Нас за рота ни рекоа до 12та недела секако мора да прими. За сите останати можи и малку да одложуваме бидејќи е предвремено родено, меѓутоа за рота, не.
Од 2 месеци почна и моето да ги става еве 4 е уште трае тоа. Сто лигарници на ден менувам. Не му бранам, така си истражува и се смирува
Мајки, леле ама ме живцира ова грчкање кога спие, повремено е, ама ме алармира дека за брзо ќе се разбуди а тек сум седнала на компјутер. Кажете кога се губи? Кога им се прилагодува дишењето? @Iris-1234 твоето е 2 месеци, има промени од првиот месец? И знам дека пројави грчеви, дали му поминаа? Дали гуга, доби поинаков лик? Гледате колку сум нестрплива да го претрчам периодов, и досадно ми е, и веќе видено некои нешта, и ми се излегува и ми се бега негде. Сакам бебе што ќе спие и ќе си се одмори. Вчера ноќта едвај најдовме позиција за спиење, на мене. Со маж ми сврзавме два три сати. Ех да живеевме во куќа, подруго ќе ми беше, во станов како тесно ми е, се гушам. На сите страни паметов ми штрака, од што сум немирна.
Моето за некој ден ќе прави 3 месеци ама да, кога направи 2 месеци имаше големи промени, грчевите значително му се намалија, помалку плачеше, почна да гуга, да се смешка почесто, баш како да порасна. Ептен те разбирам, навистина ко што велиш, и мене ми се бегаше негде, не можев да издржам. Ненаспана, преморена, бебе плачливо од грчеви абе хаос, некогаш седнував и плачев заедно со него. Амааа, добрата вест е дека сè поминува, само човек треба да издржи. Мојот сега почна убаво да спие, легнува околу 9 и ја преспива цела ноќ до 8 сабајле со едно до две будења за цицање, а претходно пред 12 не легнуваше, а кога му беа грчевите до 2 навечер плачеше и не спиеше (со маж ми едвај чекавме 2 часот да прекрши затоа што знаевме дека ќе заспие и ние ќе си легнеме). Е сега во трет скок сме, ситуацијата е засега мирна, скокот е прилично краток, а лошата вест е што се ближи четврт скок кој се плашам дека ќе ни го расипе редот кој конечно го фативме.
ооООх Ирис да сме таа среќа, да почне по повеќе часа да спие! Можда и после 6 недели ќе биде подруго, здравје Боже. Само го доиш или со дохрана навечер? Дали од почеток во креветче го ставаш или до тебе спие? Што му даваше за грчеви и дали припазуваш на храната? Стомачето тврдо му беше тогаш и дали какаше/прдеше често?
Рота до крај на 14 недела прва доза а сите три до пред навршени 8 месеци, така е по ново.Син ми прва ја прими 14+5
Па некогаш знам шишенце дохрана да дадам навечер кога сум преморена па татко му го заспива. Цело време спиеше до мене и така најлесно ми беше да цица, сега почнав да го ставам во креветче ама на првото будење за цицање го земам до мене и не го враќам назад. Од почеток пазам на храната ама сепак имаше грчеви. Уште пазам ама полека почнувам да сд опуштам. За грчевите давав пробиотик (прво Биогаја, па Бејбитол неонат, па сега Џејмисон), Колипрев и Саб Симплекс, масажички и топли облоги. За грчевите треба само живци, реално ништо не помага многу, само ублажува ама поминуваат, мешето никогаш не му беше тврдо, си какаше и си прдеше.
@oblace1 Не е така. Рота прва доза може да се прими најдоцна до 11 недели и 6 дена, некни го вакцинирав и баш докторката рече дека последниот воз го фативме.
И јас вака знам.. Со полни 12 недели веќе не ја давале. Ова е од патронажна сестра муабет. Со полни 2 месеци
Како правеше кога добиваше грчеви? Како се однесуваше покрај плачењето? Нон стоп плачеше или спискај па прекини
Никако не правев, нема многу што да правиш. Го држиш во раце, го гушкаш, го нишкаш, ставаш топло на мешето и чекаш да помине... Некогаш ќе спискаше па ќе прекинеше, некогаш знаеше и долго да плаче, затоа викам живци ти требаат само и тоа е, чекаш да помине.
Кога прв пат отидовте на ортопед и каде? Кога би требало да се формираат тие јадренца? Давам D3+K1 На Babytol. Да ми препорачате некој добар во Скопје, без разлика приватно/државно? Бебе ми е 19 дена. Највеќе ми е и за широкиот повој, еден ми вика ставај друг вика не ставај...
Јас се опседнав. Само читам искуства на форумов, а ме заситува, а друго да земам немам волја. Ќе потсредам дома малку, ќе јадам и тоа е. И другите вака ко мене висите на форумов, а всушност главата ви е преполна? Туку, дали ти фали навистина бебешката фаза?
Не знам. Уште е бебе. Се исправа лази, дофаќа се. Од оваа перспектива, да,ми фалат првите 2-3 месеци кога највеќе спиеше и само лежеше. Ама па расте, ќе биде полесно.
Ние денес сме 6 недели, го знам гоа грчкање/ хрчење незнам ни што е, се помалку и помалку го има , еве вчера го немаше. Имавме валови од грчеви што ми се плачеше ,како ќе дојдеше 21:00 до 01:30 плачеше.. не давав капки се помирив дека мора да пројде. Ставав топли облоги на стомак, ми помагаше и една вежба земи го гушни го лицето накај тебе свиткај ги ноџињата раката под газ и прави кратки чучњеви,(ваљда објаснив) за минута се смируваше у најдобар случај заспиваше. Пробај не губиш ништо. Сега фала богу ретко ги има, и кога ги има се кратки. Почна гугање па се смешка циркус е.