Од гасови и напинање да прдне, исто бевме и ние и истиот муабет со мм го правевме зоо, језиво е навистина! Во една статија од др. педијатар прочитав: сонот раѓа сон....ако спие преку ден, ќе спие и навечер, нормално ако немаат грчеви, немој да го будиш нека спие.
Води се по ова мила генерално но ако спие повеќе преку ден остави го, си надокнадува тоа што ме спие кога има грчеви навечер
Колкаво е сега и дали дали му поминаа зоо звуците? Знаеш, особено кога се тегне и кога се врти во креветче, тогаш ги има. Добро и при напинање, прдење. Му дадов првпат 3 капки нормиа, ќе видам вечер како ќе биде. Јас пијам чај Бекутан од анасон и ќе земам после пробиотик, преку мене да прима. Ама вчера за ручек имавме кременадли плус компири и салата краставица. Можеби од тоа вечерта имаше мака, месото е тешко за варење, па и краставицата. Иако вечерта пред спиење се искака добро, реков супер заврши работа, ама не било така. Не знам да почекам уште некоја недела. Тоа секако ќе менува, ноќите ќе се разни, ама си мислев понатака ако сѐ уште ноќе зеза со спиење и тоа ептен, да земам капки мелатонин, па да прима преку млекото. Што мислите?
Svekrvami mi kazuvase za ova, mi velese sekoj plac e razlicen a jas i mm ja pravivme budala i i se iznasmeavme, ne i kazuvam za videovo
Сега сме 7,5 м и ги нема овие звуци навечер но кога си игра знае да испушти некој таков звук и се смееме дека е како од хорор филм
За капки не можам да кажам дали да земиш, ама знам дека мелатонин прима преку мајчиното млеко, секако кога цица навечер, кога се лачи и кај нас. Спиењето треба да се среди, ќе пробаш понатаму да си воспоставиш рутина, сега уште нема деноноќен ритам бебето. Иначе јас имам среќа да си спие навечер, станува за цицање само, вкупно четири вечери ми има правено проблем, дури се случува да стане дур спиеме и да не го приметиме, си лежи во креветче и си претка. Ама денски е ужасно спиењето. Долго не спие, долги прозорци на будност има. Еве денес на пример имаше само една долга дремка од еден саат, се друго беше 15 мин. максимум и тоа само со цицање заспива, никако подруго. Ептен ме загрижува денсково спиење.
Јас си го најдов чарето за грчеви, не ни ги земав во предвид Бекутан капките пошто тука читав лоши коментари а ги имав, ама колешка што се породи после 1м од мене ми рече дека зела Бекутан и Рекол пробиотик и се спасила, нејзе и ги рекла другарка што исто видела чаре во нив. Еве трета ноќ раатот си го гледам, заспива во 9, до 1, некогаш и до 3, после цица и сабајле во 6 следно будење и до 9 и јас со него, раат. Будала што не пробав одма кога ми ги дадоа. Јас искрено да не се подречам немам мака, во 9 се прибираме во спална, лесно загреано, спие првиот сон во креветче, после цицање го зимам најчесто до мене, бучи ежот бели звуци до нас, слабо светло, бебе во вреќичка, бато до нас спие... И кога имаше грчеви откако ќе му поминеа спиеше убаво, го фаќаа кај 8-9 и до 11 го држеа, некогаш и до 12, ептен ретко подолго. Нас реално грчевите ни прекинаа пред 3 недели, ама сега нагло почнаа пак, и тоа реагира на нешто што јадам ама не знам што. Јас 6 кила качив од што јадам само леб и кашкавал, маргарин и благо, од манџи еднаш неделно компир или мусака и толку, тоа е се. Ми се јаде манџа ми се плаче. Вам што не ви спијат бебињата јака ви душа... Јас сум искулирана малку повеќе може, ама за мене бебето е пред се, не дека вас не ви е, скраја да е, ама куќата ако сака нека прооди, алишта имам 2 планини за перење, пеглање наши алишта е ни под точка разно, имам трошки кокошка табла јајца да снесе од што ќе се најаде, ама бебе е прво. Што да правам кога сум му се јас на тоа бебе, јас сум му утеха само, не може никој да го смири. Прееска фрлив цела тава компири зошто приплака и морав да го смирам а компирите веќе беа ставени да се пржат, не можам да ги оставам така, нема кој да го земе... ако ви се верува ручавме во 7, уште не ми е раскренато, мм се симна да работи нешто, остана така, ама бебе се искака, морав да го средам, бањам, успијам, не да останало, ако треба до утре нека остане ми е гајле. И тоа јас сум дупла девица, фрик по се да ми е средено, ама си расчистив во главата дека нема шанси да е средено и тоа е тоа. Кој вари кафе насабајле полни машина за садови, пушта и толку, празнење пред да се полни нова. Играчки од големото насекаде, дури викав створив револт кај него и одбивност, ми попушти со се, сега не викам, средувам кога имам време или нему му кажувам Ај мајка среди па ќе праиме пуканки, како средил така, собата му е џунгла, ама еден убав сончев ден ќе влезам да ја исчистам и готово. Алишта имам пелени 2 машини не пружени, ќе ги пружам сега пред спиење и тоа е тоа, ќе си легнам. Откако седнав еден ден и си расчистив со себе дека бебето ми е приоритет, дека дури имам бебе од 2м не мислам да се трескам од земја дали ми е чисто или не, дека прво ние сме па поголемото па ако остане за тате внимание арно ,ако не ќе издржи малце, полесно ми е мајки. Само сум фрик по тоа бебе да лежи на чисто, да не смрдат пелени во кантичката негова, да не се соберат многу негови алишта за перење зошто ми се досадни за пеглање после и да ми биде спалната средена зошто не можам да спијам во хаос никако. @elenaklasik не знам како ви е редот, ама избркај од спална кој и да спие и префрлете се со бебе таму, на него не му треба којзнае колку топло, денски нека спие во дневна, ама навечер во спална на тивко и мирно, ако големото не ти се буди земи го со вас и спијте си на раат. Во дневна немаш ниту комоција, ниту простор да си создадеш некоја атмосфера ко за спиење, а со тоа ќе му дадеш простор и на поголемото да биде послободно, нема да го прекоруваш да не збори гласно, да не тропа. Јас едвај чекам да кренат температурите па да спие и дење во спална, многу ми се фаќа и дење да загреваме во спална, на струја ќе ме фати ѓавол ипол. И кулирај малку, знам како ти е, јас сум контрол фрик, Опсесив компулсив до јаја, ама уште кога останав со второво си расчистив дека ништо нема да е исто, на сто дела не можам да се поделам, мора нешто да страда. Не го студирај секој здив на бебе, не биди опседната со тоа што и кога ќе направи, и ќе ти се смее, и ќе ти гуга, и ќе ти праи муабет, за макс 2 недели ќе ми речеш во право беше Ангел! Јас се имам заборавено, имав бебе пред 7 години, ко прво да ми е се осеќам, ништо не памтам, знам само дека со бато немав волку плачки и не се држевме волку во раце. И нека е, сакам да уживам ко да ми е прв пат, зошто знам дека кратко трае. И знаете што, ми помина муабетот Затвара радња, сега сакам и трето ама побргу малку. Сега да одам да ставам машина да мие, да пружам бар една алишта, да пуштам друга а втората да ја здиплам за да не се тутка, па да му ја легнам. Иначе и јас не сум баш до толку лабава, јас па не одам во вц редовно зошто 90% од времето сум сама со него и некни таков запек имав, еве ме трет ден крварам од хемороиди јако, страв ми е да седнам на шоља. Искулирајте максимум, дајте си оддишка и заборавете на мислите што ми требаше, сеа нема назад, тоа е што е, сте се фатиле на орото ќе го играте и тоа напред со бајрак ако треба и најубаво ќе го навезете, оти никој не го може тоа подобро од вас. Одам жени пред да дојдат со овде компирите здрвени и месото исушено. Добра ноќ!
Мајки капките д3 к1 се даваа до почетокот на 3ти месец или и цел 3ти месец ( до почетокот на 4 месец)?
Пу пу не чуле зли уши, нема грчење али има хрчење Има подобрување бајаги неможам да се жалам у 9 кревет се дешава да се преуспиеме пак али спие до 12 некогаш 12ипол и бара да јаде. Јаде така успиен и 2ипол пак .. Сума сумсаруу гледам светло на крај на тунелот Има надеж веруј у тоа, вака ја се тешев сега тебе те тешам
Јас го користам, препрактично ми е. Се користи до 9кг, возраст никој не може да ти каже, зависи како ќе напредува бебето ама килажата е таа. Многу е практично што ти е споено со спалната и бебето е до тебе па за цицање нема стани-легни во текот на ноќта. Топла препорака
Краставицата прави ужасни грчеви. Кога знаеш дека имате мака избегнувај зелени салати и цитрусни овошја. Јас премногу пиев од чајот од Билна аптека за доилки кој во себе содржи смирувачки билки(маточина, мајчина душичка, анасон итн) плус варев чај од ким и анасон што поконцентриран и упорно пиев, секој ден, а и избегнував храна што создава грчеви, тек сега почнувам по малку да пробувам салати, зеленчуци итн. Пробај, може ќе ти помогнат чаевите. Ако даваш АД пробај со антиколик млекото на Новалак, имаше многу задоволни членки тука.
Истиот чај од билна само со плус сладок корен, во ДМ го има филтер е 85 ден. Повкусен е од сите чаеви. На моево изгледа му правеше грчеви млеко, утрово појадував корнфлекс со млеко и пак имаше ама послаби бидејќи си беше покриен со капки. И јас мислам дека краставицата е проблематична, а не месото. Јас еве утре ќе им варам зелка манџа, јас пак 2 дена ќе јадам леб и кашкавал, јуфки и сирење, кајгана или палента. Желна сум за манџа!
Може слика од чајот. Јас си пијам понекогаш од овој на хип во гранули. Не за млекото, туку не знам дали јас сум единствена али многу ми е убав чајот.
И мене ми остана навика, многу ми е вкусен. Не е благ како во гранули Хип ама додавам малку шеќер и таман ми е. А го пијам и за грчевите на малото.
Колкаво е твоето? Моево еден месец. Ајде ќе чекам да се среди, секако давам фора. Проблемов со спиење ми е што јас не можам да спијам секогсш. Дали дека сѐ уште сум под хормони, неурамнотежена, со мисли нетрпеливи да помине побрзо времето. Овој бебешки период ми е многу тежок, едвај чекам да пркне. Затоа реков ако не, за мене да земам капки. Сон не ми доаѓа луѓе некогаш, џарам во телефон, затворам очи, ги стегам и не успева. Најмногу навечер можам, по полноќ. Ама тогаш и ова станува и така си останувам будна подолго. Вие ете навечер штом спиете, одмарајте. Сега сѐ да е погодено не може изгледа. Поарно денски нека е буден, да учи, отколку ноќе.