Пу пу хаха сега за сега е супер бебче веке и со четвртиот скок сме при крај се надевам дека така ке остане
Нешто после месец почна смешкањето, гугањето после тоа, еве сега ќе ни бидат 2 месеца сам со себе муабет си прај ааауу,уууу Се мењаат преку ноќ, само трпение
Скоро 6м е бебе, бевме на контрола и од последната контрола на 02.02 до сега нема ниту 100гр накачено. Инаку е 7.300 и веќе си ја има дуплирано родилната, пие ад и јаде кашички баш со апетит, па ме зачуди бројката на вагата. До сега ок си качуваше месечно, па не сум имала вакво искуство. П.с веќе цел месец поткашлува
Аах преспивање на цела ноќ од едномесечно бебе, тоа е фантастика. Не очекувам. И во темно спиеме, ама нема таков ефект за да преспие. Ајде надежта останува за понатака да почне со 4 5 часа да поврзува. Мене сега ми е страв понатака и овие 3 што ги спие, и тоа во првата половина на ноќта да не ги намали... Додуша после тоа секако се буди на 2 часа, некогаш на час и пол, дур презаспие отишла ноќта, а и душата по неа за спиење.
Дали имате пракса оние кои имате машко бебе к**ето нагоре да му го ставате во пеленката? Кога и да го ставам така одма пропушта..
Јас му го ставам ама кога ја менам пелената пак му е надоле така да мислам нема врска како се става, не ми има пропиштено досега
И јас нагоре го ставам зашто маж ми така ми рече, зошто како не знам, не се мешам во машки работи А и секако кога менувам секогаш е спуштено надоле, му нема пропуштено досега.
Јас така го местам и на секое пресоблекување е измочан позади на грбчето, нерви искинав на секое да го пресоблекувам цел. Вчера го прашав педијатарот и ми кажа ок така што го ставаш, а пелената ти пропушта затоа што не го стегаш доволно. Е не знам како да го стегнам повеќе, жал ми е
И тоа ми рече не, ја прашав за 2 да се префрлиме, вика нема уште 3 кила и овие кецов му се големи, само стегај повеќе ништо нема да му биде. Ама он кога ќе ги стегне тоа ноџињата, среќна сум што успевам и воопшто да ја стегнам пелената, лабава или не.
Ние поради преголеми плачки и урлање најверојатно од грчеви дојдовме денес на педијатар и прв пат и земаа крв да бидеме на чисто дека не е ништо. Едвај се смири колку плачки беа само страшно од главчето ја буцнаа сега чекаме резултати. Многу страшно искуство мајки вашите бебуши ги буцкаат ли волку мали
Мислиш ги стега нагоре накај мешето? Полека ќе му ги тргнеш и ќе залепиш убаво. Како новороденче моето беше толку слабичко што ги преклопував лепенките, а не беше стегнат да не може да дише, најнормално.
Ништо страшно и во болница сигурно му земале крв, не си знаела. Пред вакцини исто ги боцкаат во прсте. Не се секирај бар ќе знаеш дека се само грчеви во прашање.
Да, ги дига горе кај меше и стега, не пушта да залепам,секое менување и јас сум жива вода од борбата. Едвај и вежбите му ги правам. Инаку исто, морам да ги преклопам лепенките, инаку ептен е лабаво и кај двајцата, сега гледам малку меше пуштаат, па може ќе стои поточно и поубаво.
Колку време после пораѓај ви дојде циклус? И дали ако ми дојде ќе ми се намали млекото пошо се зголемува естрогенн а се намалува пролактин..
Јас добив сега на 6 месеци прв пат и да имав намалување во млекото ама кратко траеше два три дена, ништо страшно, а си сакаше да цица пошто нели викаат и вкус се менува.
Јас преклапав лепенки скоро цел месец, нормално е тоа кај волку мали бебиња. Мене ми пропуштаат само ако не ми се извадени тие кариерите од страна, иначе не ми пропуштаат. И ако ептен ја напуни до врв па пропушти од некаде, тоа најчесто ако се успие не сменам навечер. Нормално е да се намали ама се враќа после некој ден, може да смени и вкус да не сакаат да цицаат. Јас еве 2 месеци полни има Бејби немам сеуште добиено циклус. Со баткото добив кога имаше 5м, се надевам ова и подолго да држи, многу е плачко, уште да ми намали млекото ми фали. Сува кожичка на обравчињата, ама да се лупи туку како рапава да е, што користите? По телото е ок, ама на обравчињата е лом. Понекогаш се видливи како ситни црвени бубулички, сега не, ама рапавоста остана.