Менува од ден за ден, тоа беше пред да фатат грчеви, сега распоредот и е катастрофа, цел ден е будна. Преку ден само во раце спие, а навечер до мене да е залепена лице до лице. Пробував и со блуза и со све џабе не сака, ме бара. Преку ден никако сама, само во раце спиење и кога има грчеви едвај и тоа, ништо не сака не се трпи. Денес ќе пробам со чај од ким да видам како ќе делува. Саб симплекс најогласените никаков ефект, сега и давам за пола саат крека. Почнав почесто еспумисан да ги читам, во понеделник сме на контрола па ќе ја прашам матичната. Сега сме само на мајчино, денес од стрес и дадов од шише молзено зошто никако не ми фаќаше цице се лигавеше со неа и испи 100 мл.. Ништо не ми е јасно ни со доењево ни спиење ни грчеви ама ќе поминат сите периоди, све ни е ново како на нес така и на нас. Кога прди обавезно со каки излага пошто течна столица има и почесто менување памперс не сум чула од нас, на пола саат саат. Јазичето ни е со кандида и него го третираме.
Со што го третирате јазичето? И нас ни дадоа Нистатин капки за јазикот и непцата. Моево и на небото горе има бело.
Пробиотик ни дадоа затоа што моето е на адаптирано. Не знам дали и за доење треба. Чај спремам наутро и преку цел ден давам. На собна температура.
Те читам, се пронаоѓам и ми се плаче. Цел ден и ноќ в раце двајцава, нема саат да се мирни или да не кенкаат. Ко лепенки в раце, а ги спуштам во гнездо, креветче, ко темпирана бомба се, одма вриснуваат. За менување пелени сум цела истрауматизирана, секое прднување знам дека е полна и мислам дека кичма оставив на повивалник, особено машково растур прави, ќе рушиме рекорди со фискални од пелени. Вчера ми се искака во рака додека го носев во корито за бањање, па во сунѓерот во коритото, во пешкирот, на повивалник и на крај во лавабо кога го вратив да го премијам. Значи страшно беше, дали да чистам или да го смирувам што вришти и зајдува од плачење.
Со сода растворена во вода и со газа да поминуваме три пати дневно. Само на јазичето има и јас брадавиците со микс од три креми ги мачкам(треба да ги мачкам ама не стигам, или цица или пумпам или ми е во раце ништо не можам). Знам, се ми е јасно. Нема спас времето ќе помине ќе дојдат нови работи и цело време така.
Јас му го имам чистено и со сода и вода со газа најдобро со тоа ми се чистеше, нистатинот додека поминеше и пак се појавуваше
Жени, дај кажете кога ви се насмевнале малите за првпат? Ме фаќа веќе некој анкс. му зборам од блиску, му се смешкам, само ме гледа, врти со очињата ама не возвраќа насмевче. Само кога го држам со грпче кон мене, нагоре го крева главчето и се врти накај мене. Вие со едномесечни, ви се насмевнале? @Lina-Detelina @gothchick @najjacha
И да има насмевка на еден месец се работи за рефлекс, не возвраќа насмевка овој период. И моето така се врти, ме бара, пресмешен е
Највеке ќар видов од Infacolic, барав саб симплекс, добро е шо немало у моментот, по препорака од аптекарката среќа завршивме работа со другиве. Пробано е Colief, Nurse Harvey's, Espumisan.. Инаку ко да се читам јас, среќа поминавме тоа, шуќур.
Месец и пол бебе. Се насмевнува ама мислам дека е рефлексно сеуште барем кај нас. За вртење кога ја држам знае баш да гледа во мене кога и зборувам.