток од ноќта, прецицан е од што му давав да цицне на 15мин да се смири, тоа дополнително го мачи. Држете среќа да поминеме добро. Добра ноќ!
Нека не ти доаѓа веќе, какво баење какви се тие глупости. Твое дете, твои правила. Јас сум многу лоша за тие работи ама ништо не дозволувам што мислам дека не треба. Јас сум 24 часа над детето и нема што други да ми се мешаат и гости никакви не примам ни блиски ни не блиски, ми се лутат ама ми е гајле
Пиши на youtube animal sounds, ќе ти даде повеќе видеа. Има и апликација на play store ако имаш андроид. Кликаш на животно и ти дава звук. Спојлер Спојлер
Јас не би дозволила пушење во просторија каде што престојува бебе. Добро луфтирање од цигари нема. А за кашлањето, посебно ако зачестува како што викаш, мислам дека треба да се консултираш со педијатар макар на телефон ако имаш можност.
Мајки може домашна кашичка од морков со молзено млеко да ја чувам во фрижидер до утре за пак да му дадам од истата сабајле или да ја фрлам фала ви
Дсли им ставате перниче за спиење и дали ги оставате на грбче да лежат демек за главата да им се оформува Или само лево десно
Перниче не е препорачливо да се користи. А за спиење најбезбедно е на грб и така препорачуваат да спијат.