Просторија во која се пали макар и две цигари дневно нема шанси убаво да се излуфтира. Мирисот сепак се задржува во воздухот, завесите и ѕидовите го упиваат и димот и мирисот. Никогаш не би дозволила да се пуши во просторија каде што престојува бебето. Прештетно е. Свекорот и свекрвата уште пред да се породам престанаа да пушат дома, строго на тераса.
Ви се десило бебе да ви се задави од вода? Мора ли вода да се дава кога се дава храна, ако цица? Срцето ќе ми експлодираше. Се тресам уште.
Се согласувам, бебе и цигари не одат заедно, плус на ова загадено да земеш да луфтираш само полошо може да се направи.
Здраво мајки би сакала да ве прашам да ми дадете некој совет, бебето само што ми наполни три месеца влеговме во четвртиот, од пред една ипол недела значи мака мачам со хранење на адаптирано сме со шише ќе почне да пие и за некои 5 мин почнува да плаче значи на секое јадење ми прави вака и се храниме пола саат со тешење со нишање. Не е болно здраво е го носев на педијатар пред 2 дена пишете ми ваши мислења
Во 4ти скок е. И ние сме исти, играме, изиграваме циркузанти кога јаде. Почнува да цица и вришти и само со одење, играње, пеење цица Ке помине теши се
Епа тоа се си викам ќе помине а се утепав од нервоза од што плаче многу и почна да ми се залисува, сепак фала ви на одговорот
Прво бебе ми е. За наредно ако имам ќе знам. Ќе ја ставам на перниче за оформување на главата како круг што е со дупка. Ќерка ми сега нон стоп на грб што спиеше позади и се сплеска главата малку на десно од што нон стоп на грб спиеше благо наклонета на десно. Да беше десната страна друго ова позади после врти ја лево десно џабе. Сега малку и е подобра и беше многу сплескана.
Дечки почнавме со храна, морковче, па брокула, па денес јаболче Кога давате вода? и кога да почнам да ги мешам кашичките може ли некој совет за рецепти да ми дадете профили и се останато фалааа ви. Инаку бебко сакал да лази тоа била маката во петти скок сега гомпуштам и лази на назад и со главата на напред ама посмирени сме изглефа дека помина громог
Мене во болница сестрите ми кажаа строго настрана за ако повратело да не се задавело. Еднаш ме видоа дека на грб го оставив и лом ме направија. А препораките сега се само на грб, на страна само под надзор. Јас ноќе секогаш го ставам на грб и ако детето поврати само си го врти главчето на страна. Со лежењето на страна се зголемуваат шансите од SIDS. Патем запрепастена бев од информациите кои ми ги дадоа сестрите за негата дома, се она што се применувало пред 30 години.
После саат од оброкот давам вода, што има пробано вкусови можеш да ги мешаш пример ако има вкусено јаболко, круша можеш каша од јаболко и круша мешано да земеш. Симни си ја апликацијата бебе готвач таму имаш многу рецепти и комбинации.
Мене Талески ми рече доколку бебе сака на таква перница тие се одлични со дупка, моето од раѓање спие на таква и главчето му е како топче
Дали некоја мајка се соочила со неспиење на бебе навечер? Вчера од 9 до 4 сабајле беше будно. Веќе некое време е вака. Не знам зошто и што се деси навечер да не сака да спие.