Јас на очен го однесов моето за тоа. И на педијатар прашав, и патронажна. Докај година рекоа може да шетаат. Лошо е ако шетаат едното накај носот, другото накај увото. Значи ако забегува накај уво тогаш се реагира.
Бебуш вчера ја прими рота. За сега нема негативна реакција, се надевам така ќе остане. После три деца со грчеви и колики, прво кое 7ма недела тера без да заплаче или да се пожали на болка. Се надевам дека нема допрва да почнат. Колку има качено поим немам, пие редовно и многу( ама стварно многу) прди и ждрига. Носето е со мрсули неделава, па чистам редовно. Се надевам дадите нема појак вирус да донесат дома.
Мојата ги шеташе до 3-4 месеци Цело време прашував на прегледите и сите викаа нема место за паника дури до 1 година толерираат така. Многу смешна ми беше
Женски може глупо прашањево маллу ама .... морам да и ги сменам цуцлите , јас не знам како и се наполниле со вода цели?? Она наредна недела полни 6 месеци , па не знам дали 2ка да и земам од 6 до 18 месеци , или да продолжам уште некое време со овие од 0-6 мес и онака нешто многу не ги користиме , за апиење додека заспие после ја плука ....
Кога ги ставаме во стерилизатор знаат да се наполнат со вода. Јас ги тресам и ќе ги стиснам малце и излегува водата.
Мајки знам дека сум досадна со некои прашања, веќе втор пат прашувам. Воопшто немам самодоверба. Се плашам од и за бебето. Цело време на штрек живеам. Ич не сака да јаде, денес дури ми затвори уста. Ја држеше храната и на крај дали поврати ли, исплука нешто густо. Давам колку зрно грашок и чекам да голтне. Многу ми е страв да не се задави, а цело време прави како да повраќа и кашла. Дали е до моево или сите така прават? Дали да почнам овошјата да ги давам, мислите ќе има ли подобрување? Се надевам некој ден ќе се навратам на постов и ќе се смеам.
И моево е исто такво, ако му дадам некоја лажичка се гади и почнува да плука и има нагони на повраќање. Можеш и овошје да почнеа да му даваш. Јас почнав со овошје па сега му воведувам зеленчук, ама исто е ништо не сака да јаде.
Ние почнавме на 4 +++ и беше страшно, вриштеше лажичката кога ќе ја види, кашлаше, се давеше, плукаше.. затоа прекинав и кога ќе е 5++ ќе пробам пак. Се надевам дека ќе прифати. Сега му давам лажичка празна , или некогаш се измолзувам па со лажичка му давам млеко, и почнува да отвара уста.
Прво мораш да се опуштиш , колку си повеќе во грч и со страв го раниш бебето тоа осеќа, мора да поработиш на себе , на сите ни е страв , мојата додека цицаше лакомо како помала постојано се засркнуваше , и уште се засркнува... Пробај со овошје , јас првите неколку пати и сварив јаболка и круша , не ги сакаше , кога и ги испеков бара репете , а и мене ми се печени повкусни , пробај така , само наоружисе со трпение , еднаш ќе почне да јаде
@Coco31 @velesanka @Srcka28 Ви благодарам од срце. Олеснува кога не си сам со своите мисли и стравови
Кога беше помала обавезно ја кревав да ждригне. Во спротивно знаеше да поврати. Сега сме 6 месеци , а веќе 1 или 2 месеци не ја кревам специјално за тоа. И да си лежи не повраќа. А ако ја кревам за во рака да ја држам ќе си ждригне сама. Тоа мислам на почетокот додека се ептен малечки е обавезно после секое цицање да се кренат.
Сестра ми имаше ваков проблем. На 6 месеци од кога почна со парчиња дете се разјаде. Труди се сега вака, ако не бива разгледај го blw начинот, може и кај тебе до текстурата ќе е проблемот
Исчитај убаво за BLW методата, можеби и изгледот и текстурата на храната повеќе ќе го привлекува, само јас би рекла дека оваа метода е многу постресна од давањето каши, но од друга страна детето побрзо може да го исфрли парченцето доколку се засркне. Прочитај повеќе на страната на Solid starts