Па не, ако не го изнесувам надвор останал облечен во таа од синоќа, нормално доколку не ја бљуцне, навечер обавезно чисти му облакам да не спие во истите во кој бил дента и да не се бљуцнати лежел со нив на под се брише со лигави рачиња затоа
Редовно ги соблакаше пантолончињата, поготово тие со стапалца. Сега само шпикозни за спиење му облекувам, без стапалца, со боси ноџиња спие. Земам или со патент или со копчиња странично, таман бројче да му бидат и сме немале проблем. Бројче на пелени менувам кога почнуваат да го стегаат во бутчињата. Моето буце се роди, па брзо менувавме бројчиња. На 5,5 кг веќе 4ка користеше. Штом му пропуштаат, може да преминете на следно бројче.
Здраво, ние сме два месеци и често има затнато носе, му го чистам со капки и аспиратор редовно ама цело време има мрсолчиња и тешко дише преку него, некој совет што би можела друго да направам?
Ја би прашала педијатар штом ова не е трајно решение ако има нешто такво. Мојата исто има мрсулчиња секој ден, некогаш јас и ги влечам со аспиратор, а некогаш сами си искачаат/исчезнуваат, не знам како, ама битно не и' сметаат.
Мојава воопшто не седи а не ни почнал 5 ти скок. Само спие во количка. Ако некаде сретнете некоја будала со кенгур, количка и торби, јас сум.
И моето е 2м и има мрсули, ги вадам секој ден и си дише нормално. Не се мрсули од бактерија, од што се чистат од плодова вода се. Бејби има осетлива кожа само на лице, значи не она бубуличка некоја туку баш има сува и рапава кожа, со ситни ситни бубулички, некои црвенила што преаѓаат и во коса и на грпче, ама таму не е сува кожата, мека е како свила. Не ми се оди на лекар за тоа па ќе почекам до следна контрола, ама има некоја мајка со вакво искуство?
Не седе и страшно ме нервира прошла недела што убаво времето да ти е страв да излезиш зошто знаеш ке плаче, а што убаво си седеше
Сврти ја напред или стави ја во транспортер. Моето во кенгур нејќе наназад, само нанапред сака а мал е уште за нанапред.
Не сака никако. И исправено и напред и назад и легнато. Морам да го чекам маж ми за да шетаме. А во кенгур не се држи, затоа што е бебе џин.
Посебно си ги перам и јас. Меѓутоа за неа со бебешки детергент, за нас со друг. Не перам се низ куќа со бебешки детергент.
И мојата исто, сака да си гледа исправена да ја држам. Мора некој со мене да е ко ќе шетаме. А исто тешка е, 9 и пол кг, плус скафандер или ќебенце ко беше поладно, не се шета така. Ко беше помала ја заспивав и после тргнувавме, си спиеше в количка ама сега одма се буди и се крева на лакти и вика за да ја земам.
Прееска со маж ми го пикнавме во кола за да заспие за да може да го шетаме во количка. Вртевме низ маало како будали. Се тепаме кој да не го земе во раце. Како пештерски луѓе сме згрбачени.
И јас му велев сабајле на мм види грпка ми порасна навечер не си го осеќам грбот. Ко ќе се малку поголеми в лето мислам дека ќе седат, последно ќе се залажуваат, со храна, играче, ќе разбираат повеќе, се надевам барем.
Да не ве плашам, ама тоа со (не)седењето во количка еве го 11 месеци трае И во кола, во седиште нема шанси да го седнеш, не врзан, не закован, ако сакаш залепи го со лепак, ќе скине и ќе се лизне надолу. Јас пишав овде и порано дека не се откажувам, ќе го ставам секој ден, ептен сум зависна од количка, не можам да мрднам никаде сама бидејќи и кола не возам, ама тешко ни оди. Море не играчки, смоки, тропалки, листови од дрва земам, ништо не го смирува кога ќе отвори пештерата. Не дај Боже да подзастане малку количката, готово е. Пробав и да го пропаткам по улица, не бре, седнуваше на асфалт. Држи го во раце и на крај на свет може да се замине. Се е погодено. Не знам кога ќе помине ова ако е фаза, ама знам дека не е воопшто лесно.
Mamicki vie so imate maski bebinja sakav da prasam dali i go otvarate k....o jas ne znam dali treba ili ne