Нови фронтови ни се отвараат. Јас порано форум отварав и право темите за слабеење, после труднички, сега прво овде и мајчински отворам, доење, такви теми...
Бебе завиткано во ќебе и спуштено така во кревет е многу лоша опција од безбедносни причини. Најдобро е во вреќичка да го стави иако мислам дека не и се буди од тоа, туку период е, бара близина, и моето правеше така.
Мене не ми е толку страв да не јс нсучам така да спие на мене, многу повеќе ми е од беџбедносни причини оти нели се препорачува на рамно и на грб, а она само на мене припиена или во транспортер знае да сврзе повеќе часа А плачам и ја за спиење.. Не знам, не сум паметна веќе
Јас кога велев безбедносни причини мислев на сидс, затоа шт лесно може да го префрли ќебето врз глава. Колку што сум читала, бебе до 4 месеци не создава навики. Сега те бара тебе и затоа спие на тебе, така се осеќа сигурно. Ти велам, и мојот така правеше па престана. Го чував на мене до кај 1-2 саатот и го осеќав кога е длабоко заспан па знаев кога да реагирам. Ќе му помине, не се грижи. Преку ден сопругот нека те менува за ти да отспиеш.
И мојава знае да се вознемири ноќе, па од креветче да морам да ја земам до мене или на мене. Или ако се разбуди прерано, а не е време за јадење, бидејќи е на адаптирано тогаш на тој начин ја презаспивам и плус бели звуци. Засега тоа функционира. @Tess36 , мислам и претходно имав пишано, за памперс кај нас додека не приближи 3кг и единиците и беа големи, делот околу нога преширок и пропуштаа. Јас ластиците ги ставав навнатре за просторот да се пополни и гледав на максимум 3 часа да е сменети. Сега истите памперси не пропуштаат воопшто.
Не знам мислев некако да не и наштетам со тоа спиење на меше на мене, ете гушење оти е така легната и слично А ја сум сигурна како легнувам така станувам Не знам како и зошто страв многу ми е па затоа да ве прашав
Само мојава неке да ни спие на гради...незгодно ли и е незнам...само кај татко и на гради. А иначе ,еднаш ја најдов кај што си го фрлила јпрганчето врз глава...од тогаш само со лесни кебенца ја покривам.
@Tess36 сега ми текна, од baby love пелените има и xs бројче, до 3 кг мислам дека се, можеби и од другите фирми имаат xs.
Од што може да се покачени тромбоцити кај бебе од 3 ипол месеци? Беше анемичен примавме малтофер и вчера правевме контролна кс покачени се тромбоцитите и лимфоцитите,требаше да оди на вакцина педијатарот ми рече да се слушнеме пред да го носам на вакцина поради покачените тромбоцити. Сакав да слушнам искуства . Нормално пишува дека е до 475 а него му се 582 и минатиот пат му беа покачени ама ни рекоа дека може од боцкањето сега пак се покачени..
Јас од 1м и топ е, но не ја сакаат сите бебиња, или ќе биде прекрасно или воопшто нема да седи, мене ми се погоди најискористена играчка
Да, имаат 0 бројче, такви користевме и многу ми се допаѓаа и дизајн и мекички и големината кнап, ама последните неколку пати им пропуштија каки баш во делот под газето, не од страните, многу чудно и се разочарав и се вратив на памперс. Да стигнеме некако до 2ка па ќе се префрлам на дајперс да видам уште тие какви ќе се, 1 од нив не сум видела.
Да различни се ама нема потреба да дигаме паника, има мајки кои ќе се мислат зошто нивното не се врти. Баш читав во просек после 5ти месец почнувале. Има и понапредни нормално, едно ќе почне прво на стомак, друго прво да станува. На секое ќе му дојде редот кога ќе е спремно
Па не да се различни… Јас за второво паники малку кренав ама што зборев со други мајки после четвртиот скок најчесто почнувале. За многу работи се исплашив зашто првото дете ми е репер и сфатив дека не треба така да ги споредувам. Поголемиот се сврте прво од меше на грб на 3 месеци, а обратно малку покасно. Ова сега почна активно да се врти после четвртиот скок ама само од грб на меше, инаку ништо не сакаше да прави, ни да проба. Го ставам на меше нит глава да крене да вежба, си лежи така и си ја цица раката. Сега доста поактивен и заинтересиран стана.
Е тоа од меше на грб. Моето се сврте уште пред еден месец неколку пати така, ама не го прави редовно тоа, само кога сака. Еве пример сега околу 2 недели не се свртува ако не му помогнам јас. И не знам дали да сметам дека почнал да се врти или не. Исто на страна од грб се сврте прв пат на 2 месеци, препишувам на случајност зашто после престана, сега почнува пак да се врти
Исто, се случуваше да се сврти и после ништо, сега така малку почесто се случува. Ама пример големиот кога почна не застана и во спиење се вртеше, па дежурав по цела ноќ да не се угуши со главата во душек. А ова лабаво бебе е, со ништо не се замара
Ве боли ли глава од бели звуци, како бевме во болница со бебето му пуштав звук од фен да не слуша галама таму да спие и брзо заспива па почнав сега и дома за денски дремки и навечер за заспивање да му пуштам ама мене ме боли глава од тој звук и штом ке се изгаси одма се буди бебе.