Ни се среди, после 40 дена почна да цица како што треба. Сега еден подој го држи и два ипол часа. Не се откажувај како расне така доењето ке е полесно.
Да си се пожалам бебе веќе подолг период ја крати последната дремка, и конечно сфатив дека сака во 7 да легнува, а во 6 да станува. Уште што не пробав не можам да му го сменам тој ред, па си прифаќам дека ќе си станувам во 6. Само кога сме излезени може докај 9 да издржи, ама пак станува во 6, освен ако на сила не успеам да го презаспијам и продолжува до 8. Ама тогаш јас сум веќе расонета, препотена, па се туширам и спиење јок. Заби излегуваат, 5ти скок почнува, до тоа ли е, таков ред ли ќе си прави, не знам, ќе видиме. Вака си спие цврсто, станува во 12 за млеко и во 3, следното во 6 е будењее колку и да се молам да продолжи со спиење после млекото. Ќе си бидам гроги уште долго изгледа. А и голема мака ми е што не сака да носи јакна. Луѓе па плачење ли е тоа, вриштење. Има некој вакво бебе што сака да шета без јакна? Како го облекувате? Додека беше поладно скафандерот и ајт, ама сега секое шетање ми е или слушајќи како вришти или со грижа на совест дека ќе го разболам. Најчесто е во боди на долги, подебела блуза и некој дукс или џемперче. Со кебенце секако ама рацете му се стално надвор. Ми се одмили шетањето деновиве
Јас го користам и многу практично ми е отприлика до 6 месеци или 9 кг така пишува а и додека не почне да се исправа бебе плитко е па за да не падне
Јас ги давав до крајот на 3 и почетокот на 4 за да ги дотрошам инаку и на нив пишува до крајот на 3 месец
Еве го моето Ни јакна, ни капа. Вришти ко да го коле некој. Рацете строго надвор мора да бидат. Скафандер да не види, ќебето го клоца цело време, само го подместувам. И така гол си го шетам Денес во парк мислам дека сите во нас гледаа. Бабите поготово
Маж ми ако те прочита удар ќе добие. Одма ќе каже нема шетање надвор додека не стане 20+ Како па за инат после шетање бебе одма кие и поткашлува, па ајде убедувања дека не е штетно шетањето. Аман. Сакам лето!
Моето ни сакаше скафандер, ниту јакна сега. Вришти колку го држи глас, ама го облекувам секако. Вриштењето трае додека почнам да го возам, му ставам цуцла и заспива. Генерално не сака да се облекува.
Фала ти @Shekjer фала ти @AngelOfArh фала ти @Iris-1234 и на сите други за тешењата и утехата. Навистина премногу ми значи, во овој период кога сум ептен осетлива. Шеќер, леле истото го имав со првото дете. Не сакав не можев да се замислам сама да останам со него. Ни минута. Одма анксот ме дрмаше. Како растеше, ми беше полесно и послободно се осеќав. Сега со ова бебе, си ја презедов контролата во мои раце. Сакам поодговорно да се осеќам. Ама секако помош имам за чување на поголемово. Мајка ми се нудеше да дојде кај нас да спие, да биде тука преку ноќ, во случај да треба да спијам таа да го чува, одбив. Моја задача си е бебето и на татко му. Сигурно нема јас да спијам, ако тоа плаче го мачи нешто. Ајде чекам уште некоја недела, да видам дали ќе сте во право. Има нешто во часов 4 што се будат бебињава. Син ми поголемиот се будеше во 5, и тоа на 3 4 месеци, лее гроги бевме. Ама се свикнува човек. Особено дека фаќаше летно време, па се разденуваше и некако на работа се втурнувавме, низ дома таман цел ден да си расфаќаш по нешто. Мислам дека во 5 им се троши мелатонинот, ама се смета секое будење пред 6 за рано будење. Чаре, не знам. Да се почека да помине фазата, ко сѐ друго.
Кај нас па маж ми е лабавиот. Јас на почеток го туткав за надвор, малиов ќе почнеше да вришти и маж ми го расоблекуваше. Ќе ми речеше аман остави го детето раат да се шета И така отрпнав. Дома седи по боди на долги, доле тренерчиња тенки и бос. Ама па кога и да го пипнам и ноџиња и рачиња топли му се. И надвор на ладново и рачињата и обравчињата топли му се цело време. Моево па не престануваше да вришти, зајдуваше од плачење додека не се извади јакна/скафандер/капа
Тебе ти треба релаксација, пренапната си и само тоа дека си преморена ти се врти во глава, се осеќаш ко да се вртиш во круг. Пробај да си најдеш некоја активност што ќе те опушта, за тоа време бебето нека го чува сопругот или мајка ти. Прво почни со 30тина минути па полека зголемувај го времето. На почеток претешко ќе ти е и ќе сакаш само што побрзо да се вратиш кај бебе (и јас врвев низ истото) ама после ќе се опуштиш. Дали ќе пешачиш, вежбаш, одиш на шопинг, на масажа или ќе гледаш филм, не е воопшто важно ама мораш да одделиш време за себе во денот. Верувај ми, ќе се препородиш
И мојот не се смирува, вришти додека не го соблечам. Само во кола кога се вози ќе се подсмири и ќе заспие, надвор шанси нема. Мм е голем паничар, цела негова фамилија се такви. Кога бев бремена ужасно ми сметаше тоа, сега уште повеќе. Недај боже некој од нив температура да крене, одма драмии мислиш умира скраја да е. Во бременоста да ви кажам што се ми бранеше да правам ќе се чудите како сум уште во брак со него Ајде ќе затопли, тоа е, ќе се помирам и ќе се надевам дека до тогаш нема да настине Да се редактирам за рачињата. Надвор најчесто ладни му се. Ама па грбчето и носето се топли, па се надевам не мрзни многу
Леле женче исто, незнам колкави сте. Јас се надевам рано е за некакв ред иако и ова е некаков ред, али сабајлината не ги можам, многу ми е мака одвај ушре навикнувам. До пред месец касно легнуваше сабајле протеруваше до кај 9ипол. Сега порано легнува затоа па рано ми станува.
Изгледа 5ти скок ќе не здрма појако од 4ти И кај нас е нешто слично, само што моево бебе преку ден воопшто и не спие, има 3-4 дремки од по 20 мин, саат време е луксуз, некогаш кога ќе почасти. А навечер заспива 12 и станува некогаш 11, некогаш 12. Сабајлево ми стана у 7, расположена, насмеана, а јас станав за у вц и што да видам… Може и редот и го изместив, на зимување бевме ама не ми се верува… Баш гледав да ги има сите дремки… Се надевам се враќаме у нормала од утре со Господ напред За јакна и скафандер не сте единствени, цел хотел не разбра дека ја облекуваме, капа е веќе плачење на максимум, и се помирив и ја покривам со ќебе како еским и тоа е. И јас си се пожалив поштено а дојдов да прашам кој дава капки вигантол? Луѓе од одмори купуваат сувенири јас празнам аптеки Добра ви ноќ.
Како јас да сум го напишала ова мислев само мојот е таков и дури ми е срам да кажувам каков е јас и бебе уште спиеме на топло ладни му биле рацете во спалната детето било измрзнато, околу фамилијата исто кај неговите некој да се засркне да се накашла одма драми се јавуваат да не одеме маж ми одма нема одење макјами кашла таткоми кашла, и околу бременоста бев инв дома не смеев од лажица потешко да крнема не дека ми беше забрането од доктор од маж ми ми беше пазење до бесвест едвај чекав да излезе или да се опиштам, кога беше на работа имаше со мене некој на спиење да не ми се случи нешто беше преплашен од претходните спонтани и сега и на ладното дуваше а мене тоа ми мнооогууу сметаше едноставно не можев да душам слободно...ама си се изнапишав ама ми олекна
Мојава со дневните дремки ок е. Ама навечер додека заспие е тешко. Заспива и на неколку пати се буди ја презаспивам. Додека не се успие цврсто и треба време од прв пат тешко. И после обично се буди на 3 часа. Во глобала спијам по 5,6часа на рати и тоа е напредок. Од старт бебе неспијач ама на почеток спиев само по 2часа. Сега се чудам како сум издржувала.
Здраво, ми привлече внимание дека сте биле на зимување. Според напишаното, претпоставувам дека Вашето бебе има 5 ипол или 6 месеци. Ако можете, споделете како поминавте - во врска со реакцијата на бебето на промената на околината. Во што спиеше бебето таму (претпоставувам сте побарале креветче)? Ако располагал хотелот со спа и базени, дали го носевте таму (мислам на самиот простор, не во базенот)?
5 саат наутро! Заспа во 8 и пол, спиеше до 11 и нешто. Не се сеќавам дали спиеше од 12 до 1 или од 1 до 2. Второво сигурно. Е после стана во 2 па до 3 и пол буден, па заспа па точно до 4 и пол и сега во раце ми лежи а не му е удобно. Цицаше, многу му е, му давам сосила со надеж да призаспие, ама се млекосува ептен тапанче и подврати мала количина. Ноќва исцепкана. Измеѓу сум поспала, колку за сон два да сонам. Така си велам, штом нешто сум сонила, значи сон сум врзала. Инаку не се сеќавам. Нека се раздени веќе, ми се јаде.