И мојава се буди од сопствените раце. Цицнува, заспива, се случува да спие неколку сати а некогаш набрзо станува. Сега ја доев, цревцата и кркоркаат често, не знам дали тоа значи дека е гладна и столица има течна. Кога излегувавме од болница уште беше зелена темно, мекониум, докторката рече ќе се чисти уште некој ден. Сега е жолтеникава ама течна.
Мајки за првиот месец од родилната тежина или од испис тежината се рачуна за колку напреднале? Знам дека треба од 800 до 1кг но тоа не ми е јасно
Исто и јас мислам и правам ама ме плаши што остануваат како рапави после нив места кои после уште ден два и тие проаѓаат ама си викам да не сме со осетлива кожа а да не знам. Ќе прашам педијатар во вторник секако.
Нормално е да е течна. На млеко е. Не може да биде тврда. Еве и со храна почнавме, па уште е течна. Исто и бојата е добра. Треба да биде жолта. Цревцата исто е нормално да кркорат. На бебе до скоро така му беше, се изнамачивме со грчеви.
Кркорење на цревца по дифолт значи дека се грчеви? И со прдење олеснуваат? На помислата на нив, кожа ми се ежи. Колку направи твоето бебе?
И моето е алергично на лактоза и пие Аптамил без лактоза. Нема никакви потешкотии и проблеми, супер му одговара. Пробај го, мислам дека такво треба да пие штом е алергично на лактоза.
Па не е по дифолт. Тоа значи си работат. Ама кога ептен плачеше многу кркореа. Олеснува со прдење, ама некогаш не можеше ни тоа. Скоро 5 месеци е.
Мајки едно прашање, ние направивме веќе 5++ па сакав да прашам дали веќе почнавте да јадете се? На пример зелка, леќа? На доење сме иначе
Мајки како сте задоволни од прибор за јадење од дм (babylove) чинии, лажички ?И на што треба да се обрне внимание при купување? Знам дека може во нашите (чинии) ама сакам посебни, негови
Моето е скоро три месеци и почнав да јадам се освен грав и зелка. Не му смета ништо, мада никогаш и немал многу проблеми со грчеви.
Мајки што се греете на клима, дали сте забележале суви усни кај бебето? Денес забележав кај мојава си викам од климата е.