Кај бебе не толку ама кај мене е лом, и нос и уста суви, го одрав носот од чистење суви мрсули, ко лушпи, устата цела ми е олупена... А и бебе го осеќам ама не колку мене. Кај нас е комбинирано па на ќумбето ставам и лонче со вода да испарува.
Мене не ми личат на хормонски, инаку знам јас дека не се третираат со ништо. Ова има малку поосетлива кожа од бато, со него немавме ваков проблем. Кога ептен се изразени ставам Фризи дерм од големата туба и веднаш проаѓаат. У вторник ќе прашам да ми кажат дали му е кожата осетлива или не, немам искуство и не знам. А на тело свила му е кожата.
Мислам дека термометаров не ми чини на 20 си стои, а инаку климава ми е пуштан вкрај на 30, дење ја намалувам на 27-28 кога е потопло.
И мојата е на 30, кога палиме ќумбе ја намалувам на економик на 26, а палиме наутро и навечер за бањање по 2 саата да се стопли. Со ќумбето стигнува до 24, без него од 22 не кренало погоре и се трпи, мада бебе ми е зимурливо и смрзнато во рачињата и нозете цело време.
Мислам дека нормално е да им се ладни рацете и нозете. Најдобар индикатор се градите и грбот. Ако тие се топли таман е.
Знам тоа, се ми е јасно, ама моево му се оладат ли рацете и нозете после ика без да сопре, не прекинува. Еве сега, дур ставам супата лежеше на подлогата за играње а ќумбето не е запалено и смрзна и еве го ика не прекинува.
Ќе мора и ние да комбинираме со ќумбето. Знаев дека одржувањето температура ќе ми биде проблем. Не знам дали и е ладно или топло. Моментално носи хулахопки, боди со долги и шпикозни, капче и нараквици. Повиено во пелена и кога спие покриена со ќебенце. Таман е? На лице е црвена како да и е топло, а рачињата без нараквици и се ладни. Кога ја пресоблекувам често ика.
Majki Na bebe mu e napraveno kako meurce na usteto. Normalno e ili treba cistenje so nesto? Isto,ke prasuvav, za ira na glavceto. Pisuvano bese ama nemozam da najdam, so kakvo ulje cistevte?
Која ти е темп дома? Зошто повиено? Јас кога беше мојата новороденче 31 октомври е родена, одржавав 22 степени никогаш не била повоена и носеше боди на долги, шпихозни(по тенки) и чорапчиња, ни капи ни чуда
За икањето, патронажната ја прашав до кога икаат, ми рече до кај 40 дена. Мислам на она интензивно икање. И моево се заикува често. Инаку рачиња стапалца нормално е да се постудени рече, се проверува кај градите или грбот.
Проверете фатот при доење дали е добар. Вакво се прави ако бебето не ја фаќа правилно градата. Не треба никако да се третира, само да се поработи на фатот. И не е болно.
Јас мислам многу е облека тоа, а и уште повиена. Претоплувањето не е баш добро. Регулирај ја температурата во соба и расоблечи малку, капче педијатарот ми рече за дома не и нараквици, а и хулахопките премногу е..
Комбинираме клима и парно. Климата за просторија од 50+ кв, не сме ја наместиле повеќе од 25 степени, а во просторот е 22-23 редовно. Парно вклучуваме наутро и навечер и само за капење гледаме да е температурата 24+. За хулахопки педијатарот ме искара дека за дома не треба воопшто да носи. Само за надвор и тоа ако е ладно. Капа ставаме само околу пола час после капење и толку. Ракавици не сака. За повивање исто не повиваме. За спиење е или во вреќа или со ќебенце покриена. За облекување бидејќи имам боди и на долги и кратки комбинирам спрема тоа што и е од горе. Ако носи памучно комплетче/шпихозни, ставам боди на долги, и чорапчиња. Ако носи плетени или плишани што се подебели тогаш комбинирам со боди на куси, плус само чорапчиња. Многу ретко се случува плус памучно елече некое и некои како топлинки. И тоа и тие кратко.
Пред некој ден само што го донесовме дома климата ни беше на 30, а преку ден грееше сонце во собата термометарот покажуваше 24 степени. Мали беше во боди со панталончиња и покриен со платнено ќебенце. Дојде време за пресоблакање уште дремеше, за јадење несакаше да отвори ни очи ни уста, пу,пу како мртво беше се испаничив максимално се јавив на докторката зошто е прематурче. Ми рече да не паничиме да го соблечеме и со влажна марамица да го разладиме. Се разбуди и почна да плаче. Докторката не искара дека сме го прегреале. Од тогаш климата не ја пуштам повеќе од 23 навечер а преку ден ако има сонце ја исклучувам.
Икањето нема врска со тоа дали им е ладно и колку. Икаат кога ке примат воздух. Икањето нема врска со тоа дали им е ладно и пишав погоре и на членката. А нормално е малите бебиња да имаат ладни раце и нозе. Уште не ја регулираат температурата како што треба. Инаку премногу го наоблекуваш. Нема потреба од хулахопки, капа и ракавици по дома. Ако ви е дома топло доволно му е само еден слој, евентуално два потенки. Мало бебе пострашно е да се прегрее отколку да му студи малку. Малиот ми е моментално по боди на долги и ѕиврички. Дома парното ни е на 23 степени. А устата може да му е сува од клима. Климата многу го суши воздухот и во просторијата во која спие бебето или престојува поголем дел од времето, треба да има навлажнувач на воздух.