Па до кај 2 месеци траеја, после се сличуваше многу ретко да има. Ако се сеќавам добро твоето на АД е, можеш водичката за млеко да ја зовриеш со ким и во неа да го направиш млекцето. Инаку не знам кое млеко го даваш ама мислам дека на Новалак има Анти колик млеко, може да го пробате. Пробиотикот мислам да си го даваш како што ти рекол педијатар и наеднаш, да не го делиш. А за свекрва само едно ќе ти кажам, сочувај си ги нервите и не се тревожи ради неа, ехееее таа тек почнува, верувај. Твое дете, твои одлуки
Во случаи како вашиот педијатри препорачуваат ставање на повеќе дозерки. Имав период кога бараа поише од препорачаното па прашував ама кратко траеше периодот. И при промена на млеко исто приметував дека различни млека различно ги држат сити. Педијатар што те советува?
И кај нас иста приказна преку ден, а ноќе супер спие пу пу да не го урочам ама денски,ни сака да спие ни да цица.
Не сме биле скоро на педијатар, два пати го носев кога беше болен, два пати на вакцини некако многу ми дојде носење по доктори, а проблемов сега се појави. Планирав сега пред да почнеме со вкусови, може и најдобро е така, да видам што ќе каже. Некако на искуства повеќе се потпирам.
Оу фак, заборавив на тоа. Од поголемиот ја памтам само таа на 8-9 месеци. Ми фали ноќното спиење едвај го издржувам денот.
И мене со цицањето ми е чудо за чудење. И се цица а кога ќе надојде млеко буквално тече таа плука. Дали и е многу па не може да голта толку, се нервира плука и ми се чини гладна останува. И цревата и кркорат. Тоа значи дека е гладна? Се надевам дека е период.
Не кркорењето не значи глад и на моето му кркореа и имаше многу гасови кога му закркореа потоа успушташе гасови, за спиењето ке се стабилизира уште е многу мало ако се штрека што се допира ставу му тенки ракавички нас тоа ни помогна, а за грчеви пробав повеке видови на капки но ни помогнаа бејбитол коли со ваја пробиотик таа комбинација ни ги среди грчевите
Ким не сум пробала уште. Ептен нервозно е бебе деновиве и тоа мислам преку цел ден е со грчеви, а не само 2-3 часа во ден поврзани или пак нешто друго е. Гасови има често, дури и се плаши на моменти ако е тоа возможно. Бекутан кај мене си пие. Не по многу ама нема проблем со повраќање. За в раце се смирува. И јас имам коментари од свекрва и свекор демек многу го привикнувам на в раце детето, а и на мене.
Дај му на бебе нек си крка, ние имаше период и 8 оброци имавме, ќе смени. Инаку да грчевите почнуваат точно во ист период од денот, ние ги имавме од 4 до 6 сабајле
Антиколик млекото е закон, јас откога почнав да го давам навечер пошто грчевите ни беа навечер видов раат, пред тоа беше ужасно
Исто, ноќе станува 2 до 3 пати максимално сосе тоа наутро станувањето. Преку ден е хорор спиењето ако не е надвор. Сега ќе дремнам со него пола саат, ќе дадам цице и ќе одиме надвор, какво сака нека е, еден круг обавезно ќе направиме и ќе земеме батко. А не одиш редовно секој месец на мерење? Мене и малку ми е 1 месечно ко што сум фрик дали напредува, не можам, страв ми е ептен. Уште од со бато времето ми остана овој страв.
Јас го немам користено, бидејќи сме на цицање (само за излегување ако побара му давам АД или ноќно време за да спие повеќе ама Хип комбиотик користам) ама другарка го има користено и вели закон е, еве ќе ја означам и @Lavica2602 за да прочита, може ќе и помогне.