Здраво мајки, веќе месец и кусур спиењето навечер ни е крш, се презаспиваме по стопати. Сонот ми е редовно испрекинат нормално. Како резултат, кога ќе се напнам малку повеќе физички имам тахикардија и тешко дишење, ми се врти на моменти. Само кај мене е ова или има и други?
Да ми ја пратиш доколку сеуште ја имаш ако не ти е проблем Ке се консултирам со докторите од пунктот за вакцинација, па како ке кажат така.
Ми се случува и мене кога сум преморена и неспиена со денови, особено тахикардија и вртоглавици. Премор, тоа е.
Во Идадија само за првата вакцина ни бараа кс. Од тогаш наваму ни за мрп не ни побараа. Да се надоврзам, тоа шо не бараат не значи дека не сме правеле.
Па добар лекар проценува од преглед дали е ок, а не на секое крвна слика. А не сум будала да го вакцинирам своето дете ако не е ок или да ги лажам во диспанзер дека е добра кс, а не е ( ова пример де). Бог да чува.
Да, па еве моето здраво право е никакви симптоми нема, но крвната слика покажува дека може е во тек развој на вирусна инфекција. И со оваа кс би не вакцинирале, но лично јас не би ризикувала. Матичната вика може да се вакцинира, но сепак подобро е да почека. Педијатар од детска клиника вели апсолутно дека треба да се почека, затоа велам дека сепак кс е важна.
Welcome to the club. Ми се врти, мислам дека ќе се срушам. Се дрогирам со ц вит, магнезиум и малку отпојќе кафе шо придонесува за тахикардии.
До 9 месеци не давав чај, ко тргна у градинка за да пие нешто оти не сакаше вода дадов чај па се навлече ко наркос на Бекутан анасон чајот. Па едвај ја натерав вода да се напие
Давам, бекутан, само кога го мачи мешето (5месеци е ама се мачи кога кака) 2-3 пати на ден по 2-3 лажичиња. 1 кесичка е за 100 мл чај. Ја правам цела доза, остаток фрлам. Педијатарот ми рече не повеќе од 50мл за да не му се полни мешето со чај. Он отприлика 30тина мл пие, не секој ден.
@Iris-1234 @spasovskam ќе се потрудам да ја најдам во документите, од првото дете ко го носев ми е. Запамтив за леукоцитите и за лимфоцитите дека се повисоки во референтните од за возрасни баш поради тоа што него стално над граница му беа и леукоцити и лимфоцити, и го однесов кај повеќе доктори сите ми кажаа дека е во ред за бебе. После ја добив листата за да не паничам пред вакцини. За ова немаме стигнато уште од вирусите да одиме, крвна слика сме правеле само ко беше со рсв вирус и по раѓање. Штом ја најдам ќе сликнам.
Мајки, во дилема сум,дали некој има со вакво искуство .. 15 недела сме, во 4ти скок.. на ексклузивно доење сме од почеток, досега напредуваше супер, е сега последниве две недели цица и после цицање обавезно со цуце заспива а ја цуца како да е гладно, пробувам имам млеко а претходно на цице заспиваше.. ова преку ден, а навечер цица на два саати а претходно врзуваше по три.. да не му е малку, дали од скокот искрено незнам..
Ако зборуваме за медицински аспект најправилно би било прво крвна слика па вакцина, како и што пред да се препише антибиотик би требало да е прво антибиограм па антибиотик. Е сега што им е демек жал на некои лекари да не ги боцкаме бебињава даваат и така вакцина или од око и ако ништо не му е на бебето. А од око и со покачена температура бебињата се расположени во голем дел од случаите. Не се расправајте, мајката праша за мислење, и одговорија никој ништо не сугерира и тој што и одговорил и кажал од искуство, мене исто ме вратија со покачени лекукоцити и тоа многу малку над горна граница но бебето ми беше настинато,така да слушајте си го матичниот а мислење секако ќе размениме затоа е темава впрочем.