Ова не е аспиратор, го водат како Пумпица за носе, и да, ни одблуски не се ефективни колку аспираторите за влечење со уста Мама25, менувај го одма, ќе го видиш благодетот верувај
Ајде јас повторно да ги прашам мамичките кои даваат само адаптирано млеко бидејќи повторно се заглавивме со хранењето на неполни 2 месеци односно на околу 50 дена колку мл адаптирано млеко пиеше бебчето за 24 часа . Знам дека овие вредности се ориентациони и нема правило ама ќе ми служи како насока . Ние пиеме сега околу 730 мл па се мислам дали и е малку или многу зашто некогаш ги одбива некогаш како ненајдадена е а некогаш преспива цел оброк т,е спие 5 часа . Благодарам однапред
не се сеќеавам јас колку му давав ама во книгата што ја имам готвач за бебе пиши бебе влезено во трети месец треба да пие по 120 до 150 мл од оброк а во четврти месец од 140 до 150 мл на оброк, зависи од апетитот. е јас не се ориентирав по ова кога почнав да му го зголемувам оброкот ми повраќаше па му го намалив и го прегладнев скоро месец какаше зелено одвај го опоравив. направи му ти по 150 вода па ќе видиш како ќе ти јади.
Stefi 23 тоа е маката ако и направам 120 почна да повраќа тоа завчера со 110 некако гладна останува денес со 110 сабајле во 9 и 12 поврати а во 3 и 6 не можев да ја најадам
Јас кога давам оброк АД и давам по 60мл, + цица, се на се не верувам повеќе од 90мл да јаде. Доволно и е.
јас тој период му давав по 7оброци и како што пиши на кутијата кога почнав да му зголемувам ми повраќаше па му намалив и го прегладнив. давај му на 3 сати па сега за сега прај му со 120 па потаму зголеми му пред да влези во 4. колку што ќе испие нека испие понудувај му по поќе. \ друго е кога цица. отприлика знајсш колку има цицано па ќе му направиш ад а вака кога е цело врема со ад треба да си пие онолку колку што пиши на кутијата. ако не на почеток од месецот ама на средина треба да внеси толку колку што пиши на кутијата. ама меу и вие сте во трет месец по колку пати ти цица денот. леле мене паника ме ваќа вака да не гладо бебето??? за моето се изгорив сега совет ви давам
Стефи23 м фала многу така и ќе праам со 120 мл посигурно е . Меу и јас кога доев до 32 ден прво пиеше по 40 мл а потоа си покачи до 60 мл па јас снемав млеко и се се измеша инаку тие 40 мл и 60 мл беа константа се знаеше на колку саати до мл точно за АД а сега еден оброк појќе друг помалку и на крај збунка
Немора секое јадење да биде иста количина, и ние не јадеме секогаш исто. А јас кога има потреба од АД прво давам тоа па после цица. Инаку треба по 110мл да пие според кутијата.Никогаш и немам толку дадено
Табелата на кутијата е ориентациона и на аптамилот нашето АД тотално нелогична на пример вика дете од 2 месеци треба да пие 120 мл по 5 оброци значи за 24 часа тоа се 600 мл поделено во 8 оброци колку што јаде моето дете тоа се 80 и нешто мл ама според табелата ова дете трба д аима 3,5 кила е сеа за дете од 4-4,5 кила колку што ние тежиме треба да пие 150 мл во 5 оброци значи 750 мл поделено со 8 оброци 90 и нешто мл по оброк ама според табелата ова дете има 3 месеци навршено така да е тотално нелогична дете од 2 месеци да тежи 3 кила бидејќи пола од доносените деца тежат 3 кила од старт мислам баш така меу
јас на ќекрами ниту и мерам колку јаде, ниту колку оброци дневно ни ништо одлучив да не ја форсирам кога и се јаде, а тоа е на 3часа најмногу 3,5 и давам и готово не можам со сила да и буткам да јаде кога не сака.. по водата гледам дека за 2,5 дена трошиме 1,5л вода и мислам дека е доволно ние сме веќе 6 кг пие по 90 мл а некогаш и по 120 обично навечер.
Кај нас маката е што ако не припазувам ќе треба да доправам на пример конкретно денеска и давам во 6 110 мл си ги испива во 9 и давам 110 мл се праи лом од повраќање истото се случува и во 12 е сеа во 12 покрај повраќањето уште бара да јаде и порано правев вака и доправав уште 60 мл од тие 60 мл она испиваше 30-40 и потоа се будеше не на 3 туку на 2 или 2.5 часа и интервалот од 3 часа почнува да се губи . кога се губи овој интервал храната не се вари убаво и желудникот се оптеретува и сеа ако и додадев во 12 ќе станеше во 2и пол на пример и од понудените 110 она ке испие некаде 80 ке заспие па ќе се разбуди по саат да ги допие другите 30 па пак ќе стане за 2 саати да си бара нови 110 а дали ќе ги испие или ќе ги сецка како што наведов погоре е извесно почесто почнува така да ги сецка и се губи редот желудникот се оптеретува она се полни со гасови почнуваат интензивни грчеви она почесто повраќа и тоа станува измачување и за неа и за мене зашто испаѓа на саат време ја ранам по малку на крајот а количината што ја јадеме ја изгубив зашто не префрлија на хипп од кој пиеше помалку за кој мислам пишав ми донесе некои десетина хорор денови па си се вративме на старо . А сега праам вака ако поврати и додавам чајче мислам дека споспобна тогаш 100 кила да испие ама се лажеме некако мада го приметува вкусот се мршти и некогаш плаче а во оброкот во 6 и праам 10 мл повеќе зашто секогаш тогаш ми останува како ненајадена . Некогаш уште еден оброк останува ненајадена како денес во 3 ама за тој се нишкаме па не плаче многу и насекои 7 дена и накачувам по 10 мл и гледам како ги прифаќа а пред 7 дена накачувам ако 3 оброка по ред ми остане ненајадена unique chick испаѓа дека мојава е голема лапачка не буткам со сила туку ија вадам цуцлата се шалам
Уф, здраво и од нас по напорни неколку дена. Малиот мој, и онака си кивнуваше по малкуцка, ама еве ми го сега му се слеваат мрсулките и ми поткашлува, а не е Боже чувај грип или слично. Си цица убаво и си спиеше убаво до пред два дена, а еве денес втор ден како се мачи да спие убаво. Ќе дремна час или час и половина и еве ми го станал,а колку убаво се научивме по цела ноќ да си спие и да не бара цице. А на вакцина сме за две недели, а сестрата медицинска ми рече ако немал температура, или треска да го носам, а како само се мислам ако не се промени ситацијава?Ставаме капки, влечиме со аспиратор и спиеме на високо, се капиме во солена вода со пареа насекаде во цело купатило, веќе друго не знам како да му помогнам со ова поткашлувањево. Став ми е да не слези на плуќа не дај Боќе па да си имаме проблеми подоцна. Некој совет, секој е очајно добредојден.
A да посетите лекар да го види грлцето и да одлучи дали сето ова е доволно или му се потребни сирупчиња за кашлица како проспан на пример или во краен случај антибиотик , секако имате доволно време да се средите во тек на овие 2 недели потоа да направите крвна слика и да си се вакцинирате
Јас сакам да ги прашам мамичките кои имаат бебиња на 9 месечна возраст и поголемки.. Еве вака моето овој период е мнооооогу приврзана за мене , само кај мене сака да е, ако ме види плаче по мене , без разлика кај кој е ... читав во една книга дека на таа возраст почнуваат да разбираат , тоес да знаат кој е кој ... еве ја во момнтов додека пишувам лазејки дојде до мене и ме фати за папучките и не ме пушта . Сака само со мене да е , сака со мене да си игра .ептен е привразна за мене . Со татко и знае да се заигра и се тоа ...амааа а ме види одма по мене тоа чудо некое Дали и кај вашиве бебушки е истата ситуација или па ....
Да, само кај секое бебе е во различен период - кај мојата беше покасно од тоа, после 14-15 месец. Фаза е, ќе помине, до тогаш уживај
И јас како Маченце за истото ќе се жалев. Мојава дури и кај мм не сака да седи, почна човеков да се преиспитува во неговите татковски моќи и прави се што сака а она пак пишти да седи со мене иако знае дека он повеќе ќе ја игра па макар и 15-20 мин. Добро штом викате дека е фаза, инаку ќе почнев и у wc да ја носам со мене
Мамичи еве не и нас. Пред неколку дена многу убав ред си фати, си спиеше навечер и по 6ч без будење. Но, веќе 4 дена станува по неколку пати(3-4), цица и заспива. Со мрсули и шлајмови уште сме во иста ситуација. Туку маката ни е друга сега. Денес земавме крв, хемоглобинот ни е на долна граница, па матичната ми кажа да давам обавезно Ферум лек по пола лажичка на ден, а и јас да пијам. Моноцити и тромбоцити ни се високи но за нив ми кажа дека е нормално. Исто така и ЦРП ни е во ред. Сега ве молам за искуства , јас земав Бебе вит, витамини кои дополнително ќе ги давам, но со ова Ферум лек немам искуство и незнам како реагираат децата на него. Да не повраќаат случајно и сл., дали можеби има некој подобар???? Ме интересираат ваши искуства да прочитам. Ви благодарам многу.