Скоковите се гледаат по датум на раѓање или по последниот термин? Бебе скоро полни 7 недели, родено порано од кога почнавме со повеќе активности е станато понервозно. Овие два дена и плачливо,ни во раце бива, ни на кревет, спиење по час максимум дење/ноќе. Што вика @elenaklasik , кога тоа спие јас не можам, кога не спие, пак не можам. Друго, како да се опушти сопругот околу бебево? Немал никогаш контакти со мали бебиња и сеуште нашево со страв го гледа, го држи кратко ама генерално не знае да се снајди околу неа.
Работата е што не менува ден ноќ, си спие рандом, најчесто во релаксатор и количка преку ден, навечер во креветче до мене. Успивањето му е малку во раце па го спуштам било каде ама тоа трае со векови. И цуцла никако не прифаќа. Ниедна! Во количка некој ден надвор знае да спие 2ч без будење ама не одмарам јас. Навечер знае да се успие некои денови од 5 до 8 и следното го спие од 9 до 11 и после цела вечер само подзаспива ултра немирно и со неброено многу будења и плачења. Кај 2 педијатри бевме, напредува. Ни рекоа кога најмногу плаче сигурно е болка да дадеме далерон сируп одма ќе се смирел. Дадовме и се си остана исто. И плачење и будење и неспиење. Затоа елиминиравме грчеви. За мелатонин не знам ама мислам дека тоа е се што ни е потребно и на двајцата...со оглед на тоа дека јас развив несоница. Кога спие бебе јас не можам око да склопам од премор
Дали внимаваш на прозорци на будност? Инаку сметам дека е премало за да даваш било што за спиење, бебињата до 4 месеци го развиваат спиењето т.е учат да спијат, процес е и за нив.
3 месеци поминаа од царски ама јас ако се наведнам и ако постојам така едвај се исправам, хорор. Читав дека не е баш од спиналната туку од самата бременост и тежината што ја оптеретувала кичмата долго време, а и сега исто, бебе в раце, доење во незгодна положба итн. Јас одам на истегнување кај Јасна од Тринити и многу ми помага тоа за кичмата.
Ај ве молам за искуства, каква конзистенција на каката имаат вашите бебиња? Бебе скоро 4 месеци, комбинирано доење со АД, има зрнасто кашаста столица со боја на сенф. Зрната се како сусамови, понекогаш има и лиги... Педијатарот вика ок си е, ама мене нешто не ми е верно, си мислам да не е нешто алергиска реакција на млекото... Читам некаде пишува ситни зрнца се ок, некаде дека тоа е незварен казеин од млекото ..
Се обидувам да внимавам колку можам, ама кога е буден сабајле повеќе од 3часа секако дека не можам...и од што е преморен цело време зева и ги трие очињата и не можам да проценам кога му е време за дремка...отприлика по 45-60мин се обидувам да го заспијам пак
Можеби 45-60минути му се малку, пробај држи го будни околу саат и петнаесет или саат и пол, играјте, пејте, занимавај го за да се умори па пробај да го заспиеш. Дење обавезно на светло да спие, ноќе во темно за да направи разлика помеѓу ден и ноќ. Ќе се среди, знам дека е мачно.
Нормална столица е тоа за бебе што е на доење и кај моето беше таква додека беше на доење и на ад сега само ад и се смени
Истите болки ги имам и јас плус дополнето со болки во колена. Додека не се раздвижам понекогаш едвај станувам. Исто и јас мислам се си има удел дека не е од спиналната, зошто болката шета на разни точки. Години, бременост, доење, нишкање.... Осеќаш подобрување? Ќе морам и јас да превземам нешто зошто стварно не бива. Се мислев за почеток појас да земам, ама дека ќе морам вежби и физикална тоа не и бега
Минимално подобрување имав бидејќи еднаш неделно држеше Јасна стречинг ама сега го зедов и онлајн програмот за истегнување и почесто ќе вежбам па се надевам ќе помогне. Инаку и јас размислувам да одам на физикална, ќе морам. Некогаш и вратот ми е премногу укочен па и главоболки имам од тоа.
Ама мене ме боли баш убодот од спиналната и по рбетот нагоре и надоре по околу 1 педа. И се јавува или после долго одење или после стоење на нога.
Ниедно бебе не сака дебела облека очигледно, вриштиме и ние на секое облакање јакна, капа па и скафандер кога беше ладно но ѕоа трае док не го ставам во количка и почнувам да го возам....да се препотиш дур излезеш, комшии да те разберат кога искачаш!
Најчесто не е, може да е продолжена од некој ензим во мајчиното млеко или некомпатибилност во крвните групи ама поминува. Повеќе на сонце и доење често ако го доиш, мојата нонстоп цицаше. Ако е успано и не крева на тежина тогаш се реагира.
Абе носи детето надвор не слушај свекрва, нек си седи таа дома на вакво време, ако ги слушаш до јули нема да излезеш....настинато бебе не се носело надвор, напротив на сонце и чист воздух не да ќе му годи....а па и нема голо да го изнесеш! Ја не слушам никој, мое бебе мои правила!
Си излегувам секако со бебе кога е погодно времето. Битно коментари мора да има Свекрва не би била свекрва ако не даде некакво мислење