Мислам дека е најдобрата опција со минерални филтри кај нас на пазарот и лесно се размачкува. Обично СПФ кремите што се со физички филтри тешко се размачкуваат и остават бело. Лани прочитав многу препораки за неа и решив годинава да ја земам.
Да, отвори на страната на Белина ќе си прочиташ. За малите користам само природна козметика затоа и препорачувам. Супер се размачкува, штити, никаков проблем немавме лани на одмор.
Да мила јас само навечер го давав ама на Новалак сите млека имаат ист вкус, така пишува во декларацијата и преодот од Новалак 1 кон Новалак АС нема ни да го осети бебка, го имаш во Виола и Бети аптеки
Препораката за СПФ на бебиња е после 6+. Претходно не би требало да се изложуваат на јако сонце и заштита би било светла облека и капче.
Можеш јас така давав Новалак 1 денски, навечер Новалак АС....е сега сосема друго млеко ако не е Новалак мислам дека не може
Јас имам стаклено бокалче на Горење, има за стерилизација на цуцли но јас го користам само за правење млеко, моето пие на поладна температура млеко и наместено ми е на 30°С
Јас имам стаклено бокалче на Горење, има за стерилизација на цуцли но јас го користам само за правење млеко, моето пие на поладна температура млеко и наместено ми е на 30°С Биди среќна уште малку, кога ќе почне да се исправа за седење итекако ќе бара во раце....пукнав цела недела, со тоа што освен на подлога никаде не ми е сигурен ако нема никој дома, и од креветче може да тресне ако проба да се исправи, ја инаку спринт одам до ВЦ и го слушам како урла док се вратам. Еден ден дома на јајца пржени ги оставив, нема шанси нешто да се зготви, е сега сум на шема Џејми Оливер за 15 мин нешто на брзина инаку не се стига.
Живци да истенчи човек дур заспијат ова бебињава. И прднато и какано и цицано-ждригнато, задремува и пак ќе се заџари, чиниш кредитот за плаќање му стои и сон му ремети. Најдосадната работа е заспивање бебе. Никогаш нема да ми фали.
Дали ги заспиваш во темно и моето беше така се додека не почнав да му ја гасам ламбата, сега гасам светло го ставам во креветче и заспива, пробај така можеби ке ти помогне тоа
Можда има врска. Светлото е пуштено до кај 21 и нешто, поголемото дури го спремиме за в кревет. До тогаш малово во раце ми се скости, ем не му е убаво, ем во креветче нели не е способно самото (во сабота еден месец полни). Е после го згаснав светлото, уште ми се плеткаше низ раце, три четири положби. Ај не така, ај да цицне легнато, почна да дреми, пак се прибуди, го легнав во креветче, недоволно беше задремано. Е се изнервирав го грабнав и на мене со мешето на гради го легнав и наеднаш заспа. Чудесии. Гледам и јас што потемно да е, очигледно му пречи навечер, не му доаѓа сон лесно.
Да кога ке го гаснеш светлото мислам дека така ке почне да ти ја преспива цела ноќ и поцврсто ке спие, кај мене преку ден на дневна светлина спие по 1 час и се буди 3 часа буден и пак заспива а вечер гасам светло заспива и спие се додека не раздени значи секое утро во 6:00 е буден како аларм
Ти се погодило бебето како моево И првото во темница го легнував џабе, кога се породив со второто почнав да спијам како човек. Еве од четвртиот скок навака не ме остава да спијам ама пак е далеку полесно отколку со доенче.
Уф какво заспивање имавме, уф... Викаше колку го држи глас, викање божем го колам... гладен не е, двете гради ги исцица, јас богами и гладна сум пошто очигледно се му прави грчеви, изгледа и млечно му прави. Цел ден е плачлив ама сега посебно беше. Само во корито со топла вода е мирен, ама не можам цел ден во корито да го држам. И гол, остави го гол, душа негова, ама зима е... А и не ми е верно да се грчеви, не прди, само вика. Го преслеков дека кнап шпихозните и тоа не му беше. Заспа на мене и сега и јас ќе дремнам. Ми се плаче како наближува вечер, најискрено.