Ако се засркнува пробај првиот млаз измолзивај го пред да и дадеш да цица. Може затоа се нервира. Туку ај и јас со прашање. Нормално ли е бебе од неполни два месеци да е толку луто. Кога спие знае и да се насмее она рефлексно, ама кога е буден 90% од времето е лут и гунџа. Ретко знае да е расположен и да прави муабет и тоа најчесто на брат му. Јас знам дека има мака со мешето и грчеви, ама жал ми е да го гледам цело време или лут или со поглед полн болка
И нас ни помогна многу Новалак ац, до 4ти месец му го давав, почнавме со Хип ама многу имаше грчеви, сите можни капки ги пробавме на крај млекото не спаси
@Iris-1234 @Rtulka fala vi majko, denes ke odev po zaliha od babylove ama ke zemam i vakvo. Prvo denski ke probam mlekoto so voda so kim da go pravam ama obavezno i ova go zemam, koga ima opcija zosto da se maci detevo.
За тоа што плука во право е @Ano многу млеко и надоаѓа. Денес Јасна исторо ми го кажа и ми рече да одмолзувам малку.
Во аптеки, да. Ама не можеш денски едно млеко навечер друго, барем јас така знам. Дај му една кутија од ова,нека ја испие па после врати си се на бејбилав.
Женски, кога го пуштија првото гугање, наместо плач, вашите бебиња? И дали откако почнаа да гугаат, помалку плачат? И кога за првпат се окезија?
Мајки хелп, вчера се вративме од болница прво бебе ми е, не знам околу исхраната ништо, во болница ја хранеа на три саати прво да пробаме да цица па после дохрана 60 мл ми носеа од кој пиеше по 30/40 мл, сега кога сме дома денес редот не можам да и го фатам не знам колку да и давам формула, пред испис ми рекоа 30мл после цицање ама работава е што некогаш сака да цица некогаш не и брзо прави шишиња топли вода, и давам Новолак и на кутијата пишува 90 мл на едно хранење е сеа ако и цица претходно колку да и дадам за да биде сита, гладна не е, имаме какани и мочкани пелени на секое пресоблекување ама не ми спие ич и нон стоп бара храна на саат ипол, не знам што да правам
Млеко имаш? Се слуша дека голта? Ако имаш млеко не мораш да даваш дохрана, ако си нацица и смири остави ја да дремне и секогаш кога ќе бара и плаче давај и да цица колку и да сака. Пробај така, па пиши пак за некој саат. И најважно смири се, ти се гледа по пишувањето дека си испаничена. Ќе фатите ред, само смирено.
Прво честитки нека е живо и здраво бебчето околу хранењето каква храна се и давале во болница со таква продожи барем за почеток околу подготовката ке си имаш претходно провриена вода и изладена јас ја чувам во термос и имам во едно шишенце изладена доколку таа ми многу топла од термосот ставам и од изладената, околу количината јас давав на почетокот само по 30 грама дохрана а потоа ке видиш како ке бара можеби ке ти дојдте тебе повеќе млеко па ке остане само на доење
Да испаничена сум искрено, најмногу ради спиењето тоа многу ме вознемири денес дека многу малку ми спиеше... ќе следам ситуација, благодарам многу на одговорот.
Фала на советот искрено не ми текнало на термос, а дали даваш купечка вода за бебе или превриваш од чешма, зошто оваа е многу бигорлива.
А каков звук испушта кога голта, кога ја стегам градата има млеко капки, со пумпа вадам по 30мл само од едната зошто од таа не фаќа да цица па да ја испразнам да не фатам мастит
И кај нас има многу бигор јас давам фласирана Јана или Ладна и ја превривам така ми стана навика од почетокот не купувам бебешка
Кога цица ако тече од другата града млеко значи дека имаш млеко, тоа што го измолзуваш давај го од шише или со шприц можеш доколку несакаш да ти се научи на шише, кај моето не беше проблем на почетокот дали е града или шише битно беше да има јадење хаха, потоа сменав млеко и остана само на ад
Епа тоа од 30мл дај и го, плус нека цица од другата и види така една недела како ќе напредува. Ако сакаш да успееш во доењето не давај ад.
Мајки ставате ли заштитен фактор крема на бебе? Од која сте задоволни? Досега користевме веледа против студ и ветер, мислам дека ќе треба да сменам сега.
Што правите со 5 месечните бебиња? Како ви изгледа денот? Јас цел ден го пројдов во кревет со играчки. Не смеам да мрднам подалеку, цела куќа ечи, стварно се слуша како да го тепам или колам. За да одам до вц морам да се јавам на некој со видео да му збори и занимава. Трчам до фрижидер за да напикам се што ќе најдам во ајнцер и јадам во кревет. Два пати по 15-20 минути седи во џампер и само тогаш можам да измијам нешто или да раскренам. Надвор не можам да одам поради претходно што пишав, не седи во количка. Многу ми е тапа вака, искрена да бидам. Сабајле што едвај му зготвувам нешто и му пуштам некој цртан на тв за да седи во хранилка. Од раѓање е залепено за мене, буквално. Е што не бара постојано во раце сега, може и да седиме и лежиме.
Јас успевам се да стасам од сабајле. Тогаш е по мирен и се занимава сам. После втората дремка исто, мора да сум залепена до него не смеам да мрднам, па или правам нешто со него во раце или оставам за вечерта. Пробај од сабајле како ќе е. Па сите обврски прави ги тогаш и остатокот на денот терај го со него на кревет или на земја.