Јас денес почнувам по втор пат првиот исто беше на 4+++ и беше многу лошо. Денес е 5++ и супер прифати, дали дека овие 3 недели главна играчка ни беше лажичката, па престана да се плаши или порасна не знам, битно има гооооолема разлика.
Јас утре почнувам мила. Планот ми е по 3 дена да воведувам сега прво зеленчукот па овошје. Таман додека да направи 5 месеци да почнеме со житарки и ќе воведам оброк. Туку да ве прашам на 37.3 температура како реакција од вакцина давате нешто? Ладите, мачкате алхохол, туширате? Кенкав е и малку спие па не знам дали да му дадам нешто или да оставам да помине само од себе
Големото во Санте му донесоа ладно млеко, со запотено од фрижидер на шишето, јас нормално прашав и вика не се сеќирајте... Ок не се сеќирам, дома темпирав вода кога давав ад, па тоа мајчино го затоплував од фрижидер, се додека не почна да ми одбива страшно топло млеко. Јас дај му го затоплено тој плука, еден ден му дадов ладно, сеа не од фрижидер ама така, поладничко, да речеме како водата од чешма, тој степен ладно, го сркна за секунда, тоа беше некаде на 2ипол месеци и од тогаш нит за АД вриев вода, нит греев мајчино, собна тт се, и никогаш во животот ми нема фатено крајници. А така и јас вежбам, најчесто пред бањање или после бањање, со ноџиња кон меше, лево десно со колкчиња, точаче и ми кажаа за него дека нели роден како преми да му правам вежби лево колено со десен лакт и обратно, на почеток десната рака не ја движеше исто како левата и откако правам ова ги користи и двете исто. И обавезно за раце стануваме до седечка положба. Ужива! И за бато исто е се и кај нас, имаме 2 кутии од патики среде соба полни лего, ние не сакаме многу многу по шема да работиме, во едната се Супер Марио и Луиџи сетовите а во другата татко му му донесе од Данска на мерење пола кило лего рефус и плус сетовите што ги има и тоа градење кај нас е што да ти кажам... А се налутам нешто озбилно одма се заканувам со Лего, а него се земи му само Лего не му зимај, секаде ги мкнеме со нас, одмори, викенди, гости, секаде... Бебе ќе има импресивна колекција за наследување
Тие се, ги нема кај нас. Барај ги од Бугарија или Германија некој да ти ги донесе. Swaddling т.е повивање да пробаш. Мислам во Локо кроко имаше специјални пелени како со лепенки за да му се фиксираат рачињата.
Немате шанси, ќе не изеде живи. Не сака да му се врзани рацете, и во болница на тоа повивање таму па ги вадеше рацете, а таму ко со гипс ги стегаа.
Дали може да сменам пробиотик и кој да купам?Првите 3 недели користевме диастоп, приметив дека не му одговараат и во консултација со педијатар купив биогаја. Ги давам повеќе од 2 месеци. Кога ке ги дадам рита со нокчињата и често знае да заплаче, се си мислам дека е од нив бидејки со грчеви одамна завршивме .
Лепенки има ставено уште од вчера ама некако како да не помагаат баш. Многу кенка и плачи чат пат претпоставувам го боли боцнатото
Мајки денес сме 10 дена, папочето не и е паднато. Сега после капење кога ја бришев и падна мала крустичка и се појави крвца. Се извадив од памет кога ја видов крвта. Нормално е?
Кога фаќаат ред за спиење бебињата? 4 недели бебе, релативно мирно ама со изместен ритам на ден/ноќ. Изминативе денови еднаш или два пати спиеше ноќе, со кратки будења за храна. Се останато преку ден спие, ноќе си дежураме по 3-4 часа. Без плачење на бебе, а на мајкава и се плачи за спиење. Дали јас да почнам денски во исто време секој ден да ја будам и занимавам, па со надежи дека ноќе ќе спие?
Само тиква готова му дадов. Извини ама вкус на газ имаше. Не е ни чудо што не ја сакаше. Инаку варам и од водата што варев ги правам како каша. Во компирите и бананата, млекце додадов. Купив преса, некои 350 ден. и после низ цедалка со лажичка стискам. Баш како кашички ми се прават. Ама ова гуденцево мое не сака зеленчук. Еве сега јадев банана, му давам да лизне, кога ја фати со две раце почна да ја шмука. Сега три дена зеленчук, три дена овошје ќе давам.