Не ми е за бебиња баш прашањево ама тука сме најактивни. Од пастиливе за грло дали употребувате нешто? Осеќам некое пецкање надразнително кое не поминува со денови и само поткашлувам…
Само детски прополис. Има еден во шишенце, јак е на вкус. Капам од него врз мед и поминува за некој ден. Евентуално да не ти е сув воздухот дома. Мене така ми е кога спијам со ниска влажност. Во глобала при доење ништо во аптека не даваат.
Мене ми рекоа да не обрнувам внимание како е во моментот така некогаш нагоре некогаш надоле. Мене некогаш и надоле ми прави проблем ако има многу мокрача му пропушта на грбот
Јас само првата тура кога ја спремав само, се буквално испеглав. Кога дојдовме дома беше лудо па уште полудо. Сега е топ, но веќе и така бев откажана од пеглањето, така да тоа е терам така. Јебига немав можност дури и сила сакав и морав со бебе да бидам. Фала богу жив здрав е.
На моето бебче му се појавија вакви има и на газето едно и на устичката од надворешно матичната вика алергија а нз на што може да е алергија се исто користам од почетокот сега е 4 медеци само пред 1 месец сменивме храна од хип комбиотик во хип ар, незнам што да правам
Дали ѓи мачкате бебињата со млеко (лосион) за тело и какво. Малку нас ни е како сува кожата а не сме мачкале сеуште ништо.
Мајки нормално е по 6часа да спие бебе од 25 дена? Преку ден знае и по 3-4 да сврзе ама навечер па може и повеќе. Само на мајчино е и највеќе цице ретко шише. Имаме грчеви и некогаш не заспива исто по 3-4 па и 5 саати ама па после вечерта ги преспива па и дупло. Ми рекоа да не ја будам за цицање, кога побара тогаш да и давам дали на секои 5 мин или 5 саати да ја следам неа.
Мајки од антиколик млеко на Новалак нормално ли е каката да биде погуста и зелена 3то шише е што давам и веднаш промена
Јас мислам дека 6 саати спиење за бебе од нецел месец е многу без храна. Обично препораката на педијатрите е само првиот месец да се буди, после не.
Мачкам ама не секое бањање со еко козметикс млеко за тело. Првиот месец како што ти кажале препорачуваат будење денски на 2часа, ноќе може и на 3. Ако се види дека добро напредува после првиот месец може и да се остави колку спие толку иако јас само ноќе би оставала.
Да веледа млеко за тело од раѓање, после секое бањање. Моето ноќе порано знаеше да сврзе 5 саати без млеко, ама оти напредуваше ми рекоа да не го будам. Види ако напредува добро оставај го, ако не буди го на 2-3 саати