Majki aj ve molam koj razbira da ja vidi krvnata slik? Se spremame za vakcina , bebe e 2+ , i pisav vcera na pedijatarkta ama uste nemam odgovor
Само што ми пиша педијатар, добри биле резултатите, ништо не значеле вредностите. И јас мислам не е за вакцина.
И лимфоцитите ви се покачени. Мене за покачени лимфоцити педијатарот ми рече сепак да почекам малку, да не се работи случајно за вирус, а кај вас и тромбоцитите и леукоцитите се над граница. Мислам дека и да го однесеш во диспанзер, ќе ве вратат.
Ама еве чисто да знаете кај бебиња леукоцити до 10 и над 10 не се сметаат за покачени. Имаше врска нешто со реф вредности кои не се исти за бебе. Тоа лекар го знае. Не може членка на форум да смета дека не е за вакцина.
Мене во диспанзер не ми ја ни бараат крвната слика ако матичен одлучил дека е ок. Јас матичниот го слушам.
Јасно. Ама членката побара мослење тука и членките и одговорија од искуство ама ја посоветуваа сепак да ја послуша матичната.
Јас за првото во Мк за вакцина правев кс некаде кога веќе имаше некои 4-5 год. И тоа поради читање форуми и групи. Матичната го прегледуваше и толку. За ќерка ми овде исто. Кс нема. Некни и јас и татко и бевме болни, ја вакцинираа оти она беше здрава. Исто претходно брат и беше болен, она здрава и си доби вакцина. Ама проценка на лекар е. Искрена да бидам многу бубачки ми се од читање, затоа почнав само да оставам на лекарот да одлучува. Порано матичниот оценуваше дали бебе е здраво или не, сега за се кс се прави. Па и мајката толкува. Е затоа јас овде кс не видувам. Ако има нешто, ќе ми се јават.
Веројатно зависи од диспанзер до диспанзер, кај мене бараат крвна слика + дополнително го мерат и прегледуваат. (Иако претходно бил кај матичен и матичен не испратил за вакцина). И вагата и мерките се различни од кај матичниот, но се водат согласно запишаните на претходното мерење кај нив во нивниот картон.
Здраво мајки ќерка ми е 4 недели и има интезивни грчеви. На конбинирана исхрана е аптамил и мајчино. Давав диастоп но почна да не кака па сменив на биогаја се нормализира но за грчеви ништо не помага. Земавме инфаколик од грција ги најдовме и сега почнав да давам, а дали треба да продолжам и со биогаја ?
Можеш да ја сликнеш листата со референтни? Сегде прочитав дека за мало бебе лимфоцитите покачени се нормална работа, но матичната прво рече вакцинирајте се, а после се премисли и ми рече сепак почекајте. Консултирав и друг педијатар па и тој рече бидејќи малку се покачени лимфоцитите сепак почекајте да не развие некоја вирусна инфекција и затоа денес не го однесов да се вакцинира.