Во мене заспива па префрлам во креветче, корпа или на кревет. Или отспива врз мене, кога како. Ако е вознемирен не го оставам, во мене спие. Не се сите бебиња исти за да се водиме по препораки. Големото држеше пелена и по 6ч, ова за 2ч му е фул полна, големото навечер како ставав во 9 пелена, до сабајле сува, сабајле ќе ја наполни и ќе ја сменам, ова навечер по 2 пелени менувам... така да ќе смените ред, прво ќе даваш млекце, па ќе смените пелена, мада е ризично бидејќи моето ако сменам пелена после доење ика, па морам пак на града. Нас изгледа сега ни е првиот скок, не пред 10 дена ко што беше по апликацијата, според табелата на др. Гуднајт сега е таман. Така да ја усвојувам таа табела со плус минус некој ден. Ме плаши само скокот таму кај 4-5 месец, трае 5 недели според сликата, тоа би му дошло оној фамозен 4ти скок. Исто така нас ни се вратија и грчевите, и тоа со појак интензитет и строго навечер, се мачи, ќе прдне и до следно цицање така е, а обавезно го фаќа после цицање. Татко му божем се врати во спална, бате си отиде во детска, ама ништо работа, синоќа ни избега, многу се дереше. Е имаме една чудна навика која ни е скроз заедничка, ако сме ненаспани јадеме луѓе, затоа дремнуваме 5мин и ко нови
Од кога почнавте да ги ставате бебињата на ваква подлога и дали е воопшто препрачливо. Ние за 10 дена полниме 2 месеци па се мислам да нарачам.
Можеш одма да го ставаш да лежи. Сега нема да е многу заинтересирано ама како ќе врви времето ќе ужива. Моето од 2 и пол месеци ептен почна да го користи baby gym-от, сега на три месеци ептен и му гуга и ги трга играчките, почна и да се врти на страна за да ги фати страничните играчки. Ептен добра работа се подлогиве
Вчера ја забележав дека на местото каде што и е белегот од вакцината и се има направено гној, не знам од што е и дали е опасно??
Нарачувај си. Многу се добри за развој на моторика. Плус слободно можеш да го оставиш на неа без ризик, а ти на раат кафе да си пиеш
Ако ти кака на секој оброк нормално е да е гладно и дај ми на бебче да јаде ако стена АД, и ние сме па јадеше некогаш и на 1,5ч ако скролнеш низ групава ќе видиш и дека многу други бебиња ако се на АД јадат почесто. Е сега штом е какано мораш да го пресоблечеш инаку јас навечер сум го оставала непресоблечен ди сабајле а така е и сега но ми се има само 2 пати искакано и нормално вришти за да се смени пелена.
Ама тој белег и е од првата вакцина што ја прими кога не пуштија од болница значи пред 3 месеци, после толку време да има реакција?
@Bebce ❤️❤️❤️ Утре сме на преглед, обавезно ќе побарам да ми сменат млеко за машково, на девојчево гледам и одговара, не прави проблем, дури со него почна да кака бар по еднаш, со прематурот имаше запек цело време @Anturium @Iris-1234 @AngelOfArh точно им ги ставам пелените, 1 користиме, по 2.5 кила се отприлика сега. Баш и патронажните ги прашував рекоа таман е се, ластичиња извадени, убаво стегнати. Памперс актив им се и големи дури, а бејбилов ми пропуштија каки, не од страните, туку доле под газе баш, на бодињата беа лом. И се разочарав затоа што тие им беа најтаман. Машково не можам да го оставам со валкана пелена, одма се исфрла цело, нежнотија невидена. Инаку исто, ако им сменам по јадење икаат и се трескаат за јадење, ги ставам на града ама капка веќе млеко немам и се мачат, се тепаат со неа, ужас. Воопшто не уживам во мајчинствово, буквално сум ко на фабричка лента, земи едно бебе, пресоблечи, прај млеко, чекај го пола саат да испие и ждригне, земи друго, ист процес, миј шишиња, стерилизирај, они вриштат, па земи смирувај ги и пак се одново, не стигам да ги погалам и да си поиграм со нив, само се бркаме со време и нерви.
Се разбудив со суво грло, затнат нос и пропратни симптоми на настинка. Од каде тоа не знам. Битно како да се заштити бебе? Секако е цело време со мене, до мене. Да ставам јас маска?
Може да им пропуштаат и од што се мали. Ние на почеток користевме baby love и sleepy и двете имаа пропуштено, ама и бебето беше мало. Сега веќе нема гајле, немаат пропуштено.
Девојки,малава е 3 месеци. Веке 1 месец кака зелено. Повеке е цврсто ама знае и течно да биде. Паскалов упорно ми вика нема гајле ништо не е....дали е нормално?
Џабе ти е маска, јас пројдов сега бебе немаше ништо, и батко има секрет и кашла, па фала богу ништо нема. Јас бев труба затната, почна како алергија, развив ринит и болно грло, вадам шлајмови тон. Ако ставиш маска треба да не ја извадиш воопшто, и да спиеш со неа, а тоа не е логично. Ти верувам, јас бев така некако на почетокот со големото, молзи, храни, миј, пак од почеток, намалив едно молзење да имам време да излезам со бебе малку надвор и да каснам. Ти па со близнаци... Тешко е без помош, ама тоа е. Што дека дојам сега, пак е зависен од мене, остави го да спие за 10мин е буден. Пеглам 4 дена алишта, нови стигнаа додека старите да ги испеглам, јас седни да пеглам, он отвори очи, и така во круг 4 дена. Сега па ќе ги редам 2 дена, пошто влегов во спална да средам одма отвори очи, и така 2 пати и се откажав од идеата, ќе чекам да заврши мм да го поигра за јас да средам. Дома ми е хаос невиден, лудница, кај паднало останало, влегов вчера да сменам постела кај големото, прашина да се потпишеш, играчките, школскиот прибор, се тоа е еден огромен хаос направено, коа сум викнала да се дерам, поарно да се дерам отколку да плачам па да ме боли глава, собрав во црна ќеса да џитнам божем а уствари скрив во плакарот и ќе вадам полека за да не ме провали, како ќе бара ќе му вадам. Изгубив контрола откако се породив, се е хаос, тоа не се влага во собата негова. Во спална постелата само ја навлекувам, јорганот е цел стуткан на едно место, немам време ни да го истресам да си дојде на место. Кујната, јеловникот од пред еден месец навака стои на работна маса мислам, флеки е цела, купив средства демек да ја исчистам и решив да си викнам жена да чисти, она нека ги проба, што да правам... Малово масиче во дневна е цело флеки дека тука се молзам и прска млеко, цело стакло е точки што не сум стигнала да избришам. Даљинското од тв вчера го приметив не работи од што има храна запечено, ваљда синко со прљави раце фаќал... ќе речеш 1г не ми е чистење а не 1м, пред 1м мајка кога беше тука јас искористив прилика да изрибам тогаш. Толку можам, јбг, човечко суштество сум и јас. Ако вика Гого нема гајле, нема. Може и да почне заби да вади, големиот кога вадеше заби така се случи. Дури нема друго мака уживај.
Да да, и моето така имаше на 2 и пол месеци од вакцината што ја прими во родилиште. Го однесов во диспанзер и прашав ми рекоа најнормално е.
Како што пиша од болница ми рекоа пред секое јадење да менувам, никако по за да не направи рефлекс на повраќање. Мојов кака еднаш дневно ама затоа моча... пелената 3 кила тежи и го нервира затоа менувам и во текот на ноќта али пред јадење. И он е на адаптирано и ако е многу порано завлекувам со времето поспоро пресоблекувам зборам се мајмунисам во 3 и оп дошло време за ново млеко али среќа не се дешава многу често
Ја не можам да ја префрлам навечер се буди за мах пет минути И уморот ме навасува и навечер спие нс мене т.е. спиеме по четири пет саати Не знам што даа правам Уште да ја научам на мене да спие..
Ќе ја завиткаш со ќебе дури е на тебе, после ќе спуштиш сосе ќебе, да не осети ладно од постелата, од тоа се буди. И моето беше така дури сконтам. Под главчето ставив фланелска пелена тетра и сега не се буди.