Кај мене зеленчуците се голем проблем, овие зашеќерениве ги поднесува подобро. Заборавив дека трет ден од компир ни е, од утре сум купила три вида јаболка, најблагите, па ќе видиме.
Немој бебе да будиш. Премногу е рано за тренирање. А и сонот е најпотребен. Преку ден ќе го шеташ да види светлина. Кај нас уште е изместено од 4ти скок. Секоја вечер во 2 заспива. Тек пред некој ден во 12 ипол почна.
Не ја буди, многу е битен сонот. Мојата има ред уште од првиот месец. Ама денски ја оставав на светло и галама. Вечер ја бањам гасам светло и пуштам шумови.. па така фати некој ред. Ми спие вечер од кај 8,9 до 6,7 сабајле. Со будење само да цица полу заспана и пак продужува инстант да спие. Можеш така да пробаш... Сега преку ден мојава не сврзува повише од пола саат. Ама вечер знае да сврзе и по 3,4 саати прва дремка. Инаку 2 ипол месеци сме. Сега за сега е топ бебка. Ама се плашам од тие скоковите што ги најавуваат
Да ги менувам на 6-8 часа ама и гледам често му се одлепуваат ги наоѓам насекаде во панталоните може затоа немаат ефект. Сега ставив и фластер
и јас се заканувам со легото. Инаку и мојов е по слободна игра, ама сега за да ги кренеме јас седам со него и редиме по шема. За да игра со мене на се ќе се согласи . За сега успешно, уште неколку ни останаа да направиме и ќе мора почесни место да им најдеме некоја полица за да му биде предизвик да стојат. И ќе купуваме одвреме навреме оо некое ново за да остане во форма, ама планирам да правиме и креваме. Ако не успее че мора да ги кренам на одредено време. Може не одма, ама за некој месец кога ќе почне да лази бебе обавезно. Не е само моменталната игра проблем, туку и да ги собира редовно постои ризик од оние најситните да остане, а шарен ни е тепихот и не се гледа. Мене не ме нервираат, јас ги обожавам. Да можам и јас секој ден нов сет ќе купувам и ќе редам , ама лего и бебе на под баш и не се добра комбинација И мене ми беше трауматично и со првото и сега. Ама убаво ми кажа еден педијатар, не е животозагрозувачко. Дури и да го искорнеш, покриваш со газа и носиш на лекар. А ова воопшто не е страшно. Штом си исчистила се ќе биде во ред.
Не дава со ноџоњата како зацементирани и се кога има проблем. Не ставам повој. Капки babyvit, д3+к1 и омега, биогаја. Моево не повраќа, од кога е само со мајчино па не ни бљуцка. Имаме мака до ждригањето до сега откако е дома дали 3 пати ждригнала. А ако не заспие на цице после тоа нема шанси никако ни нишкње пеење на глава преврти се џабе. Не знам како да го смениме тоа, како да заспива сама пд себе не само со цице. Многу се плаши во сон, многу ми е жал кога ја гледам. Тераме само доење, да видкме како напредуваме само со тоа, па малце е мачно може да бара на саат време а може да спие и по 3-4 часа без да се разбуди. Најчесто е првото. Кажувајте совети за заспивање.
@gothchick и кај нас истото се случува, ретко ждригнува, повеќе не ждригнува од што ждригнува. Ако му се ждригнува и лежејќи дур цица ќе си ждригне, ако не џабе позиции за ждригање. А цело време читам обавезно да ждригнеле после цицање. А навечер не ни пробувам да го ждригнам оти после спиење нема. И денски и навечер ако не заспие после цицање, нема шанси после ни со нишкање ни со шетање ни со пеење. Гледав некои трикови со галење на лицето од челото кон устата и поминување долж носот со прстот ама ништо не функционира, плаче дури, се нервира кога му ги правам.
Не знам дали има врска што е предвремено родено битно поголем дел од времето спие. Без редовни прозорци на будност, со тоа што може после будење/храна, во било кое време и по 2-3 часа да не презаспие,а може и со спиење да ја нахраниме и да си продолжи. Инаку веќе гледаме преку ден да е светло во собата, нормално бучно. А ноќе, затемнета собата. Оставам само мала ламбичка колку да можи да спремаме млеко.
Ке фати ред не се грижи. И ние бевме хаос со спиењето првиот месец, жива ненаспана бев и многу ми беше тешко. Цело време сакаше да цица, а преку ноќ се будеше многу често. Е кога наполни два месеци си фати ред за се, посебно за спиење. Сега си спие по цела ноќ, еднаш се буди за цицање сабајле и пак продолжува. Преку ден кога како, еден ден ке спие и по 2 сати една дремка , друг ден по пола сат, сат. А искрено го немам форсирано ништо, сам си фати ред. За навечер само се потрудив да имаме некоја рутина, ама ништо посебно. Менуваме пелена, тишина, ламба, цицање и тоа е тоа. А не ја буди мала е многу нормално е уште да нема никаков ред, а и не можеш да ја научиш на ништо толку мала. Како расне ке си фати. Од втор месец и некоја рутина си створите пробај така.
Во аптека ни рекоа дека не се сечеле... Инаку за бебе за после вакцина, на местото каде што е боцнато се ставаат, така? Мало парче да сечам од лепенката?
Ооо сестро златна, чул те еден Господ, кај сите да нѝ спијат. Одморени бебиња - одморени мајки = среќно семејство. Според доктор Гуднајт објавите, околу 9та недела фаќале ред. Леле ич не можам да се сетам со првото, ама мислам дека спиеше ноќта со будења за цицање, ама и тоа ми беше некогаш премногу. Како новороденче, де вака де така, ама како нова мајка ептен бев збунета. Колкаво ти е сега детето? И нели скоковите му влијаеа на сонот, не му се реметеше редот?
И матичниот и во диспанзер ни рекоа, 1 лепенка на 3 парчиња да се исече,преголема е за бебе… ама во аптека секогаш изиграваат доктори.. Колку пати сум отишла со барање за конкретен производ, и мора да понудат замена за производ што увезуваат.
Кај мене е на адаптирано на 3 часа. Имам и термос и дозерка за млеко до мене и неколку шишенца, да не морам ноќе да мијам. Ама сепак испрекинато спиење, не е тоа баш за одмор. Спремам една минута млеко, пие кога за 5, кога за 15 мин. Ако е полн памперсот чекам уште 15тина мин за промена. Макар што некогаш одам и на опција прво памперс, па млеко. А, и веќе гледам ноќе да проретчиме со менување. Што би се рекло и што значи од 3 часа од едно до друго хранење, половина поминал, само со храна и памперс. Ако веднаш презаспие бебе супер, ако не имаме кога 15тина минути презаспивање, кога будна си е до следно хранење. Значи во најдобар случај добивам по 2 часа можност за спиење меѓу секое хранење. Во најлош може и 3+ часа да сме двете будни ноќе. Кога би можело на пример да дадам поголема количина млеко, и наместо на 3, да го направиме будењето на 4 часа за почеток? Планирав некаде после 2, 2 и пол месеци да почнеме со таа варијанта.
Не пратам скокови, немам врска дали е во скок, кога има скокови...Ич не пратам. Мали бебиња се и се ми е нормално и да менува и да е кинкав некогаш и да не спие, тоа е. Ако знам дека е во скок ич ништо не ми значи. Лепенката веднаш после боцкање ја лепиш, на лице место или кога ке си дојдете дома?
Јас ја сечам на 4 дела, таман по две има за двете ножиња. Малку во фрижидер оставам и лепам на местото дека што е боцнато
Здраво мајки, почнавме со кашички пред некое време, но сега има запек, се нема искакано веќе 5 дена и кога напнува за какање вришти и плаче. Му дадов и кашичка од слива не помогна, чајче никако не сака, не знам што да правам. Педијатарот ни даде Дуфалак, ама рече да го земаме цел месец секоја вечер, прочитав во упатството дека може да предизвика пореметување на рефлексот за празнење и сега ми е страв да му дадам.. Ве молам за некој совет, жал ми е да го гледам како се мачи
Мајки денес бебе какаше 3 пати. Првата сабајле му беше целосно зелена, како боја на спанаќ, после мешана со жолто и последната жолта ама потечна како слуз. Утре ќе прашам педијатар секако, треба да паничам? Можно е да е од вакцината? Вчера не какаше воопшто па читав дека може да е зелена и ако е како отстоена. Имате слушнато вакво нешто, точно е?