Мене напротив ми рекоа да го будам, и да не е подолго од 3 часа без млеко оти може да дехидрира. Мало е, може има и жолтица и затоа спие, не е ок толку време без јадење
@Angi266 јас по околу 20 мл после подој, едвај 30 ама ретко за околу 20 мин, а сабајле обично околу 5-6 станува по 50-60 мл после подој за 15-20 мин. ама претходно 3-5 саати не цицал. Сега пробувам поинтензивно да се молзам, си викам да не немам доволно млеко. Гледам во текот на ноќта и сабајлето да е тоа обавезно бидејќи тогаш помалку цица. Мислам дека лекот е почесто на града, многу вода, јаткасти плодови и овес помагаат за зголемување на лактација, молзење и да го испие молзеното после подој. И не се секирај колку вадиш со пумпа, бебињата цицаат поефективно од пумпата. @Cloverrrr затоа и не се оптеретувам многу. Таа се водеше по некои не знам какви стандарди, му фалеле барем уште 100 гр. Јас еднаш во денот му давам молзено, ако не го испие го фрлам. И тоа кога гледам дека се буди одма после заспивање и бара пак да цица. За да не дехидрира се пратат мокрите пелени. Ако има околу 8 во денот (педијатарот ми рече убаво наполнети), нема гајле.
Живти мене кој доктор ти рекол да менуваш козметика оти бебе се лупи... нормално е, бебе е, ќе им падне и кожичката прва и косичката прва... Особено ова кај прематурните. Мене со првото ми рече да го масирам со уље додека се исчисти и стварно брзо се исчисти, за ова не ни прашав, си купив уље уште одма, се исчисти за 5 дена. И ние бевме на 1м со родилната, не му се сеќирај, штом почне да качува ќе земе сила. Кога пркна почна да цица и повеќе и подолго и пркна одма, за 2 недели качи 760гр. Важно е да не симнува, првиот месец треба да почне да качува и ќе се стабилизира после полесно ќе биде. За зголемување лактација само бебе на града, јас дојам едно и едно со молзено пред 7г, разлика огромна, за првото што се молзев нема што не испив, мечка се направив од сокови, џабе, со ова имам и повеќе млеко и поквалитетно ако може да се каже така, односно помасно, пошто го одмолзувам вишокот гледам дека е помасно од тоа со првото, горе се ствара еден мрсен дел како чеп едвај го растварам. Исто така со молзење едвај на 3 саати ќе се наполнеше, сега одма после доење за 15мин почнуваат да пецкаат градите. Така да доењето си има улога, биди упорна, молзи го останатото и ќе се зголеми лактација.
@AngelOfArh , благодарам. Ќе земам и масло екстра, па натаму ќе видиме. Во мојов град и нема избор на педијатри, така да што ќе ни кажат тоа, па после 300 консултации. Не можам да ја носам приватно секоја недела. И логистички затоа што треба во друг град, а и финансиски. Во врска со напредувањето, првите 10 дена дома, напредна 150тина грама и ни рекоа дека е премалку. После тоа со зголемена исхрана, става 40-45 грама дневно. Да не е ова многу? Вака според истиот педијатар со козметиките е супер.
Само адаптирано. После излегување од болница спрема тежината на бебе дававме по 40мл на 2-3 часа. Со ова немаше голем напредок. Потоа зголемивме на 60мл на максимум 3 часа и напредува супер. За брзо ќе треба повторно некои од хранењата да се со поголема количина. Ова бидејќи се работи за прематурно бебе, со помала тежина, не смеевме да дозволиме воопшто да не напредува, затоа се одлучивме за адаптирано. На почеток и по мала количина мајчино млеко со молзење. Сега веќе скоро воопшто не давам мајчино.
Ај членки уште едно прашање Кога е на мене нормално е подсвиткана како геврече Мајка ми ми вика сум ја држела како седната не чинело И дали смеам да ја ставам на пример на перница под агол да речам 30/40 степени да лежи оти не секогаш ми ждрига??
А во стомак стуткани како седеа? Моето цело време е ко седнато, така сам се мести, нозете си ги витка и така му е убаво. Јас знам и да го седнам кратко на нога зошто така најубаво ми ждригнува, на колено ќе го седнам го држам со едната рака, со другата тапкаме и за секунда ждригнува. Кај бебињата не е проблем седнувањето, немаат тие тежина која ќе ми ја свитка кичмата, проблем е што не се стабилни и може да паднат или лошо да се изместат нагло па да се повредат, иначе седењето како седење не е проблем, ова 3ца ортопеди ми го имаат кажано, ваљда не грешат сите 3ца. За лежење под агол нема проблем, само да е од грбот нагоре подигнато, не рамената само, затоа положбата во релаксатор е најубава а на перница голема е веројатноста да се сврти и падне, додека во релаксатор стои фиксирано. Јас го оставам и на перница за доење, еве моментално спие на неа, пошто не ми ждригна овој пат после цицање и да не стенка да се мачи, го легнав на неа, ама фиксиран е со перницата и нема опасност да падне, а на обична перница нема како да го фиксираш.
Иста е состојбата и кај нас, само моево после последниот ноќен подој саботира и не сака да цица по 5-6 саати. Му ставам града во уста, пробувам на сите начини да го натерам ама не му ни текнува да повлече. Редовно си полни пелени, ама дали е ова нормално стварно не знам..
Не и рекле да ја менува одма, туку да почекаат 10 дена да видат дали ќе има потреба да се смени или не. Мене, Живковиќ исто ме посоветува на почетокот бидејќи малиот имаше сува кожичка која се перуташе, рече да почнам да ја користам козметиката што ја имам, ако продолжи кожата да му е сува, да ја промениме.
Како ќе ти каже ортопед, така ќе правиш. Педијатрите обично препорачуваат широк повој, ортопедите не. Јас го послушав ортопедот и не ставив широк повој.
И мене така ми рече педијатарот ама бидејќи се пораѓав на државно а таму бебето не го прегледува ортопед, го однесов веднаш на ортопед, не чекав до втор месец, баш заради овие причини.
A se stavaat vo slucaj na pokacena tt ili moze odma po bocckanje preventivno? Inaku prva vakcina ke mu bide, 2 mesec i ne znam sto reakcija moze da ima
Одма после боцкање може,јас така ставив. И на моето први вакцини му беа, освен поспаност првиот ден, никакви реакции други немаше.
Јас не ставав широк повој. Колковите и коските се супер, јадра формирани. Уште пред да отидам на преглед, се консултирав со ортопедот, ми кажа ,,не". Само на Балканот ставаат широк повој. Фактички пелената ти е широк повој. Ти како сакаш. Мене не ми е пријатно бебето како жаба да го правам во нозете.
Може ли да ми кажете тие што ги доите бебињата како седите по дома облечени? Бидејќи бебе кога цица од една града знае млеко да протече од другата, или од нигде никаде навечер да потече и маицата лом. Ставам од влошките од аптека за гради. Друга идеа?
Друга идеја е шишенце да држиш и да го собираш млекото што ќе тече. Сигурно си скоро породена па затоа толку тече, ќе се регулира со тек на време.