@Lavica2602 , ова баш има секрет и борби водиме за чистење. Битно си има и апетит. За тежина не знам до каде сме. Се надевам на овој нејзин апетит барем напредува. За звуци недели уназад цела зоолошка имаме посебно после јадење. Мислев само моево бебе такви звуци прави За спиење за чудо и покрај настината си спиеше цела ноќ освен нели фактот што јас од паники не спиев. Цела ноќ над креветче ја поминав. Плус преку глава муабети оти надвор сме го ваделе настанало, па малку облечено, па често сме го капеле итн. Да имам некоја куќа настрана да не речам на планина, ќе заминам со се бебе додека да потпорасне, баш од коментарите.
Ве читам и се тешам, исто сме. Аман..до кога..Ова сеа некој нов звук вади ако е сам и не го гледаме лудило. Значи у ист кокошарник сме а ми се спие ми се плаче
@elenaklasik , на ниеден начин не сврзува по неколку часови? Ако е во креветче да го земиш на пример до тебе, на тебе? Повиено да речиме. Евентуално да не му е малку храна? Како напредува? Кај мене често се буди само ако е во премин кога и е потребна поголема количина на храна или ако на претходното хранење не изела се комплетно.
Сврзуваше пред некоја вечер, имаше по 3 часа, па час буден, па ќе призаспие уште 2 часа. Се трпеше. Ама вчера првпат вторпат така да е напорно. Во креветче го ставав стоплен, и се будеше набрзо. А какан беше претходно. Можда гасови ако имаше, битно без плачки, само при тегнење јачка, грчка. До мене не му е удобно , во дневна спиеме. Во раце исто по некоја минута како свиткан е, а сака да се тегне. Ниту на меше не му беше комотно. Во среда ќе одам на мерење. Вака има полни пелени на 3 часа, кака кога повеќе кога помалку, ама има мочки. Сигурно напредува на вакви пелени. А мислам и како секрет му се собира, тоа го мачи. Баш пред некоја вечер, вечер 9 часот, го држев зљ заспивање по цицање. Ми се витка, ми кемчи, неудобно. Зедов се изнервирав и го ставив во креветче онака нервозно. И заспа накај 9 и нешто. Мислам дека таа вечер спиеше до 12 и 45 по полноќ. Значи имал и добри ноќи, ама вчера нѐ искина.
Вчера спиевме на сатипол за цицање стануваше и одма заспиваше. Па и предходните вечери не беше лошо. Ама таа ноќ ужасно лошо поминавме. Се надевам нема да се повтори.
Моето за некој ден 40 дена ќе прави. Инаку од грчеви прави така, нормално е до 3 месец ама треба да се издржи. На почетокот беше страшно па се смирија малку, што му стана вчера стварно не знам. Ама сега спие кома, ќе го будам за да го уморам за вечер да спие.
Јас пред првово си викав сакам 3 па и 4 деца. И сега сакам не дека не ама да има кој да ги роди и да ги почува првите години
Ауу немој да го будиш, мало е. Остави го да се наспие, ќе биде расположено, а вака ќе му го скратиш сонот може само обратен ефект да постигнеш нервозни и двајцата. Тоа се прави таму после година и нешто.
И јас сакав 3, уште сакам не дека не. Само се плашам од годините и нели од целиот овој умор. За мене да има и која да го износи би било одлично, ич не ми е убава бременоста.
Морам да го размрдам малку, инаку не иде вака преку ден спие ни грчеви ни бутур. Од 9 вечер очите ококорени и журка, грчеви каки и се можно
Ама така е со грчевите секој ден во исто време. Ти си знаеш, јас не би будела зашто не функционира тоа кај новороденчиња, секако 16 часа сон мора да имаат.
Здраво. Како сте после цели две недели? Имате подобрување во спиење и дали грчкањето се намали/го снема?
И да го разбудиш пак ке има грчеви и може уште бетер да е, ем ненаспиено, ем со грчеви. Бебињата се плачливи и нервозни кога не се наспиени. А таков ред да воведеш со спиење кај толку мало бебе нема шанси. Не го буди, мали бебиња не се будат. Тоа е. Како расне ке си фати ред самото.
Не ме разбравте јас не го будам со сила него кога е станато после јадење му правам повеќе муабет и го занимавам да не дремне одма после јадење. Прозорот на будност да му биде поголем во текот на денот @Skyler .
Ако е прозорот на будност најмногу саат ипол не би требало да има проблем, да не е подолго освен ако самото не сака да заспие.
Не се секирај, гладно бебе не спие а и тие не се роботи да јадат се што им е спремено ко по книга. Па ни нас не ни се јаде секогаш иста количина.
Ти го најдов коментаров. Па ај кажи, ви се среди цицањето, редот, времетрсењето? И јас сум некогаш на раб да се откажам. Ми прави нервоза, тензија, па кога мислам колку време ќе се доиме една досада мачна ми предизвикува. Дали цица пократко и помалку пати на ден? Уф едвај чекам да се мавнам од темава. Уште 5 месеци