Ние денес бевме на педијатар, не ни спомна ништо за вежби иако јас му правам, ама не толку колку ти. Мислам дека е прерано на месец дена да вежба превртување. Сега ќе одиме на ортопед па ќе видиме. Што знам, многу ми е мал да го гњавам да дреме на под по пола саат. Ние тами тајм засега на гарнитура практикуваме у врз мене, на под не го ставам зошто доле ми е подрум и преладно е. Е не го држам за вратче, го оставам сам да вежба, го слушав др. Рајович и од него знам дека не мора да се држат за врат, да се придржува за секој случај да се биде на штрек, ама не и да се фиксира.
@AngelOfArh @Ano Мене Александра Димова ми рече само tummy time да се прави, никакви други вежби. Кога го држиме во раце да биде свртен нанапред и главата да му паѓа нанапред, а нс да ја потпира на нас, така ќе го вежба вратот. Рече дека не препорачува никакви други вежби.
Само ја затоплувам Ладна ако е 2 дена отворено шишето и ја зовривам а Бебелан купувам најчесто само мало шише и се троши одма, така да и неа само ја затоплувам или некогаш и директно со ладна правам пошто моево не пие ако е повеќе од 30 степени затоплено, а за ладно ( не мислам од фрижидер, туку директно од шише ) нема проблем
Да пишам и јас на земја го оставам од 2 месеци. Најчесто е на грбче, а на меше го ставам повеќе пати во денот по малку. На почетокот се бунеше и плачеше сега издржува 10тина минути. Денес бевме на педијатар. Предложи да го ставаме кратко во седечка положба, цврст бил и спремен. Пробав малку во скут и стварно е стабилен. Па дајте идеи како и каде ги наседнувате, не сакам со перници и на под или кревет. Количка, столче за јадење може нели? И за бањањето да со кажам. 2 пати неделно ни кажаа од болница и така тераме. Најчесто среда и недела. Секоја вечер му го одбивам газето, лицето и рацете само. Кога ќе се стопли планирам 3 пати неделно. Тогаш и ќе седи веќе полесно ќе ми е ќе можам сама да го бањам. Едвај чекам со играчки во кадичка ох ох, ми порасна бебето
А ние со тодлери што не можеме на под да ги оставаме? Се шалам, користам шанса додека големиот е во градинка и само тогаш е на под, нема побезбедно од доле. Некогаш и си заспива и само ќе го покријам, па на раат си завршувам се низ дома без страв дека ќе падне. Го бањав секоја вечер, поубаво си спиеше, а сега секогаш кога имам шанса најчесто преку 1-2 дена. @Anturium Секаде каде имаш опција за 45 степени, релаксатор, количка, хранилка. Само не заборавај секогаш да го врзуваш околу мешето, каишите преку рамења не ги ставај за да вежба исправање.
Сега на 20ти полниме 4 месеци...супер само така нека продолжи...знам колку е стресно и мачно било и за тебе а и за бебе...ајде штом го прифаќа ова млекце ќе си го пие и сега ќе биде добро
Мајки кога почнавте со воведување вкусови? Со што обично почнувате? Денес бевме на редовна контрола и педијатарот ни кажа да почнеме со воведување вкусови, искрено мислам дека е многу мала уште сега, веројатно ке почекам и ке се исконсултирам уште еднаш ама ме интересираат искуства. Инаку ми кажа супер напредува, има 7кг за 4 месеци, очекував повеќе зошто по кило напредуваше кило и сто, двеста првиот и вториот месец ама ми вика супер сте.
Биогаја знаат да прават запек и грчеви. Ова како паталец, со двете деца. На второво додека не воведов цврста храна ок беа, сега веќе не. Провен делуваа кај првото бебе на ад, кај второво и немаше нешто страшно грчеви, ама и на доење... Кога имаше, Сабсимплекс од Германија набавив уште пред да се породам, бидејќи со првото се измачив.
Почнав на 4 ипол. Бебе е, т.е беше 9200 гр. Сега може и 10 стигна. Ни рекоа да почнеме. Прво зеленчукот, овошје освен банана не сум дала уште. А прво дадов морков, па тиква, тиквичка, банана, и компир завршивме денес. Се раководам по листата овде и на фб што кружи. Не е фасциниран. Плука, рка, се дави, се мршти, ме гледа како сите бродови да му потонале. Утре имам намера со јаболко да го лажам. Ќе видиме што фаци ќе прави.
Овие ни ги даде како предлог. Со оглед на тоа дека сеуште најголемиот дел од денот спие и цица, а после цицање не го вежбам да не бљуцне, не ни имам време многу, па секој ден практикувам една до две вежби колку дозволува времето. Обично на менување на пелена ќе го повежбам малку. Секако ова се насоки од педијатар, за две недели сме на ортопед па ќе видиме што ќе каже и тој. Да ова ни кажа и нас, да практикуваме напред свртен за да вежба вратче. Иста мака сум особено што мојов е во фаза на лего и нон стоп ги игра па можеш да замислиш колку ситни има расфрлано по земја. Сега се обидувам да го убедам да ги направиме сите по шема и да ги кренеме инаку незнам како ќе спуштам бебе на земја
Дај боже и моето исто да помине. Ден после вакцина ке морам да го оставам на два, три сата на чување па ми е страв да не качи баш тогаш температура.
Да, имам такви стравови секако, која нема... Мене сега за спиењето ми е најголемиот стрес. Тоа е, ќе тераме, ќе гледаме да нагодуваме како што умееме. Како сте вие до денес? За прдењето, движи ја ти со ноџињата. Повој ставаш? Да не ѝ пречи ? За цревата прашав доктор, нормално е да кркорат. А за што ќе ѝ даваш капки? Давате пробиотик? Јас дека спонтано породена, ми рекоа во плодност дека не мора да давам. А колку ви повраќаат? Моево бљуцка ама и 3 4 пати поврати повеќе.
Даваш готови кашички или ги правиш сама? Јас имам нешто замрзнато, непрскано како морков, брокула па планирам така да почнам. Педијатарот ми даде листа, таа што кружи и тука и рече наизменично овошје и зеленчук.