Дали при доење градите ви се променија? Едната града видно ми стана поголема од другата, втора недела како дојам. Ќе остане така или се враќа во нормала?
Мојата е покрупна и така и давав до сега д3 со омега плус 3 Пливит или плус 1 Вигантол. Има оформени јадра мојата. Ама има време ќе се развијат до кај 9 месеци. Заедно ги давам јас.
Мојата се роди со дупка на едната страна, буквално имаше дупка од раката што ја чувала таму во матката. После гледав слики од ехо на сите е со рачето потпрено таму. Никаква перница не ми препорачаа, за неколку месеци се исправи самата, само ја местев на другата страна да спие дури беше помала. После си се местат како сакаат.
Од кога може да се даваат д3 капки и на која фирма давате? Уште му давам на бејбитол ама сакам капки да почнам.
Нас ни дадоа Бебитол Д3 со Омега 3, плус Вигантол 2 капки заради тоа што многу расте во висина. Сето тоа заедно ги пие.
Даа и кај мене бебче и во висина расте а и крупничок си е па сега ни рече по 3 капки д3 плус што ги давам д3 со омега на бејбитол.
Исти сме и ние, од бебе што само заспиваше сега во раце и по цел час плаче се тегне едвај заспива и плаче и липа во сон...до кога ќе трае незнам ама тешко е
Мајки каде грешам со памперсите стварно незнам ама неможам да погодам памперс. Користев виолета, слипи натурал и памперс актив бејби и сите ми пропуштаат. Слипи натурал најнезадоволна сум, виолета знае да пропушти често мочки посебно навечер, и еве втора вечер користам памперс актив бејби 2 првата вечер пропушти кака ама се немаше олеснато 2 дена, а синоќа пропушти пак само мочки пресоблечена во 23и30 до 5и30 наутро. Предолго ли е да не треба постегнато стварно незнам каде грешам ? Инаку е 5 недела и 3.5 кг мислам дека ја користам соодветната бројка на памперс.
Јас ги користам слипи натурал и до сега многу малку ми имаат препуштено и тоа кога беше многу мала првите денови. За 3.5кг пробај со број 3 што е од 4кг пакувањето. Од кога доби на килажа ми немаат пропуштено. Навечер ставам кај 10-10ипол часот и дури сабајле околу 9 часот кога станува и ја менувам. Мочана е ни не препушта. Дали ластиците и ги извадуваш надвор кај битките што се, исто провери напред дали е убаво стегнета да не е ного лабаво, исто и одпозади на грбот провери дали е лабаво.
Мислам на хрчкање како прасенце, како при земање воздух, па ќе се потегне и ќе прекине. .ако имала некоја ваков проблем, нека пише плис.
Памперс 2ка ставаш така? Ако има 3.5кг можеби уште треба 1ца, да не и е голем памперсот? И јас купувам памперс актив и не му пропушта. Цела ноќ не му менувам памперс. Има преку 6кг и му ставам двојка.
Прави мојот уште вака. Само ми кажаа дека е нормално, а не ми ни текна да прашам кога бевме на последна контрола пред да направи месец до кога е нормално. И јас едвај чекам да престане зошто ми е жал да го слушам.