Доколку ги сушиш во машина нема потреба од пеглање, а доколку немаш а пеглаш доволно е само бодињата.
Со што им бришете лице после миење? И каде купувате? До сега користев тетра пелени, практични се, меки после пеглање, ама ми се преголеми
Овие крпчиња за лице се убави, ги има во дм, по околу 150 денари се. Да провериш во стружанка. Летоска купив едно мало микрофибер пешкирче, 80 денари беше, го утепав од користење за бришење газе. И за лице би било соодветно, многу е мекано. Пред некое време барав пак во Стружанка ама немаа. Ако начекам уште 3-4 би зела.
Или искрои тетра на помали. Јас имав од ваикики купено такви мали тетра, да провериш да не ги има уште во хоум делот ако се сеќавам стојат.
Прекрасно да спие и син ми така. На неколку дена бар, колку сила да присобереме. Туку, чек, нели пред некој ден пишуваше дека едвај заспива, не спие баш добро, а еве сега поинаку е. Факт дека бебињата цело време менуваат.
Кај мене еве последните денови преку ден има намалено со спиење и наместо на 4 часа како што дававме храна, бара и на 3-3,5. А ноќе може и 5-6 часа сон да сврзи. Тоа е максимум досега. И решив да не ја разбудувам за храна барем ноќе туку кога ќе побара.
Блазеси ви што ви спијат толку. Ние последниве денови сме катастрофа со спиење. Само се мешка нешто, ич нема мирен сон. Ноќе станува на 30-40мин, само што сум заспала. Плачааам. Дење исто. На педијатар пред некој ден имаше 1кг напреднато за 24 дена. Значи не е гладна а бара цицка, највероватно се грчеви. Општиов матичен ми рече еспумисан капки 5×25. Мислам дека ти даваш такви, како е има ли ефект? Што правеше твоето кога имаше грчеви? Се плашам зошто вака немирно спие и мрда. Во раце ако спие нема гајле.
И што се случува после тие месеци? Како самото менува? Мојот е 2 месеци, ни дење ни ноќе спие. Сврзано сон нема со недели. Таман мислам заспал се буди. Или ќе заспие убаво и за 30 45мин вреска. Ова и преку ден и навечер. Не да сум уморна во очај сум веќе. А плаче вреска нон стоп
Пишав погоре. Истите сме и ние веќе неколку ноќи и денови. Даваш нешто против грчеви? Стварно не знам како ваква промена настана кај детево.
Јас вака живеам веќе со недели. 2 месеци е мојот, ни дење ни ноќе сврзува сон. Со саати се успивамр и едвај заспива така немирно како што опишуваш, идам само до тоалет и веќе е буден. Најмногу 45мин спие. Не знам кај терам. А хистеричен плач цел ден и ноќ од умор
Ако спие во раце не ја испуштај, нека се наспие. Мојов не сака ни во раце ни во количка ни кенгур ни во кола. Секаде истиот сон и дерење. Исто на педијатар се ок си напредува, ми викаат издржи ќе смени. Уште се чудам како е тоа возможно бидејќи само на полошо иде кај нас. За грчеви давам колиеф и саб симплекс, ама не мислам дека од грчеви е ова...
Иста препорака имавме за 5*25 капки Еспумисан. Максимум што дадов е 3*25 и тоа само еден или два дена. Остатокот од времето одиме со 2*25 капки. Пробиотик сменивме Ваја, подобро и дејствува наместо Биогаја. И веќе редовно по 30тина мл давам чај Бекутан. Ова по неколку голтки преку цел ден. Грчеви има сеуште, тогаш плачи и бара в раце.
Мора и пробиотик со еспумисанот? Јас пробав со чај вчера, ама детево мое не сака цуцла да фати, ниту од шише ниту лажачка, голтна така неколку капки. По колку време може да стои чајот растворен, го притоплуваш кога даваш?
Мислеш дали да ја прориваш или така да ја даваш за вода давање секако дека може моето е сега 4 месеци јас му давам вода и чај