Кога имаше осум дена прв пат го изнесовме надвор околу населба и цела недела после тоа секој ден го изнесувавме по 15-20 мин. После тоа почнавме и подолги прошетки, ако времето е убаво и по час, два, три сме биле надвор (беше убава, топла есен, јас по потреба доев и надвор). Јас сум надвор од МК и тука препорака на педијатри е бебе секој ден кога дозволува времето да се изнесува на воздух и тоа го практикуваат, уште од раѓање. Но надвор, во парк, а во молови и кафичи сега со вирусиве не. Пошто немаме проблем со загаден воздух секогаш кога имаме прилика и зимава шетаме со него, облечен во дебел скафандер што му ги покрива и рацете и нозете, зимско капче и на лицето намачкан со крема за заштита од надворешни влијанија.
Мајки колку често ги бањате бебињата? Ние сме два ипол месеци ја бањам секоја вечер пред спиење. Се бањаме цица и инстант заспива. Незнам како би ја заспала ако не ја бањам. Некако има многу лесен сон. А вака ќе и олесни изгледа и знае да сврзе и по 3,4 саати спиење прва дремка. Преку ден многу малку спие.
Јас до еден месец само во двор на 5,10 минути кога е сонце. Сега више шетаме и по пола саат,саат. Само гледам да не е ептен ладно и загадено.
Колку месеци ти е бебчето? И нас ни е рутина. Плус она ужива да се бања, жал ми е да и го скратам уживањето.
И уште едно прашање, од кога ги ставате на под? И на тие подолгите за вежбање? Моево бебе е доста мрдлесто, а више почна да се загледува по музички и шарени играчки, им се смее,им гука.Порачав таква подлога за вежбање ама си мислам да не е уште мала.
Значи не било само моево што се поти многу. Штом се допреме кожа со кожа одма се поти, исто и кога цица, а и прета нонстоп.
Баш пишував во некоја тема препорака на патронсжната и на двајца педијатри ми беше редовно шетање освен кога е многу загадено. Сега јас не одам секој ден, ама тоа зошто јас не можам да се организирам со две деца секогаш. Препорака во болница беше преку еден или преку два дена. Не е рано ставај слободно. Нас и вежби ни кажаа за вратче и превртување. На ортопед не бевте? Не ви дадоа препорака за вежбање?
Бевме и не сум задоволна од прегледот. Бевме кај Видоевски , ми го префалија .. кажа човекот милион општи муабети а ништо конкретно за моето бебе. Као ок е све со колкчињата и толку. Нити вежби нити ништо. Ми кажуваше дека бебињата не седеле зошто неможеле а не дека не смеело да ги седнуваме. И ме тераше да ја седнам. И кога сум ја легнувала прво да ја ставам у седечка положба па да ја легнам. И обратно, кога ја станувам прво у седечка положба па да ја станам. Објаснувањето му е дека така било природно и така се осеќале по сигурно. Го споредив извештајот со мајка која била кај него пред 7 години. Све исто само името на бебето и дата сменета. Инаку јас си ја ставам на меше. Веке си ја држи главата клима лево десно ама ја држи. На меше се нервира кога е и плаче. Ама успевам да ја залажам по 5 минути неколку пати у денот. Други вежби незнам какви да правам...
Мајки читам ким јадете за грчеви, ама тоа за оние што цицаат а оние што се на адаптирано? Ми дадоа капки за лактозата ама не помагаат имало и некои други ама за тие требало неутешно да плаче, овој мојов само се грчи и испушта звуци како за какање. Масирам и вежбаме ама не помага се кака двапати во денот нема проблем со тоа. Се смирува само на меше кога лежи, ама тоа не е решение. Што да му дадам совет некој?
И ние користиме Хип Ар ама ја сменивме цуцлата со двојка бидрјќи побавно тече и детето многу тешко пиеше...ние го пиеме бидејќи многу се засркнуваше..бебе не повраќаше ама многу враќаше и не го повраќаше туку ќе се засркне и пак го голташе..кај нас малку се подобри не враќа толку ама па многу подждригнува...дури после два три часа кога е време за повторно да јаде тој ждрига, ждрига...се надевам дека ќе ви одговара и ќе престане твојот бебуш со блуцкање
Колку месеци е твоето бебче и јас се мислев да ја заменам со двојка цуцлата за полесно да влече инаку денес што му давам супер е прв ден да немам исповраќани алишта си ждригне еднаш двапати и тоа е тоа го нема она повраќање во млазови па ке видиме натаму како ке биде а и си го пие целото другото не го сакаше
Не сме биле на ортопед уште, ама од педијатарот за сега добивме препорака за што повеќе време на земја, да го вртиме на една па на друга страна за да стимулираме да се враќа сам на грб и да вежба да извлекува раче. Да лежи на стомаче. Кога го креваме од легната позиција да е со што помалку потпора на врат (да го фаќаме под едното раче и така на страна да го креваме без да го потпираме вратот). Вежби со рачиња за рамена и незнам може уште некоја имаше, сега не ми текнува. Да провериш во темата за грчеви, мислам дека вареа "чај" од ким (зрна од ким провриени во вода, па прецедуваат и со таа вода расвораат ад). Ама за ова не сум сигурна, подобро да консултираш педијатар или некој со повеќе искуство