Леле ајде троа надеж во ова деправа. Кажии колку е нервозно тој звукот. Кога правеше така? Знаеш онака грлено прави. Како грофтање на моменти, ама нели побебешки. Мојов дури спие, ако се истегнува или вртка така знае да прави. Грчевите кога почнаа? Да земам Колипрев се мислам и некој пробиотик како превентива? Инаку, кака сенф жолто, како врвчиња текстура, лепливо така изгледа, како боја за мачкање хаха. Ја сфатив вежбата. И кажи ми со спиењето се подобри ли или како и да беше на почетокот?
Другарки јас се одјавувам од темава, 6кава ја дочекавме со едно запче, кога ли поминаа овие 6 месеци, гушкајте бебуши, пребрзо растат.
Да ни јас не знаев давав други капки 500 ден што беа и матичната ми рече дека пливит се на рецепта и скоро бесплатно ми доаѓаат
Моето ја прими на 14 недели и 5 дена и јас се бунев и ми кажаа дека сега се продолжени роковите.Еве треба уште трета доза да прими закажано ни е на 15 март тогаш ке има 6.5 месеци.
Мајки, шо им прајте на бебињата дури се будни? Знам смешно е, ама еве ако не седи во креветче разбудено, шо да правам? @Lina-Detelina по колку време е разбудено твоето преку ден?
На два месеци прв пат отидов кај Видоевски. Не знам кај си се пораѓала, на самиот картон од болница така ми пишуваше. Јадренцата мислам тогаш беа формирани, ако не тогаш, сега на 5 сигурно се. Дозата на вит. Д ја одредува доктор. Моето прима само на Бебитол. Рече дека ако правилно се развива, нема потреба од поголеми дози. Секое бебе за себе. Широк повој кај Видоевски нема да чуеш. Јас го послушав и се си е во најдобар ред.
Вие што ќе влегувате во 4ти скок да знаете дека има надеж и подобро утре. Може и во таква фаза сме. За прв пат го прошетав бебето без да плаче, да вришти за во раце. Си седеше во количка и си гледаше. Вчера цела вечер си ја врза. Се смешка, гуга, се радува на работи, препознава. Одморена сум и не сум толку нервозна. Дури и 6 лажички кашичка си изеде без да ми ја плукне во фаца. Сака да си игра со топчиња. За заспивање без многу драми заспива. Знае да поцица и додека седам, за разлика од претходно што не смеев да седнам. Вака да е, уште цел фудбалски тим ќе родам. Нека потрае.
Сега кога е потопло шетаме/седиме надвор 20-30 минути. Некое време си лежи во креветче или на гарнитура. Имаме релаксатор/нишалка, па по 15тина мин во него. Некогаш слушаме музика. Во краен случај ја држиме в раце. Во план сум од следна недела да почнеме со tummy time. Генерално до сега не е многу време будна ама гледам дека веќе се зголемува тој период.
Во кој пункт се вакцинирате, ние бевме 12+3 и не ни ја ставија во Идадија, бевме претходно настинати и во болница и го испуштивме рокот ни кажаа дека не се прима после 12та недела..ова нешто ново сигурно
Мајки не знам во која тема пишувавте затоа пишав во двете.. Зборувавте за некои лепенки кои се лепат на креветче и со кромидот како се правеше за затнато носе. До вчера ништо не и беше ноќеска наеднаш преку ноќ носот почна да шмрчка и не спиеше убаво цела ноќ. Сабајле со аквамарис спреј и со носефрида извадив мрсули течни прозирни не беа како секрет со боја. Кога е во раце исправена не се слуша кога лежи се слуша како многу секрет да има не можам да и го извадам остај таа што рика и не ме пушта па и не излага ништо. Како да и помогнам?
Во Железничар тие што беа после нас беа 12 недели и неколку дена, ги вратија за Рота, им рекоа не се става толку доцна, а ние со 11+6 последниот воз го фативме.
Do 90min pisuvase na Dr. Goodnight Mojava zavcera bese budna od sabajle od 9 do 2 na pladne, nejkese nikako da prezaspie (site varijanti gi isprobavme i ne) nie sme veke mesec ama ima takvi momenti. Na primer denes samo spie. Stanuva za mleko na 3,3ipol casa i odma si zaspiva.
Има надеж и те како Иначе повеќе така праи кога спие, и на почеток висев над него мислев нешто му се дешава ќе се удави или слично. Грчевите почмаа од 3та недела дс се појавиваат..4тата ги имаше највеќе Можеш да земеш ете за недај боже, мада што вика мојава докторка никој не ти гарантира дека ќе помогне, треба да пробаш 5 врсти да видиш кои му одговараат додека ги најдеш поминале грчевите, ја неколку пати давав ким може и тоа помогна што знам Ма на почетокот не спиеше дали од грчевите незнам битно не спиеше! Баш прашував доктор дали е нормално волкацко бебе да биде будно.. Сега фала Богу да чукнам у дрво се буди само за јадење.. јес да имаме цела церемонија да се заспиеме ама нема врска. Мислев дека ќе остане така ама детево преку ноќ се смени пу пу само на добро Да ко сенф и има бели.. како цепкани лифчиња нормално било
Во Куманово,беше анемичен кога отидовме прв пат на 12 недели па ни ја одложија на 14, јас пишував тогаш и тука, се бунев да не ја прима ми рекоа со сигурност дека може,дека тоа се нови насоки од министерство, прва доза прими во Декември, втораа после 6 недели, еве сега пак после 6-7недели треба да прими трета доза тогаш ке има точно 6.5 месеци.
Мајки бебе е 4 месеци во 4 скок сме кенкаво е не спие и се со ред, ама вчера и денес навечер одеднаш почнува многу да плаче и едвај се смируваме. Сега спие во раце ама липка долго време не може да се смири. Не би требало да се грчеви волку касно, иако има и гасови и се стега на моменти. Дали сте имале слично искуство?
Исто и кај нас. Еден месец е бебе. На пример се случува да спие од 7 часот наутро до 13:00 со тоа што и даваме храна и бањање некогаш и е наутро. За храна не се ни буди често. Со бањањето е 15тина минути будна. После 13:00 може да е околу час будна, може да е и 3-4 часа. Сакам да кажам сеуште нема ред и јасни прозорци на будност. Пред некоја ноќ беше будна од 22:00 до 03:00 часот. Останатите ноќи освен за храна по 10-15 минути цело време си спие. Сеуште како родители не сме опуштени да шетаме долго или да превземаме одредени активности со бебе. Некако се ни се врти околу нејзиниот термин за хранење и покрај тоа што е на Ад. Мислев веднаш ќе се опуштиме и продолжиме турбо како и претходно ама не било исто.
Од 9-2 на пладне е премногу за 2м бебе затоа не сакала да заспие, јас по оваа табела се водам и ако од икс причини сме ја прескокнале секогаш сум имала проблем со заспивање