Време е да најдете матичен, треба бебето на месечни контроли да оди, да ве упати за вакцини, ортопед итн. Јас добив дозвола од лекар да инхалирам секогаш кога се затнува, ти прво консултирај се. Имам инхалатор дома со мала маска и ставам физиолошки. Имаш апаратче што мери или на самиот навлажнувач гледаш? Јас сакам да земам апаратче прво да видам ситуација, па по потреба да земам навлажнувач. Некоја што купила да ми каже каков и од каде? На прочистувачот секогаш ми покажува околу 40-50% ама што знам колку е веродостоен.
Па да скоро без прекин спие, ти викам за цицање ја будам или сама ако стане. Кратко и пак заспива. Денес ја легнав во креветче, навечер до мене ја оставам. Кога не спие се држиме, т.е таа заспива ама спие во раце ако ја оставам се буди. Така докај некое време, додека се измори и таа па заспива и до сабајле се буди на 1 час за цицање, а некогаш врзува 2 3 часа. Ама минатата ноќ ме испремори. Папочето падна кај вас? Кај нас уште не е.
Update - Веќе втор ден бебе без пробиотик со тоа што продолжив да давам Еспумисан еднаш во денот. Денес е со честа и баш мека столица. Не се мачи воопшто. Можеби случајност ама ќе препишам на пробиотикот дека правел проблем. @gothchick , кај вас како е?
Имам апаратче, моментално ми е 50%. Апаратчето за џабе пари го купив, а е точно. Кога ке отворам врата од тераса да излуфтирам паѓА на 20-30% влажност. Исто и во спална имам таму е влажност 57-58 без навлажнувач.
Враќање на засирено млеко ви се случило? За што беше знак? Само малку две три точки на јазичето забележав, ништо надвор од уста.
Мојот е од алиекспрес некаде 150 ден беше. Убав е, точен, има повеќе опции во кој и дава знак дали има мувла во близина
Не знам за трета недела, ама во 5та недела детево ми е сменето за 180 степени. Од бебе кое по цел ден спие и ние одморени и сработено низ дома и ручек и алишта средени, се претвори оваа недела во дете кое преку ден има неколку дремки по половина час и тие проследени со звуци, со викање, со плачки. Остатокот од времето само во раце. Успеваме малку да се смири кога е надвор или по 10-15 минути во релаксатор. Неколку денови не знам спиење што е.
Прават вашите бебиња кога спијат како да сонуваат нешто страшно.. дише побрзо и прави некои гримаси како за плачење, а некогаш и звуци пушта? Дали кај некое бебе паднало папочето подоцна? Ние сме 18 дена уште не е паднато.
Мислам има некој скок тука. И мојата исто така. После 40 дена, намали на дневни дремки и почна да заспива навечер во 1-2. Ама менуваат ако е од утеха А кога ќе ми текна дека првите 40 дена се убивав од плачење и грижење, а тогаш најмногу спиеше, се будеше само за цицање, плус имаше и жолтица, абе мислиш немаме бебе дома хаха е сега нема, пројде тоа и цело време така, нешто ново, па ќе пројде тоа па друго....живи и здрави да се само. П.с. има апликација околу 5-6 долари е, wonder weeks, за скоковите во развој, ги следи и ги опишува детално со предлози за игри за развој.
Едно подебелко ќебенце плико со патент а под него потенко, па го отворам подебелкото и покриена е со потенкото да ја фати малку воздух. Се си мислам дека и студи, не знам колку е океј ова зашто мн е топло а истовремено дувка некое ветренце, не знам...
Да, се вика active sleep. Мрда, прета, испушта гласен крик и продолжува. За папчето не знам, ама продолжете си со нега и дезинфекција, ќе си падне.
За дома боди на долги или кратки, памучно комплетче и чорапчиња. За надвор капче и скафандер мек од овие како мече што се. Ја шетаме со транспортер на количка така да и транспортерот мислам држи топло. Плус и тенко ќебенце од горе.