Спиеме во шпикозни или пантолончиња со стапалца и боди на долги ракави а за шетање најчесто е во трененрчиња или комплетче со јакна и патичиња и памучна капа како денес а кога е многу ладно како што е облечен било да се шпикозни или тренерчиња само го ставам во скафандер со зимско капче.
@AngelOfArh , @Rtulka , не мислев за шетање само туку и за дома. На пример, навечер капење, па облекување шпихозни/пижами или било што за спиење, па наутро нова гардероба за преку ден низ дома. Или обратно наутро капење, алишта за преку ден, небитно дома, надвор. Навечер други за спиење.
Имам 2 прашања 1. Кога пројдовте од 2ка на 3ка пелени? Ова за разлика од бато моча поише, знае да напуни пелена за 2 саата фул а и навечер знае да препуни па и да пропушти. Има 4ипол кила. Јас набавив и 3че за секој случај. и 2. Дали и вашите деца се соблакаат ако се во пантолончиња со стапалца или без, редовно во врекичка гол го наоѓам надоле со стуткани пантолончиња. А во шпихозни толку мрза што знае нозете лева во десна и обратно да ги пикне и од тоа уствари се буди и се нервира. Знае и да ги раскопча шпихозните за нозете боси да му се надвор. Сеа ми е јасно што беа тоа ударите во последните недели Ако не искачаме, не ги мочнал или повратил алиштата, не ги менувам, чисти се, зошто? Секако после бањање облакам чисти. Јас бањам пред спиење навечер.
Ние тек сега преминуваме од 1 на 2. Мало бебе прематурно, 5+ недели поминавме со 1. Реално може уште некој ден да помини со 1ца ама не ми се купува цел пакет затоа што ќе останат. За пропуштање имавме мака на почеток бидејќи и 1ците беа широки. Е сега женско е, па можеби има разлика. За другото прашање исто на почетокот додека сите алишта и беа големи. Често ги наоѓав пантолоните слечени во спиење. Ама пак и не е некое бебе да прета премногу.
Мојов околу 5-5.5 кг е мислам а уште е со 2. Памперс користам и апсолутно никогаш нема пропуштено. Вечерната пелена ја ставам околу 20-21 и тера до 6-7наутро, кога ќе се разбуди. Преку ден на 3-4 часа, зависно кога ќе пие. Имам пробано и бејбилов, тие со помал крој како да беа и побрзо се полнеа. Доколку користам од нив мислам дека тројка ќе требаше веќе. Јас на вакви преминав поради претањето
Нема потреба, првото млеко што искача од градата (foremilk) е скоро вода што ја задоволува жедта, па после доаѓа hindmilk помрсното кое задоволува глад, затоа нема никаква потреба од вода до пробување вкусови. @AngelOfArh Кога стигнува килажа од долната граница на пелените, менувам. Пример, има 8,5кг, а четворката памперс е 9-14 и преминав на 4ка, тројката беше кнап веќе.
И мојот беше ситен ама сега е поголем и пак се откупува. Сеа па и сила има. Машала каков е меден Ние сме на бејбилав, да, помали се. Баци обравчиња Епа таман да потрошам залихите и ќе ги отворам 3ката.
Добредојдовме во 4 ти скок.. мајки како да ја натерам да цица, одбива периодот од 6-12 навечер маки.. ајде со приспивна песна одвајј.. само раце пика во уста, цуцлето плаче ли плаче..
Во затемнета просторија со white noise да пробаш, ама додека е поспано најдобро. Јас после дремка додека не е расонета само успевав да ја дојам преку ден. При крај на 4ти сме веќе станува полесно малку, за утеха
Исти бевме попладне цицање многу ретко а гладно плаче ли плаче во тие денови давав ад и пиеше грев ми беше да седе гладно. Немаше шанси кога се налуте да ја ставам да цица нее хорор... Ама помина и сеа сме ок си цицаме
Сакам да земам шише од dr browns, само не знам дали широко или тесно грло? Ми треба за дохрана, значи од цице на шише. Сменив Авент, мам и нук од сите ми голта многу воздух, убаво е наместена и фаќа, не дека не прифаќа, па сакав и овие да ги пробам како најпознати антиколик
Јас го пресоблекува во различно за спиење, за преку ден друго с ако доаѓа некој од бабите, дедовците друга комбинација. Причината јас си ја замислувам зошто имаме многу алишта па да не останат необлечени, а не како потреба
Ние сме 6 ипол кг и уште сме со двојка не ни протопува памперс актив бејби користиме, а за спиење на почетокот кога му се фаќаа шпикозни така си спиеше не се откриваше од 2 месеци сега сме 3 ипол спие во пижами чорапчињата секогаш си ги соблекува ама ножињата му се топли а за покривање по цела ноќ сум дежурна нон стоп го покривам се се открива
Незнам стварно како да ја натераш да цица моето се одби скрос и ние сме во 4 скок само плаче не сакаше да цица никако јас снемав млеко и сега е на ад,незнам дали јас не знаев како да постапам за да го натерам да цица ама како го приближував кон градата така вриштеше ми беше жал и одма му давав шише, биди упорна ке помине тај период ако сака барем малку да фати добро е ке си продолжи кај мене нејкеше никако