За Hipp combiotic не треба да чекаш да поминат 3часа. И на самата кутија пишува дека се дава на барање.
Мајки дали сте давале од чајот на Бекутан за спиење на 2 месеци бебе? Има ли ефект некаков? Како се приготвува? Морам да најдам решение за нашево неспиење.
Рано е да бараш решение. Не сакам песимистички да ти звучам, џабе ќе го купиш. Ако е и на доење плус навикни се на рати да спиеш. Иначе мало лажиче мислам во 100 мл вода се става.
Леле, и јас се сомневам на истото и ги прекинав. Почнав да ги давам со аптамил адц + капкиве и оттогаш бебо ми какаше на 2-3 дена, а пред тоа секој ден. Прво мислев дека е аптамилот и го прекинав, ама продолжив со еспумисанот и продолжи состојбата. Ги прекинав скроз пред неколку дена и сега за сега е океј.
Мислам дека нема потреба да даваш уште сега чаеви за спиење, тоа е многу мало и менува денес мош ке спие утре не за некое време ке си стави некој ред, сепак твое право си е а за подготовка едно пакече 5 гр во 100мл вода
Ааааааа, појма немав за ова и чекаме 3 часа точно до наредно шишенце и во меѓувреме ја ставам на града ако плаче.
Пресметките на апликацијата се ориентациони, барем гледам според моето бебе. Пр. таму стоеше дека скокот е завршен пред неколку дена, а бебево уште покажуваше знаци дека е во скок. Тоа е чисто да знаеме отприлика кога почнува некој скок и со што се карактеризира.
Ама па се смирија грчевите, помирно спие. Не дека не кака,ама потешко и помалку обилно, не како претходно.
На доење плус дохрана сме. Песимистички ми се мене неделиве, месец дена исто спие и исто вришти. Грчеви не се, само страшни проблеми со неспиење ни дење ни навечер
Прво дете ми е, сегде читам за скокови, никако да разберам како да препознаам. Со недели исто се однесува и во спиење (неспиење) и во несмирување од плачење (од никој и никаде)....
Мајки, бебето ми е околу 3 месеци и многу немирно спие.. Те навечер врзува, но денски е само на некои чудни дремки од 15,20минути. Ноџињата цело време ги крева, го влече ќебето, како да е нервозно испушта звуци.. Не мислам дека се грчеви во прашање, затоа што поминаа.. Мислење?
И моето исто така, па не ја покривам сега помирно спие, можеби жешко му е, но и период им е сега во скок се и се повеќе нервозни, а и пократко спијат.
Јас на форумов прочитав дека прават запек инаку на моево столицата му остана иста еднаш на ден до два пати, единствено нешто што приметив е дека има многу гасови и тоа доста звучни што не го ставам како нус појава зошто е добродојдено
Навечер не успева барем повеќе? Како го успиваш? Каде спие? Што вели педијатар? Дали сигурно нема грчеви? Кога се создава природно мелатонин кај бебињата? Читав од 3 месеци веќе можеле. Јас имам проблем. Кога поспива бебе, не можам јас.
Мајки бебево за месец дена(утре правиме) накачило 560гр. Какво е вашето мислење за ова? Матичната рече дека е ок, на почеток бевме комбинирано со ад, па намалувавме и сега околу 10 дена само мајчино. Мене ми изгледа малку, негде читав и по кило накачувале. Знам дека може и воопшто да не накачи да си стои на почетната ама сепак во мисли ми е. Ние си имаме грчеви, од саб симплекс префрлив на нурс има подобрување во смисла да не вришти со саати неконтролирано, а грчевите си ги има со стенкање офкање, малце приплакување и сл. И веќе не кака еднаш во денот и да е експлозија до врат, туку секоја пелена и е со малку каки. Пробиотик ваја користам, Јасна ми рече да го потрошам и да го тргнам зошто е само на мајчино. Спиењето ни се подобри, врзува по 2,3,4 па и 5 саати, а некогаш стандард на саат ипол си станува. Самомпроблем е што не се двои од мене, заспива во раце ја спуштам и вришти, заспива до мене станувам од кревет и пак вришти. Бубулички сме цели по лицето, па малце и по телото две три има. Едвај чекам да и поминат Многу сака надвор да седи, толку е смирена и спокојна за мерак, вчера и денес сонце па цел ден сме во двор. Да направиме 40 дена па планирам секој ден да ја шетам, гледам дека и одговара.