Често се случуваше, сега како расне многу поретко станува. Мислам дека е од голтање воздух, ќе подригне, се враќа млекото и почнува да ика. Јас не сум обрнала многу внимание на ова, го исправам и за некое време прекинува.
Нормално е, уште не е развиено тоа што го викаат капаче на желудникот. Икањето е од воздух што голтаат ко ќе пијат млеко или цицаат. Ако е рефлукс најчесто повраќаат во млаз. А така ко ќе се скиселат и затресат малку е од враќање на млекото во усте, мојата и си џвакаше после. Како што расте ќе се намали тоа, опушти се малце.
Дај боже што побрзп да му помине. Не сум мирна, откако пишував со една мајка, чие бебе имало масивен рефлукс, докажан со ехо. Нејзиното не повраќало, качувало тежина, а сепак имало рефлукс. Сега ми се стави мисла, утре на преглед го носам да го мериме. Ми пречи грофкањето и тоа што изгледа ко да му се подвраќа киселинка па какво фаце прави. Така и нејзнјото правело. Уф ајде ќе следам. Фала ви
Мислам дека има и порано, ама минимални. Можеби тие во подоцни недели се поизразени. Еве во текстов. https://babyshop.mk/skokovi-vo-razvoj-na-bebinjata/
Што да користам за бубулици на лице? Секој ден се повеќе му се појавуваат, 3 недели ми е бебето, го бришев со камилица и тупферче, го смирува ама за некој саат пак се вцрвенуваат и уште повеќе има. Грев ми е да го гледам така. Не се ова бебешки акни тие ги имаше на раѓање, му поминаа, овие се нови...стварно се нервирам.
Какви стимулации за развој се прават на бебе од месец дена? Почнавме со ставање на стомаче по некоја минута. Не прави проблем за лежење. Генерално има контрола на главата меѓутоа на стомаче сеуште ја немаме оставено подолго од 2-3 минути. Пробав со различни тропалки да привлечам внимание кога е во креветче меѓутоа сеуште нема реакции на истите. Што друго би можело да се прави?
Подолго држи го исправено, моето е предвремено и го држам по пола саат исправено. Да не заречам до сега нема повратено еднаш само од носе му излезе и толку.
Ништо не ставај, измивање само со вода, сами од себе ќе поминат. Нормални се тие акни, од хормоните се појавуваат.
На мустела има една крема за такви работи за бубулички, рани црвенила. Види просурфај не сум користела но сум ја видела
Ве молам за совет. Детето никако не сака на стомаче, уште малку 4 месеци полниме. Со сила и нервирање едвај 5 минути на ден и тоа така од како е родено. Главчето го крева уште одамна ама нормално не може уште црврсто да го држи и му паѓа и многу се нервира. Стварно не знам што да правам. Читав дека требело од третиот месец по 30 или 40 минути на стомаче а ние едвај 5 на сила.
На бебињата до 3 месеци им требаат само родителите. Се препорачува да се избегнуваат различни стимулации, а тука спаѓаат и тропалки посебно ако се во јаки бои. Многу лесно кај бебињата доаѓа до преголема стимулација од звуци, бои и сл. и после може да е поплачливо, потешко да заспива. Тропалките се оставаат за после 3 месеци. Звук и предмети почнуваат да следат на 3 месеци, така што во тој поглед нема паника за грижа. Еве јас што правам: го ставам на стомаче по 2-3 пати во денот, ако е расположен може и повеќе по 2-3 мин. На стомаче лежи на креветот или на мене, меѓу втор и трет месец планирам и на под да почнам. Му пеам песни и му зборувам додека лежи во кревет или го носам во раце, го ставам исто да лежи на страна и да гледа во високо контрастни предмети (во црно-бела боја, на оваа возраст гледаат само високи контрасти), можете и вие да носите облека во црно-бела боја. Предметите или фотографиите треба да се постават на растојание од 20-25 цм. На толкаво растојание гледаат новороденчињата. И толку. Исто така е важно правилно да се носи детето, правилно да се крева и спушта. Има вежби на YouTube, како baby handling барајте ги.
И моето ика толку често. Со спиењето те читав, како сте дење со спиење? Моево скоро цел ден го преспива дури и за цицање сама ја будам инаку не и текнува, врзува скоро по 5-6 сати, а ноќе сме без спиење, главата ноќеска ужасно ме болеше.
Пробај денски да ја заспиваш на светло и со некоја музика што си слушаш или ТВ во позадина на тивко а навечер, темница, бел шум, доење и да заспие и да ги врзе тие 5-6саати ноќе. Има помешано ден и ноќ. Кај нас упали ова и до сега немаме проблем
5 6 часа во едно спиење или поделено? И мојов толку спие поделено во неколку дремки. И со првото дете така беше и ми изгледаше премногу заспивање. Најмачна работа во мајчинството засега ми е да заспијам бебе. Навечер исто потешко заспива или не одржува долго. Час два секоја ноќ мора да е буден. Навечер читав ноќното заспивање да било од 20 до 22 часот за бебиња до 3 месеци мислам. И мора бар еден час да е будно пред ноќното. Инаку во креветче ја легнуваш? Што правите навечер, вчера пример, кога не спие?
Ја бришам само школката со чиста тетра пелена после капење, ама гледам дека многу и лачат. Педијатар ми рече никако со стапчиња за уши.