Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.424
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    А зошто да не спие во иста соба со вас? На толку мали бебиња местото им е во соба со родителите. Му фали блискост и сигурност, нормално е да не сака да спие во детска само.
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.350
    Пол:
    Женски
    Здраво, не сум многу активна во последно време, сакам да ги прашам мајките што дојат за совет, ми се јави згрутчување на града или запушен канал по должина на лева града, правам масажи со масло, топли облоги ставам и бебето цица од таа града, целата града е омекната ама веќе 3 ден си стои ствднувањето. И претходно имав стврднување ама поминуваа со масажи и цицање, се плашам да не е некоја инфекција.:(Малку боли на допир ама е непријатно зашто знам дека е тука. Дали ќе помине само од себе или морам да се јавам на лекар? Дали се прима терапија ако подолго време стои запушувањето? Фала ви однапред.
     
  3. Bebce ❤️❤️❤️

    Bebce ❤️❤️❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2021
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Расоблечи го да не е облечено многу ке го избањаш со не многу топла вода така поладна и јас сирупче му давам далерон, ние бевме со температура пред 4 дена така ја намалував
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    5.943
    Тек три недели сте и веќе прашуваш до кога трае :D да те утешам, порано или подоцна поминува, кога ќе напунат едно 10, 11 години ваљда ќе стане полесно :D
    Шала на страна, и кај мене беше слична ситуацијата, едниот близнак беше многу поплачлив, по needy а за другиов викав дека 10 ќе исчувам како него :D let's just say дека не викам веќе така :D ќе менуваат, некогаш на недела, некогаш на еден ден, еден ќе писка поише, некад ќе пискаат и двајцата. Премногу се мали да имаат ред, тоа што едното ти е мирно сега не значи дека е ставен во ред, можеби е понезависен, можеби нема грчеви и дај боже да си остане мирно. За грижа на совест скроз те разбирам, исто и јас имав зашто не стигав да се посветам на мирното бебе зашто другово нон стоп ми беше во раце. Па користев прилика кога не спиеше а брат му спиеше да го изнагушкам. На крај, не ти се мешам во избор да ги оставиш во посебна соба ама мое мислење е дека се премногу мали, до вчера во меше гушнати на топло сега во голем ладен свет, не знаат кај се наоѓаат, им треба близина и смирување, секако дека најубаво им е во прегратка.
     
    На Doktor F, Rtulka, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.830
    Пол:
    Женски
    Јас имам такви стврднувања често, траат по 2-3 дена додека целосно се отпуши каналот. Правам масажи под топол туш, му давам на син ми почесто да цица на таа града и сама по должина на градата од нагоре кон брадавицата се молзам со силно стискање, да тече млеко. Ужасно боли стискањето и плачам, ама после кратко време олеснува, а многу често од силниот стисок и почнува да прска млеко (facepalm) Пред доење ставам топли облоги, по доење на градата држам коцка-две мраз завиткани во крпа. Дополнително, кога имам големи болки пијам и еден бруфен. Во болница кога се породив ми дадоа синтоцинон спреј, па некогаш кога е неиздржлива болката од запушен канал, пред доење си прскам во нос. Тој спреј спречува маститис.

     
    На Sienna_MK и Rtulka им се допаѓа ова.
  6. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Три месеци. Тука лежи зајакот. Чајче немам дадено затоа што педијатар ми рече не се дава пред 6 месеци :/
     
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Јас пред 5 месеци дадов, по предлог на педијатарот заради тоа што се многу се мачеше. 2 пати на ден по 20тина милитри и за нас е спас. Не го користиме секој ден, само кога има мака.
     
    На Romantic му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Ох, леле душички мали, да ти се живи и здрави.
    Најверојатно е до грчевите кои мора да се поминат така, некој повеќе плаче, некој помалку. Се надевам дека барем добивате некаква помош од баби и дедовци.
    Со лесно и издржете, ќе помине :muscle::l:
     
    На Tess36 и Rtulka им се допаѓа ова.
  9. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Не спијат сами, јас си ставив кревет во детска затоа што во спална немаме услови, а на брачен кревет сите четворица ми е многу ризично и никад не би се нафатила. Ама и тоа не е проблем, проблем е што девојкава воопшто не сака да лежи, никаде, исклучиво на меше кај нас, а веќе ми е неиздржливо, страв да не задремам и ми падне недај боже.
     
    На Rtulka и oblace1 им се допаѓа ова.
  10. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    215
    Па добро, тоа не е многу, башка по потреба кога е не е страшно.
    Сега полека се регулира, ако пак имаме проблем ќе дадам и јас, нејќам да ми се мачи детето.
     
  11. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Утешително богами, искрено се надевам дека еден ден ќе ја видам да спие на друго место освен в раце. Уште додека беше во стомак докториве ми викаа ова душа ќе ти вади, не знам како знаеле. Инаку не ги оставам сами во соба, јас како што сум параноична ни со бебефон не би преживеала, во нивната соба си ставив кревет, ама сега засега служи само за да седам и да се држиме во раце со неа додека го гледам другово самичко за греота во креветче. Стварно не знам што да направам веќе, кој знае што ја мачи толку што плаче, само се надевам дека ќе добијам од некаде сила без саат сон во денот да ги издржиме неделиве.
     
    На Romantic му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rtulka

    Rtulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.506
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Расоблекување, туширање со млака вода без главата, сирупче парацетамол
     
    На Nela_21 и oblace1 им се допаѓа ова.
  13. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    5.943
    Ги витка ли ноџињата кога плаче? Ја осеќаш ли како се грчи? Можеби се грчеви, и ако се, немаш многу што да направиш освен да издржиш. Ќе помине, и ќе најдеш сила. Користи секој можен момент да дремнеш кога ќе спијат. Ако спие мирно на тебе легната менувајте се со мажот ти, нека биде он буден додека ти ја држиш и спиете па сменете се. Првите 3 месеци се тешки, после кога ќе почнат да се осознаваат едно со друго и да си прават муабет гукајќи се ќе заборавиш. Мене првите месеци ми се како во магла, поточно ни така него како лоботомија да ми направиле, освен што знам дека ми беше многу тешко и дека нон стоп плачеа, ништо друго не паметам. Со лесно!
     
    На Rtulka и Tess36 им се допаѓа ова.
  14. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Мене ми се среди тоа со електрична пумпа, сите канали се отзатнуваат и одма ги снемува грутките.
     
    На Rtulka и Sienna_MK им се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Колку има твоето? Мислам тука некаде се породивме, од кога почна со дохрана?

    Со сируп парацетамол.

    Поголемиот имаше таков период кога почнаа интензивно грчевите, се мењавме со маж ми по цела ноќ. Почесто спиеше кај него на гради, а мене за доење ме будеше. Не знам маж ти дали оди на работа или колку му е изводливо да седи буден ама период е ова ќе помине, само сила да се издржи. И денски менувајте се за спиење, мора да одмарате за да издржите ноќе.
     
    На Rtulka и Tess36 им се допаѓа ова.
  16. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    На 20мл колку чајче ставаш?
     
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    8.588
    Пол:
    Женски
    Колку пати на ден чистиш со аспиратор?
     
  18. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Фала ти:l: Тоа е, најверојатно се грчевите уклучени до максимум. Помош за жал немаме никаква, досега беше татко им на одмор, ама од понеделник сме скроз сами тројцата, па ако преживееме супер ќе е.
     
    На Rtulka, arrow и Romantic им се допаѓа ова.
  19. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Се грчи и тоа страшно, цела се тутка и се вцрвенува, кога треба да и сменам пелена па тоа е борба невидена, ќе ги свитка нозете толку силно да се чудиш бебе од 2 кила што сила може да извади. Само не ми е јасно како толку рано и почнаа, од шести ден откако е родена е вака. Инаку ти верувам дека се си заборавила, така сме програмирани изгледа, се лошо и страшно се заборава, само додека да се издржи ти иде коса да си искубеш.
     
  20. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Така правевме досега, не дека можеш да спиеш кога ја слушаш на секои 15 мин како вреснува, ама колку толку се издржуваше. Е сега од понеделник мм се враќа на работа, а работи по 10,12 саати и ќе мора некако сама да се справувам ако е воопшто возможно. Мислам и дека помислата на сето тоа ме дотолчува.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.