Kako jas da sum pisela. Istooo skros pravam i jas, so toa sto veke edna nedela ne menuvam pampers nokje. Samo davam mleko na poluzaspana i ja cekam 15 min da zdrigne
Нуди почесто вода, во корито кога го бањаш нека полежи подолго во топла вода, авокадо, презреана банана, дупла доза пробиотик. Компир, морков и слично паузирај ги. Пробај и со масажи на меше и почесто да лежи на мешето.
Сега гледам, јас ставам лепенки и облекувам само хулахопки и така седи и на боди, да не ја трупам со облека, а хулахопкиве таман ги држат лепенките. На лепенкиве пишува 12 саати и тогаш менувАм. Лепенките инаку не ги сечам, цели ги ставам.
Може јас многу на мали ги сечам затоа не стојат. Следнио пат ќе пробам со поголеми. Веќе е подобар спие, од 4 часот нема температура и не е толку кенкав. Се надевам толку ќе е
Да, сечи мало парче. Мене и докторката и сестрата ми рекоа да ги сечам, сигурно нема цела лепенка да му ја ставам.
Инаку, не знам дали дека предвремено родено бебево или општо кај сите бебиња е така меѓутоа многу и се лушти кожичката. Почна на стомачето и нозете. Заврши таму, сега си се скроз мазни тие, па се лушти на лице и раце. Педијатарот вика да почекаме 10тина дена, па ако има потреба да менуваме козметика. Засега користиме шампон/купка и лосион за после капење на Чико.
Нормално е да им се лупи кожичката. На моето првин на телото му се лупеше, па на лицето. Само од себе престана, кожичката му е убава и мазна.
Бебе старо месец дена да спие навечер по пет шест часа нејадена? Никако не се освестува доволно за да поцица? Не секогаш вака али почесто, некогаш и преку ден.. Може и затоа не напредуваме во килажа, а адаптирано ич не сакам да и давам
Ве молам за искуство, на комбинирано хранење сме, меѓутоа во последно време одбивс флашичка после подој, последниве три дена вагата стагнира,знам дека не му е доволно само цицање (пелените не се тешки и мокри како што беа) Сменив флашичка, од бејби нова со тесно грло, земав со широко, не сака. Не сака бејби лов, не сака медела калма, на крај сакаше МАМ со две капки проток, и сега и тоа го одбива... Дајте идеја која флашичка е најблиска до облик на града .... Исто така ќе пробам и друго млеко, на аптамил е, ќе видам бебјби лов пре дали ќе сака.... Секој совет е добредојден!
DTPa IPV Hib HBV Pneumokokken. Ова се вакцините. Ако некој се разбира нека појасни кои се, јас појма немам
И моето навечер си спие од 4-6 саати и јас не го будам. Ама денски станува и на саат. А и според последното мерење напредува по 32 гр. дневно во просек. Не беше задоволна докторката, ми рече почесто на града ама навечер не го будам. А и кога ќе стане навечер временски цица помалку од денски. Мене сите ми кажаа навечер да не го будам, уште во болница. А плус и доените деца навечер примаат мелатонин од нас. Мој совет навечер да не го будиш ама денски обавезно, на два саати најмногу. Знам колку е претешко да разбудиш дете шо не станува, нит допирање, нит скубење помага. Мене така на почетокот ми намали на тежина, никако не можевме да го разбудиме. Пробај измолзувај се, ем лактација ќе зголемиш ако не е доволно, ем место адаптирано ќе можеш да му даваш мајчино во шишенце, ем и заспано ќе го испие и пратете тежина. Со тек на време сигурна сум дека ќе нема потреба од измолзено.
DTPa - Дифтерија тетанус пертусис IPV - Полиомиелитис Hib - Хемофилус инфлуенца тип Б HBV - Хепатит Б Pneumokokken - Превенар (Пневмокок)
Веќе скоро месец дена ние одвај стигнавме до тежинатА со која се роди.. Ептен веќе ме загрижува, а адаптирано да ме отепаш не сакам да и давам Или кажете нешто за зголемување лактација освен чаеви.. Или бебе ми е мрзливо па навечер кога имаат помалку млеко градите го мрзи давлече И на пример за колку време измолзувате 60мл? Може и немам доволно млеко јас
Молзи и нека цица, колку сака, кога сака. Чаеви по 3-4 чаши. Боза, безалкохолно пиво, сок од јаболко. Вода пиј. Молзи после секој подој. Јас сметам дека многу саати спие навечер без да цица. На почетокот го будев на 3 саати. Ќе го скубеш, ќе го штипеш, не знам дали патронажната ти покажа што да правиш. Со прст паралелно под брадата да го буцнеш.
Создавањето на млекото е побарувачка - понуда. Колку повеќе цица, ќе создадеш млеко. Почесто на града п.с не знам зошто аверзија кон АД, ништо страшно не е, и јас на почеток немав, па давав за да напредува. Според мене најбитно е на почеток да напредува, не битно дали ќе цица, молзено или АД. Сега е само на доење