Девојки секој ден почнувам пост да пишувам и никако да споделам, од ќерка ми. Ај просветлете ме д3 на пливит колку време може да се користат откако ќе се отворат? И денес прочитав дека требало во фрижидер да се чуваат а јас на собна температура ги чувам има некој проблем? Денскиве дремки приметив сака да бидат во тишина и затемнета просторијата. Ама живот во заедница оди па докажи. Не можам да се разберам за телевизорот да се намали малку гласот. Не бил многу силно пуштен. Јас сум ја научила така. Неа кога и се спиело не гледала галама си спиела и слични глупи коментари. За мене е полесно дневните дремки да ги тера во дневна да ми биде пред очи. Не можам без надзор да ја оставам сама во друга соба пошто многу се врти.
Мене ортопедот ми кажа д3 во фрижидер и кутија, биле сензитивни на светлина. За спиењето и мене така ми викаше свекрвата ако му се спие ке спиело и на светло во галама . Јас не сум во заедница ама често ми се тупнува. Ја го легнувам во спална во темница и пуштам фен така камуфлира звуци, ние имаме брливи комшии над нас и стално тропаат.
А колку може да се користат д3 отворени? Пробиотик обично еден месец од отварање па да не треба и д3 вака или додека не се потроши шишенцето?
Каква е таа докторка. Не е премало. Кај некој фаќат порано кај некој покасно. Веќе пишав нас ни почнаа на 6ти ден, негде околу 20ти станаа интензивни и трае дневно по 2-3 часа се во исто време докај 2 месеци. На почетокот беше само стегање во стомакот и кенкање, после вриштеше многу
Не би требало да е ништо сериозно, знам од чиста мира ако прават така треба посета на невролог. Ама да не ти ставам бубачка за џабе, следи го и прашај на контрола следен пат.
И моето превртува очи обично кога заспива дури едното окце и му бега, го снимав покажав на педијатар ми рекоа дека до една година е нормално така се зацврстувале очните мускули.А многу немирно цица, се врти, се тепа, се го интересира, некогаш се кара па влече со рачиња жив циркус е.
Исто прави и мојата само на цицање и тоа првиот млаз, не ми ни текнало дека може е нешто, еве со кашите не праи така значи од уживање им е
Дојдов да се исповедам. Сат и пол веќе како се заспиваме три пати заспа нишајќи и кратко после легнување во кревет се буди. Кога се заспиваме мора да се руши плачејќи да дава отпор на најјако па да заспие. И додека заспива нишајќи со рацете нон стоп по лице ме штипка. Некое ноктенце невидливо малку и останало попара ме прави на лице. А и страшно боли. Како орел ми ги забива ноктите во лице. Еве јас додека го пишувам ова таа не спие нозете ми ги качува на рамо и си игра со цуцлата. Полудечу.