Не ме вратија, но ми рекоа да се вратам за пола саат. Ги разбирам зошто бараат бебе да е гладно, ама и они треба да разберат дека јас не знам толкаво бебе кога спие, кога јаде.
Јас да ви се пофалам. Денес банана дадов, малце и млекце ставив, не правеше толку фаци како да ќе повраќа. Сакав да прашам, кога почнавте со воведување на вкусови? Бидејќи во околина се на 6 месеци почнале и бебињава демек си јаделе одма без многу многу натегање. Не знам дали подранувам иако на педијатар ми рекоа да почнам. И каде да најдам праска кашичка купечка?Чиста,без други вкусови. Евентуално со банана, јаболче.
Ќе гледаш кашите да ги правиш со конзистенција на купечки, потечни, не мора со млекце, можеш со водичка да го разредиш. Нагон за повраќање има и моето ако е прегуста кашата, пример компир Праска дали има чиста не знам, ама кајсија има сигурно.
Купив преса за пире, после гмечам низ цедалка. Не е лоша конзистенцијата. Скоро па како купечко. Се тешам дека е уште мало. Не знам што да кажам.
Нема правило срц за тоа. Пример мене треба во главата да ми одговара комбинацијата. Не сум нормална знам ама ете ... Пример на брокула млеко не ми оди, ама на компир ми оди пошто така и ние правиме пире.
Јас во нашиов град сите аптеки на Зегин ги свртив, не најдов чиста праска. Макар што, моето нема проблем поголемо е, има пробано праска.
Ау, денес борба за спиење. У раце што ќе поспие, тоа е тоа. Очите бумбар му се. Ќе си пукне за сон ама не заспива. А вака после сонче и мирен е, гуга, се смее, седи во релаксатор по 20мин, на Бејби џим по 20мин... ама за сон не прашувај. Се мислам да не не е доцицан, ама ќе вришти ако му се цица...
5 или пак три ако имам бебитол д3+омега. Давав една д3 омега и 3 од овие. Сега 5 од овие. Ги чувам што да им правам, среќа тука сте сезнајки па ме потсетивте на тоа, а имаа 2 недели од отварање поминато
Ее јас баш прашував за тоа пошто случсјно прочитав на кутијата дека треба да се чуваат во фрижидер а јас не ги чував и ги фрлив. А дали ги користиш еден месец или додекс не ја потрошиш кутијата? Тоа ми остана дилема.
Дали има место за паника ако еднонеделно прематурче не кака цел ден? До вчера беше ок, денеска воопшто не кака, само мочка, а оброците си ги пие под саат (на секои 3 саати ад и кога имам мајчино измолзено или он ако нешто повлече на града). Му давам и 2×7 капки бебитол. Другото близначе се прима исто, а си кака најнормално, скоро секоја втора пелена.